Среда, 05 Ноември 2014   
Иако повремено начнат, македонскиот денар од сите тие битки излезе како победник

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Ветувањето исполнето, а администрација го доби зголемувањето.

Во време кога во соседните земји и во Европа се намалуваат платите на администрацијата и се отпуштаат вработени, во Македонија веќе од 3 ноември започна да се дели платата на државната и јавната администрацијата зголемена за 4 отсто. Истовремено се реализираат и нови вработувања со што кадровски се доекипираат македонските институции. Со ова последно покачување, само продолжи трендот на континуирано зголемување започнат од 2006 година по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ.  

ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт уште еднаш покажа дека не само што знае успешно да ги менаџира ударите на кои во последно време беше изложена македонската економија и да ја одржува макроекономската стабилност, туку дека ги следи и се грижи за потребите на граѓаните, но и дека ги исполнува ветувањата.

Од осамостојување на Македонија во 1991 година, па се` до денес македонската економија се соочува со бројни шокови. Распаѓањето на поранешната СФРЈ, војните кои се водеа на територијата на Југославија, санкциите на ООН против СР Југославија, ембаргото на Грција кон Македонија, Косовската криза во 1999 година, воениот конфликт во 2001 година, светската економска криза во последните години, предизвикаа силни удари врз македонската економија, а соодветно и на македонската валута. Сепак, иако повремено начнат македонскиот денар од сите тие битки излезе како победник.

Денешната макроекономска стабилност во земјата, која овозможува развојна економска политика и зголемување на платите, покажува колку добро македонската монетарна политика ги има поставено темелите на монетарните финансии, вклучувајќи го тука и создавањето на националната валута, која се роди во исклучително сложени економско-политички услови.

Високата инфлација во деведесетите години на минатиот век предизвикана од упадот на Словенија, Хрватска и Србија во заедничкиот монетарен систем, беше основна причина за забрзување на процесот за монетарно осамостојување. Но, овој процес беше загрозен од повеќе фактори како што се: присуството на ЈНА во Македонија, ниските девизни резерви, можна реакција на Србија и странските кредитори и можноста од економска блокада на Македонија.

Подготовките за монетарно осамостојување на земјата, со што во областа на монетарните финасии се дефинира суверенитетот на државата, Владата на Република Македонија ги започнува во најголема тајност, веднаш по прогласувањето на независноста и донесувањето на Уставот на Македонија во 1991 година.  Соочена со хиперинфлација, на 19 декември 1991 година Владата на Никола Клусев донесе одлука со која ја овласти НБМ да го организира процесот на печатење и дистрибуција на вредносни бонови како платежно средство.

deset-denari

Набргу потоа, во првите денови од 1992 година во кабинетот на премиерот Никола Кљусев беше донесена одлука да се забрза монетарното осамостојување на земјата. Беше формирана група во која беа: Академик Ксенте Богоев, Министерот за финансии Методија Тошевски, Гувернерот Борко Станоевски, Заменик-гувернерот Томе Неновски и Љубе Трпески, која имаше за задача за кратко време да ги спроведе подготовките за монетарно осамостојување.

Сите тие имаа јасна визија дека воведувањето на македонска валута е единствено исправно решение. Меѓутоа, покрај отсуството на искуство во печатење на пари и присуството на ЈНА, тогашната Влада на Кљусев се соочува и со други предизвици, кои влијаат на самиот процес.

Додека Владата се припрема за монетарно осамостојување, Сојузот на Комунистите на Македонија – Партија за Демократска Преобразба (СКМ – ПДП), која во април 1991 година го менува името во СДСМ, се залагаат за спас на Југославија.

Народна Банка на Македонија инсистирала да не се брза со осамостојувањето се` додека не се формираат доволно девизни резерви за набавка на основните животни намирници (храна, нафта, лекови). Според тогашните проценки на НБМ им било потребно од 300 до 360 милиони долари. Истовремено албански активисти во јануари 1992 година во Струга ја промовираат т.н. Република Илирида.

Меѓутоа, и покрај сите закани на 15 јануари 1992 година во прилепската печатница “11 Октомври“ биле отпечатени првите македонски пари. Првите бонови биле во апоени од 10, 25, 50, 100, 500 и 1.000 денари. На 7 февруари 1992 година во трезорите на НБРМ се депонирани над 27 милиони парчиња вредносни бонови. На предната страна на боновите, претставени се тутуноберачите, а на задната страна споменикот  “Македониум“ во Крушево.

Во меѓувреме, била извршена подготовка на законската регулатива за монетарно осамостојување и на Антиинфлациската програма. Работниот назив на целата операција била „македонски динар“. Меѓутоа, името на првите македонски пари било неизвесно речиси до пред самото пуштање во оптек. Во игра биле неколку предлози за името меѓу кои „македонски динар“, „лав“, „пеон“ и „статер“. Сепак, неколку дена пред собраниската седница, академик Петар Х. Илиевски го дал конечниот предлог „денар“. Клучниот ден “Д’, кога со божји благослов се роди “денарот’, се случи на 26 април 1992 година, на ден Велигден.

Дури и по пустошот кој го остави СДСМ во транзициониот период, особено од 1994 до 1998 година, денарот опстои и стана еден од главните фактори за стабилноста на земјата. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2006 година, новото раководство со успешно менаџирање кое донесе политичка и економска стабилност на земјата полека но сигурно ги санираше лузните од минатото и го поттикна развојот на македонската економија. Дури и во услови на светска криза, создадениот амбиент обезбеди зголемивање на странските инвестиции, што резултира со пораст на производството, извозот, зголемување на вработувањата, но и континуирано зголемување на платите.

Обидите со ново прогласување на т.н. „Република Илирида“ во септември оваа година веќе претставува несериозен потег на поединци во албанската заедница во Македонија кој можеби има за цела да изврши некаков притисок за името, но, нема сила да има некои посебни импликации врз македонската политичка сцена, ниту врз македонската економија.

Самото зголемување на платите има повеќе позитивни ефекти. Освен дополнителен мотив кај вработените за подобро извршување на професионалните обврски, со овој чин се зголемува потрошувачката, која ќе го зголеми производството што од друга страна уште повеќе ќе го зголеми развојот на македонската економија.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.