Среда, 29 Октомври 2014   
Како до силна Македонија?

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Колку милиони Македонци и наши добронамерни пријатели имаат кажано, мудрувано, размислувано, пеено и гласноговорнички реторички одговорено: Како до силна, стабилна и зошто да не Обединета Македонија?

Последниве стотина години, после сиктерисувањето на Аскерот, тој толку посакуван ден е колку блиску, толку подалеку. Секогаш се доаѓа до заклучок како ете не е времето, а и нашите комшии и душмани, имаат големо лоби и пари, па така се секогаш побрзи и поитри од Нас. 

Дали ги гледаме нашите грешки и не докрај генијални размислувања или ќе им пренесеме на идните поколенија завет дека кога претходно нашите дедовци и ние... не сме можеле ништо, па сега тие во момент на еуфорија, да заборават и да не го губат времето џабе и да си гледаат само паричката во џеб како да ја завртат? Да се разбереме едно нешто: Македонија е Феникс и ова ќе се повторува ако треба уште сто пати. 

За да дојдеме до насловот значи, како до силна Македонија, треба да се учиме на сите грешки и да најдеме нови идеи. Анализи од минатото се пожелни и затоа изреката да заборавиме на минатото и да се свртиме кон идината е погрешна. Прашање кое прво се поставува е дали има некој орган, тело или група на поединци кои ќе имаат или имаат, сеедно, да речеме 2 милијарди евра или долари, за да плати, поткупи или релаксира политичари, државници, религиозни лидери и тела или народски кажано дрматори светски? Замислете овие пари во Македонија или дијаспората, на располагање... Па колку правилно ќе се распоредат и употребат во права смисла на намената? Одговорот го знаете сите, па затоа треба фанатични патриоти што на зборот Македонија можат и харикири да направат. Да заклучиме дека ќе најдеме здрави и најчесни Македонци, умни и достоинствени кои ќе знаат се` да дадат од себе и дека ќе нема проневери и мучки за едно денарче. 

Искуството ни кажува дека западните земји и НАТО алијансата се всушност збир на различни секти и религии и дека со Православниот свет немаат ништо, па затоа секоја надеж за разбирање, помош или сојуз се занесување и лажење на самите себе, што многу штетно се одразува на Македонија. Сакс Кобург Династијата, Сорос, Ротшилд... тоа се тие гладијатори, заедно со Илуминатите и други ѓаволски секти во Америка, што секојдневно сакаат да ја парчосаат Македонија и да се накитат тие со перја од нашата историја и Царските династии... арно ама, судијата не отсвири судиско продолжение, а ние се надеваме дека ќе победиме на пенали. Истовремено братските православни земји, заедно со Русија, досега не мрднале ни со прст и се прашуваме дали повторно можат да не` стават да бидеме жртвени јагниња со некој нивни душман. Како и да земеме, од сите страни Ѓорѓи сардисан, така да ова бара големо размислување како да се надмудри овој ќорсокак. 

Последно нешто, а воедно и најважно, доколку дојде до силна или Обединета Македонија, уште од сега да се размислува, како да се сочува и да не се дозволи така како до сега две илјади и кусур години, сопки да ни ставаат и да не можеме глава да кренеме. Некој ќе рече лесно за потоа, но една работата не ми е јасна, како никој не се заколнува јавно, на верност према државата Македонија и да има казни, па и ригорозни доколку згрешат, а воедно и наштетат на Македонија? Нели едно време комитите се заколнуваа на Библија, кубура и кама, па нели кодошите и издајниците беа сурово казнувани? Нели беше тоа ВМРО што практикуваше вакви принципи? Само со овие примери и верба во Бога и Македонија, може фантазијата да стане реалност. Би сакал во тоа јаве еден ден да се прочита овој текст. А знам и сигурен сум дека тој ден ќе дојде.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.