Среда, 12 Ноември 2014   
Исус не е милионер, ниту бил

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Благодарение на судскиот спор на МПЦ во Австралија, во кој несакајќи виорот на оваа трагикомедична сага ме повлече и мене како радознал неутралец, дојдов до прекрасна слика како Македонецот го гледа, размислува и анализира Господ. Колку повеќе пробувам и настојувам да дадам храбар одговор, толку повеќе си велам дали го пронајдов правиот одговор. На мој својствен начин, провоцирав старо - младо од 7 до 77, од неписмен до најписмен, од чесен до најнечесен итн. 

Македонецот во Австралија, со голема насмевка ќе ти каже колку многу верува во Него. Кога поединечно или насобрани им кажувам дека Исус не е милионер, ниту бил... одмавнуваат со раката и велат, зар може сиромав човек да има моќ и сила, а и воедно да биде господар на овој и оној свет и тоа без пари? Нашиот народ дава по црквите пари, по икони, за градење нови храмови. Но истовремено верува аналогно на сето ова да добие повеќе пари, среќа, здравје и уште 2-13 други благодети како поголема плата, повеќе куќи и секој еден да му завиди на богатсвото. Очекуваат внуци, правнуци и сите да бидат средени... Сето ова во замена за вербата и љубовта кон Него. Секој еден сака во длабока старост на убав и достоен начин да замине во рајот, нели, а кога кажувам како Исус замина измачен најсурово, е тогаш се менува темата и нема полемика понатаму. 

Гледајќи ја скапотијата во Австралија, кога куќа да купиш најевтина е милион долари, киријата е од 500 долари неделно минимум и корпата во супермаркет е колку силна месечна плата во Македонија, нашите мора да признаат дека Господ навистина ги гледал и им пружил повеќе отколку што треба. Дали верувале повеќе од што треба и се наградени по заслуга, одговорот треба да се бара горе. 

Мојата анализа и проценка не се мерило за сето ова, но допринесува да даде еден одговор достоен на ниво: Дали Македонецот во дијаспората е поблиску до Бога, дали има поголема привилегија од самиот Македонец во Македонија? Кога еднаш подобро ќе биде таму во базата, а за никаде во дијаспората, па така едно 3 - 4 милиони Македонци под хитно да се префрлиме таму, Македонија да ни стане премала и да бараме начин да се шириме, а не да стагнираме со популацијата? Или Господ да не ја режира целата оваа работа на нему својствен начин, затоа што Западот пропаѓа отмено на тој начин што шлајмот од цел свет станува спас и авангарда на фалената демократска диктатура до тој степен по онаа нашата народна -  како дробеле, така ќе си сркаат. 

Колку и како веруваме во Бога е сопствен избор. Македонскиот народ секаде па дури и најдалеку испратен се снашол убаво. Нашите непријатели сакаа да не асимилираат и уништат засекогаш, но ете и покрај тоа што не сме некои фанатици Божји, сепак Господ не` гледа и ни дава некоја привилегија, иако имаме место и начин повеќе да му се посветиме нему. Прости ни Боже и се надеваме во една подобра и поголема Македонија ќе го најдеме спокојот и поголемата љубов и верба кон тебе. А Јенки ѓаволот ќе пропадне и отиде засекогаш во пеколот поради десет букви што не ги почитува, десетте Божји букви... Името на Божјата земја. 

М А К Е Д О Н И Ј А

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.