Среда, 12 Ноември 2014   
Егејска Македонија граница помеѓу капитализмот и комунизмот

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Кон крајот на Втората Светска Војна веќе со полна пареа почна да се замислува идниот живот, да се прават нови територијални поделби, нови држави ќе се формираат, но за жал она што требаше да биде зрак на слобода и мир за некои ќе стане егзодукс и еден нов геноцид од поинаков вид.

Имено токму по победа над фашизмот во срцето на Европа во Македонија поточно во нејзиниот беломорски дел каде што веднаш се разви борба против новата комунистичка власт од страна на грчките и британските војски кои за цел имаа да не дозволат ширење на комунизам во Грција.

Во жариштето на оваа борба се најде невиното и веќе истоштено од борбите против фашистите македонско население, кое исто така во напливот на Граѓанската војна (1946-1949) настрада најмногу.

Велика Британија со помош на грчката војска, спроведе една политика на асимилација врз македонското население кое грчките власти го прикажуваа како комунистичко, како недемократско и дека доколку истото не се истреби тоа ќе биде закана за демократскиот поредок во Грција, но и пошироко на Балканот ако се земе во предвид дека тогаш САД, Англија и останатите моќни држави од запад комунизмот го сметаа за црвено зло.

За оваа цел се водеа борби на најкрволочен начин, шумите се прскаа со бензин, а подоцна се палеа, се вршеше бомбардирање на населените места, за прв пат беше употребена хидрогенската бомба.

Голем дел од населението загина, но исто така голем беше и бројот на бегалци кои избегаа од своите родни огништа, најмногу во ова настрадаа децата кои во групи од по 20 и повеќе дечиња заминувале од Егејска Македонија, а со нив имало и омодархи т.е. жени определени од селото од каде што тргнувале децата за да се грижат за нив .

Децата бегалци завршија низ детските домови ширум комунистичките земји, најмногу во Романија, Советскиот Сојуз, Југославија и др. Тука тие беа згрижени и почнаа полека, полека да се враќаат на нормалниот живот, но секогаш во душата ја носеа болката за своето родно огниште, за своите родители кои им загинаа, а на оние кои имаа малку среќа останаа живи и здрави во Грција, но без право да ги посетат своите деца.

Егејска Македонија во тој момент стана тампон зона помеѓу капитализмот на запад и комунизмот на исток, тука лежи и причината што Тито не одобри напад на Грција од страна на македонските сили, а сето тоа се прикри под реченицата „дека не можеме и не смееме да ги напаѓаме довчерашните сојузници“, заборавајќи на фактот дека токму тие сојузници го масакрираа македонското население и дозволија да протечат реки крв.

Сето ова одеше во прилог на Велика Британија која во Грција секогаш го ползувала Солунското пристаниште и неговиот примат на Медитеранот и тоа е една од галвните причини што западните земји ѝ даваат голема поддршка на Грција.

Границата помеѓу комунизмот и капитализмот долги години ги параше срцата на децата бегалци и нивните родители кои не смееа да се гледаат со нив, а ниту пак им беше дозволен влез на децата бегалци во Грција кои без судење беа осудени дека се непријатели на демократијата и на грчкиот народ.

Ова е доказ дека не беше само Берлинскиот ѕид завеса помеѓу истокот и западат, туку дека и на Балканот имаше една таква завеса која ете и до ден денес не дава да прозрачи сонцето на обединувањето и слободата. Сеуште нашинците во Егејскиот дел ги немаат основните човекови национални права, сеуште се тепани и малтретирани за зборот Македонец/Македонка.

Сето ова ни го носи демократијата на нашите сојузници од запад која што може да биде се`, но само не демократија и човечки слободи.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.