Среда, 19 Ноември 2014   
Кирил Пејчиновиќ

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Во страв и мрак под сенката на острата аскерска османлиска сабја живеел нашиот народ и не се предавал, надежата не ја губел. Својата утеха ја наоѓал онаму каде што се слушал божјиот глас, каде што биеле камбаните каде што се ширела науката односно во црквите и манастирите.

Таму за прв пат биле отворени световни келијни училишта во кои се изучувале црковните науки и аритметика. Иако по својот образовен профил биле скромни, сепак преставувале една добра основа за младата македонска интелегенција која во тој период се развивала.

Учителите биле најчество свештенослужители и монаси кои пак усрдно и од се` срце ги предавале своите знаења на учениците.
Таков бил и Кирил Пејчиновиќ Тетоец кој е зачетникот на просветителството во Македонија и бил ѕвезда водилка на народот во темниот мрак на ропството.

Роден е во тетовското село Теарце и уште од мали нозе тргнал по боженствениот пат и уште како младо момче заедно со татко му и чичко му се закалуѓериле во манастирот Хилендар на Света Гора, а претходно учел во верското училиште при манастирот Св. Пречиста во Кичево.

Во Хилендар го продолжил своето образование односно го надоградил, читајќи од неизмерно големата манастирска библиотека, полна со светоотечка литература, канонска литература, литургиска литература, но и доста учел и читал за јазиците. Така да можеме слободно да кажеме дека Пејчиновиќ бил доста учен човек за тогашни услови и што е најважно тој сакал своето знаење да го предава на народот, не сакал тоа што го знае да остане во него и да нема никаква полза од знаењето.

Секогаш после неделната богослужба на народот му држел поучителни слова за тоа како треба да се живее работи и како правилно да му се служи на Бога.

Покрај усмената дејност тој развил и богата книжевна дејност со неговите книги.

Прва негова книга е „Огледало“, потоа „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“ и неговата последна творба „Епитафот“ во кој на комично сатиричен начин си го раскажува својот живот, едноставно радувајќи се што ќе си замине од овој свет сметајќи го гробот за светлина, а не за темнина.

Во сите свои дела тој цврсто се држи до христијанската догма, до доброто, позитивното во животот, ако се читаат неговите дела ќе забележиме татковски совет без потсмев и руга, туку чиста добронамерност и ангелска смиреност.

Покрај неговите совети ние од личноста на дедо Кирил сме добиле и она најважното за нацијата за нас Македонците, а тоа се основите за македонскиот литературен јазик. Имено неговите дела се пишувани на македонски говори за прв пат дотогаш се отстапило од црковнословенскиот јазик и на историската сцена истапило нешто ново дотогаш невидено. А тоа тој го сторил од причина за да може локалното население полесно да го разбере светото писмо и божјиот збор.

Делата на дедо Кирил се огромни со преголемо значење за нас Македонците и ние ќе му се оддолжиме само ако ги употребиме неговите совети и се потрудиме никогаш  неговото дело да не го стигне забот на времето.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.