Среда, 05 Ноември 2014   
Стравот од комунизмот ја направи Грција важна за САД

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Идеолошкиот судир меѓу капитализмот и комунизмот започнат по Октомвриската револуција во 1917 и формирањето на СССР во 1922 година, подоцна ќе се претвори во натпревар со висок ризик, зголемени тензии и конфликти, меѓу двете супер сили САД и СССР и нивните сојузници. Иако корените на овој судир лежат уште во Првата Светска Војна, многумина историчари сметаат дека вистинската конфронтација меѓу Истокот и Западот, позната уште како Студена војна, започнува веднаш по Втората Светска Војна и трае се` до раните 90-ти.

Во повоениот период, обете суперсили настојувале да завземат што е можно подобри позиции преку помагањето за обнова на разурнатите држави и создавањето сојузи со држави во Европа, Азија и Африка. Американскиот сојузник, Велика Британија, која е истоштена од војната и економски ослабната, во 1947 година се повлекува од покровителство на десничарската влада во Грција каде се води Граѓанска војна. Таа ги повлекува своите војници, но за да ги сочуваат своите интереси, како и капитализмот на овој дел од Европа, бараат од САД да почнат да даваат помош на Грција и Турција.

Ваквото барање било прифатено и од 12 март 1947 година следува доктрината „Труман“. Таа за Грција предвидува финансиска, материјална и воена помош од 300 милиони долари, а за Турција 100 милиони, потоа потпишување билатерални договори на САД со двете страни и пристигање на американска воена мисија во Грција во септември 1947 година. Во почетокот на 1948 година до грчките брегови се приближуваат и делови од Шестата американска флота. Ова ќе биде искористено од страна на грчките владини сили во борбата против грчките комунисти за да се изврши геноцид врз македонскиот народ. Со помагањето на грчките ројалистички сили, биле прекршени националните права на Македонците согласно Техеранската повелба.

Инаку, влошените внатрешни односи кои се под силно надворешно влијание, ќе доведе до започнување на Граѓанската војна во Грција во март 1946 година.  Причина се фалсификување на изборите од страна на десничарската влада која го враќа грчкиот крал и ја возобновува монархијата, Грчките комунисти поттикнати од овие случувања започнуваат отворена вооружена борба со владата во Атина. Демократската армија на Грција (ДАГ), раководена од Комунистичката партија на Грција и Народноослободителниот фронт на Македонците, кои  организационо се потчинети, започнуваат широка воена кампања, а македонските единици ослободуваат голема територија, што ќе ги натера САД активно да се вклучат во 1947. Сето тоа набргу ќе стане еден од факторите за започнување на Студената војна меѓу Истокот и Западот.
Грчката граѓанска војна ќе стане еден од првите воени конфликти кој се случил по завршувањето на Втората Светска Војна и ќе трае од 1946 до 1949 година. Уште есента 1946 година, САД оценува дека на Владата во Атина е потребна итна помош. Истовремено, СССР ги охрабрува Југославија, Бугарија и Албанија да дадат поддршка на Демократската армија на Грција на генерал Маркос Вафијадис. Тоа ќе ја натера Грција на почетокот на декември 1946 година, да се обрати во ООН со обвинување дека за војната се одговорни трите соседни
народно-демократски држави и ќе бара меѓународна Анкетна комисија за инспекција на јужната граница.
Комисијата која работи од јануари до април 1947 година ќе констатира дека Југославија, а во помала мера Бугарија и Албанија ја помагаат партизанската војна. Исто така дека таа е дозволена од СССР, кој ги поттикнува трите земји да ги поддржат грчките комунисти, со надеж дека во услови на започнатата студена војна, така ќе го дестабилизираат од внатре предниот пост на влијанието на Западот на Балканот. Сето таа набргу ќе стане еден од факторите за разгорување на Студената војна меѓу Истокот и Западот.

Факт е дека Грција, во тој период е во западната сфера на влијание и дека САД до есента на 1949 година сеуште го поседува монополот врз нуклеарното оружје. Сето тоа ја тера СССР да биде претпазлива со грчките партизани. Иако таа сочуствува со нивната борба, таа не може да си дозволи да им даде директна поддршка, бидејќи ќе ги влоши односите со Западот. Оттука, Москва останува зад кулисите и ги помага грчките комунисти преку трите соседни држави. 

На крајот на 1947 година на територијата контролирана од Демократската армија на Грција, односно од македонските партизански единици, била формирана привремена Влада на чело со генерал Маркос. За да се спречи негово евентуално признавање, САД и Велика Британија предлегаат преку ООН, атинската Влада да ги обноват дипломатските односи со соседите. Така на 21 октомври 1947 година, Генералното собрание на ОН ја усвојува резолуцијата, во која се препорачува на Албанија, Бугарија и Југославија да воспостават нормални дипломатски односи со Грција. Со резолуцијата се формира и Специјален комитет за Балканот, кој треба да ги следи и да им помогне на владите во спроведувањето на препораките. Сепак овој Комитет не успева да ја исполни целта и во 1949 година ја прекинува работата. Причините се комплескни, но најважно е неподготвеноста на Грција да ја признае границата со Албанија.

Веќе од средината на 1948 година, Москва започнува да пројавува поголема воздржаност кон Граѓанската војна во Грција, која произлегува од конфликтот меѓу Сталин – Тито. Исто така, продолжувањето на поддршката на генарл Маркос, за Москва значи зголемување на ризикот од директна конфронтација со САД. Оттука, Москва станува резервирана кон барањата на грчките партизани за поголема материјална и друга поддршка и сугерира на Бугарија и Албанија да преговараат со атинската влада. Победата на грчките владини сили доаѓа благодарение на поддршката која ја добиваат од САД и Велика Британија.

Останати без поддршка од СССР и трите соседни земји, грчките комунисти во октомври 1949 година го прекинуваат отпорот, по што голем дел бегаат во источноевропските земји. Македонците кои во Грчката граѓанска војна се бореа на страната на комунистите заради ветувањето за Обединета Македонија, од војната излегоа со огромни загуби: Загинаа повеќе од 20.000 Македонци, околу 50.000 Македонци емигрирале во тогашна Југославија, а околу 20.000 се населиле во СССР и во другите источноевропски комунистички земји. Бројките на жртвите и од раселувањето на Македонците од територијата на Егејскиот дел од Македонија, укажуваат дека врз македонскиот народ е направен вистински геноцид.

Од почетокот на 1953 година, пак, СССР почна да ги подобрува односите со Грција, за да го ослабне влијанието на НАТО (формиран 1949) во регионот, а на 28 февруари 1953 годинаво Анкара меѓу Грција, Југославија и Турција е склучен договор, наречен „Балкански пакт“, кој една година потоа е дополнет и со воен сојуз меѓу трите земји.

Така на Бугарија не и останува друго и во јуни 1963 година, БКП решава да воспостави контакти со Грција за почетокот за преговори и постигнување на договор за основните прашања на бугарско-грчките односи. А Албанија се` уште ги нема разрешено споровите со Грција иако и двете се членки на НАТО.

По деведесеттите доаѓа до релаксација на односите меѓу Истокот и Западот. Меѓутоа, кога денес односите меѓу Русија и САД, како и нивните сојузници, повторно заладуваат, а светот повторно влегува во некаква нова студена војна, очите на големите сили пак се насочуваат кон Балканот. Така на пример, рускиот претседател Владимир Путин, кој неодамна присуствуваше во Белград на воена парада, сега потпиша указ со кој 2016 година ја прогласи за година на Грција во Русија и истовремено за година на Русија во Грција!?

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.