Среда, 10 Декември 2014   
Црвен лав на жолто поле - предлог за нов државен грб на Македонија

grb-mk-hi

Предлогот за новиот грб на Македонија се подготвуваше изминативе две години. Не станува збор за нов грб основата е историска, а додаток е само круната. На новиот грб покрај црвен лав на жолто-златно поле има мурална круна, која што асоцира на тврдина, замок, но е и симбол на републиката. Вака хералдичарот Јован Јоновски го објаснува предлогот за промена на државниот грб, којшто наскоро треба да се најде пред пратениците во Собранието.

Потребата од донесување нов грб на Република Македонија е за поздравување, а предлог-решението на грбот кој се нуди има историска подлога назад во грбовниците од доцниот среден век, па и раниот нов век. Иницијативата за усвојување грб на државата е согласно она што е методологија и правила кои владеат во современиот модерен свет, изјави за МИА Ванчо Ѓорѓиев, професор на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје…

Македонската влада го усвои Предлогот за нов државен грб, на кој е претставен црвен лав на златно-жолт штит. Лавот нема круна на главата, додека над штитот има златно жолта круна во облик на тврдина со пет кули, украсени со бисери и рубини кои траба да ја симболизираат државноста и републиканското уредување. Предлогот за новиот грб бил поддржан од сите министри, вклучувајќи ги и министрите на ДУИ, со што се овозможува Македонците и Албанците во Македонија да се вратат кон своите историски симболи.

Прашањето за смена на актуелниот грб на Македонија, кој е од времето на кумунизмот и во себе содржи премногу социјалистички елементи, многу одамна е покренато, но досега ништо не беше направено. Грбот на Македонија со мали промени е во употреба од 1946 година. Во 2009 година е отстранета само црвената петокрака. Така да Македонија и Белорусија останаа единствени земји во Европа, кои наместо историски, користат грбови кои имаат пејсажен карактер и се инспирирани од симболите на советската револуција. Всушност, досегашниот македонски грб повеќе претставува амблем, отколку грб.

Предлогот за нов државен грб на Република Македонија е на Здружението на хелардичари. Новиот дизајн на македонскиот грб, црвен разгневен лав на златно-жолт штит и круна над него, кој е резултат на хералдиката и потребите на новото време, како решение се базира на историските грбови поврзани со Македонија, кои се сретнуваат во илустрациите на Вилем Верланд од 1481 год. и грбовникот на Жером де Бара од 1581 год., кои преку стемографиите на П. Витезовиќ во 1694 и Х. Жефаровиќ во 1741 станал земски грб на Македонија. Истиот се сретнува и на хералдичката таблица од Јохан Јакоб и Герман Лидл од 1737 година, на која покрај Македонија се претставени  грбовите на Славонија, Хрватска, Босна, Србија, Далмација, Албанија, Епир, Трансилванија, Бугарија, Молдавија и Дубровник.

Овој грб подоцна го сретнуваме и на северниот дел од иконостасот во црквата на Рилскиот манастир, кој од X до XVI век се наоѓа диецезата на Охридската архиепископија. По пожарот во 1833 година, црквата е обновена и зоографисана меѓу 1844 и 1846 година. Стематографијата на Жефаровиќ била искористена не само за ликовите на светците, туку и за зографираните грбови на порталот на кој се наоѓаат: српскиот, бугарскиот, босанскиот и македонскиот.  

Сите грбови овде се прикажани во боите како што се прикажани во Жефаровиќевата Стематотрафија. Македонскиот грб се наоѓа во долниот ред, десно на порталот. Тој е црвен лав на жолто поле, за разлика од бугарскиот што се наоѓа веднаш над него и кој е жолт лав на црвено поле. Македоксниот лав над главата нема мала круна, а бугарскиот има. Штитот на македонскиот грб има шпанока форма, а над него има царска круна. Над македонскиот грб пишува „Македанија", над бугарскиот „Блгариа".

По ослободувањето од Отоманската империја, соседните држави ги земаат грбовите од Стематографијата на Жефаровиќ. Бугарија во 1879 година го зема за свој грб златниот лав на црвено поле и овој грб го има се` до 1946 година, за да го обнови речиси по една деценија од падот на комунизмот. А Македонците го употребуваат на своите знамиња за време на Разловечкото (1876) и Илинденското востание (1903).

Александар Матковски кој ги истражува илирските грбови, сметал дека Витезовиќ направили измени во македонскиот грб, а потоа и Жефаровиќ ја зачувал промената. Врз основа на неговото истражување, долго се сметаше дека златниот лав на црвена основа е можно решение. Но, македонските политичари премногу долго чекаа да извршат промена на грбот. Во 1998 година, истиот повторно стана грб на Бугарија.

Меѓутоа, новите истражувања даваат нови сознанија за хералдиката. Освен во илирската, македонски грбови се наоѓаат во други извори кои беа целосно непознати за македонската поширока, но и за научната и стручната јавност. Тука спаѓа и посебната група на хералдички грбови кои му припаѓаат на „Кралот на Македонија“.

grb-na-aleksandar-makedonski

Грбот на Александар Македонски е чест мотив на грбовниците долго пред илирските, и кои потекнуваат од европските земји кои имаат развиена хералдичка традиција. Од нив, црвениот лав на златно поле е застапен и во стематографиите на Витезовиќ и Жефаровиќ.

Низ историјата лавот како амблем отсекогаш бил сакан не само во Македонија, туку и во Албанија, Србија, Бугарија, но и пошироко во европските земји (Венција, Австрија). На многу историски споменици од тоа време (пари, печати, знамиња и сл.), лавот доминирал на Балканот, па оттука него подоцна го среќаваме на грбовите на Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Бугарија.

Врз основа на досегашните истражувања, притоа согледувајќи ја историската подлога, издржаноста, традицијата и политичките прилики, донесен е предлог за нов македонски грб кој е прифатлив за сите. Лавот е дел од идентитетот на македонскиот народ, но и обединувачки симбол. Со донесувањето на новиот грб, Македонија влегува во семејството на европските земји кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина.  

svekrva_copy_copy_copy 
Свекрва

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.