Среда, 05 Ноември 2014   
„Македонија од Солун до Шабац!“

salonika
Салоника

Многубројни се документите кои јасно говорат за континуирано егзистирање на името Македонија и македонскиот народ повеќе од 25 века. Во овие документи Македонија децидно се разликува од Грција, Србија, Бугарија, Албанија, а исто така и македонскиот народ од Грците, Србите, Бугарите и Албанците.

Така Михаил Зарнович од Македонија му пишува на кралот Фердинанд од Смирна на 7 април 1556 година (држ. арх. Виена, Turcica Nachtrag). Тој јасно се декларира дека е од Македонија.

Потоа, друг еден Петар Црновиќ, син на Илија, кој во 1579 година оди кај папата во Рим да бара помош за кревање на востание и при поминувањето побарал поддршка од надвојводата Фердинад во Инсбрук (12 мај 1579), потоа од царот Рудолф II во Прага (16 јуни 1579) и од надвојводата Карло во Грац (26 јули 1579), каде изјавува дека е родум од Македонија.

Германскиот владател Рудолф II (18. VII 1552 – 20. I 1612), кој е император на Светото римско царство од 1575 и член на Хабсбуршката фамилија, се застапува кај римскиот папа Грегориј XIII (1572-1585) за протераниот од Македонија Петар Црновиќ Ангел. Во писмото кое е издадено во Прага и датирано на 16 јуни 1579 година, германскиот владател ќе напише:   

На најблажениот во Христа отец, господарот Грегориј XIII, со божјето провидение врховен свештеник на Светата римска црква. На многупочитуваниот господин. Преблажен во Христа Отче, многупочитуван господаре! 

По најуслужливата препорака на синовска почит - непрестаен пораст. Кога предавателот на ова, дон Петар Црновиќ, инаку Ангел, дојде овде и покорно ми изложи дека тој води потекло од престариот род на царот Константин, од татко Илија - војвода од Sciabiach (Шабац), роден во Солуни другите делови на Македонија (?) и дека Турчинот, вечниот непријател на христијанската вера и име, го протерал од татковината, па не му останало ништо освен несреќата на неговите (?), споменот на несреќната судбина и онаа стара слава на неговиот род. Затоа усрдно и со синовска љубов ја молиме Вашата Светост да го прифати спомнатиот дон Петар. 

(Don Petrus Cernovicchius alias Angelus, patre Helia, duce de Sciabiach, Salone et aliarum Macedoniae partium natus, superioribus annis a perpetuo christiani nominis ac fidei hoste Turcha patriis sedibus pulsus...“)

Издадено во нашата кралска тврдина во Прага, месец јуни во лето господне 1579. Рудолф, покорен син на истата Светост.“ (А. Theiner,  Vetera monumenta Slavorum meridionalium illustrantia. II. Zagrabiae  1875, ѕ1г. 70).

Како што се гледа од самото писмо, Петар Церновиќ Ангел, бил роден во Солун и му припаѓал на „престариот род на царот Константин". Поради тоа германскиот владетел Рудолф II се ангажирал кај папата Григориј XIII да го прифати по неговото прогонство од Македонија од страна на Турците-Османлии. Тој, инаку, се претставувал себеси како еден од борците за ослободување на балканските земји од турското господство.

Интересно е дека покрај Солун тука и Шабац се вбројувал во градовите на Македонија. Инаку постојат повеќе примери во историските пишани споменици од средниот век каде српски, црногорски, босански и бугарски територии се именуваат како македонска земја, што се најчесто се поврзува со територијата која била под јуридисдикција на Охридската архиепископија.

(извор: Документи за борбата,на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, стр. 141 )

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.