Среда, 17 Декември 2014   
Грчките платеници во Р. Македонија форсираат словенски расизам! (2)

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

Македонците од 18, 19 и 20 век себеси се декларирале како потомци на античките Македонци

Најнапред да го спомнеме францускиот барон Франсоа де Тот, кој работел во Цариград во 18 век (конкретно од 1768 до 1775 година) како главен изведувач на град­бите на важни објекти каде имал ангажирано по­го­лем број работници Македонци. Во своите “Спомени” тој за­пи­шал:

„Прибрав и сместив покрај работните места 1500 Маке­дон­ци...

Во продолжение тој пишува дека Македонците биле неуморни во работата и дека затоа им дал слободен ден. Потоа тој пишува како некои од нив отишле во една кафеана и почнале да пеат песни за по­бедите на Александар Македонски, па вели:

Дваесет и двајца Македонци, секој со пушка на рамо, дојдоа ту­­­ка и собрани во една крчма пееа песна за победите на Александар“.

Во продолжение читаме дека еден од Македонците излегол од ка­феа­ната и налетал на група од деведесет турски морнари. Франсоа де Тот во продолжение пишува:

„Еден од моите работници ги напушти своите другари и оти­де да подиши воздух, се проближил до брегот каде ги видел но­во­ис­то­­­варените вооружени до заби. Еден од нив горд на бројноста што неговата група му ја обезбедуваше, се приближил до Маке­до­нецот и му удрил шлаканица со сета сила. Овој без оружје, за да се одмазди за својата навреда и ненавикнат на турскиот јазик, му дал само знак на шампионот кој го нападнал за да го почека, бидејќи требало да се врати. Тој се вратил во крчмата, не им рекол ни збор на своите дру­гари, си ја зел пушката без тие да го забележат и се вратил на бре­гот каде што Турците се` уште се наоѓале. Таму го препознал својот противник и покажувајќи му го својот образ му дал знак повторно да почне. Но, Турчинот кој веќе имал пиштол в раце, испукал од не­посредна близина, меѓутоа не го погодил Македонецот, а овој за час му ја ставил цевката од пушката на стомакот и пукнал, но и са­миот загинал од 80 куршуми што ги испукале другите Турци. Ова пукање го привлекло вниманието на останатите дваесет и еден Ма­ке­до­нец. Виделе дека недостасува еден од нивните другари. Се воо­ру­жиле и се стрчале кон брегот. Пристигнувајќи таму, го виделе својот другар спружен крај еден Турчин и без распрашување ги на­паднале непријателите, убиле деветмина на самото место, а дру­гите ги потиснале кон морето со таква брзина што еден дел избе­гале со чамец, а друг пливајќи. Така, овие “храбри луѓе” дошле до бро­дот, го пресекле јажето и се спасиле, бегајќи во морската шир. Двај­ца Македонци беа пратени кај мене и ме известија за ова. Тргнав вед­наш кај првиот министер, каде што се јавив како тужител за навредата нанесена на работниците на замоците“.

Во продолжение читаме дека везирот се налутил и рекол дека загинале девет муслимани, а само еден неверник и дека тоа биле мно­гу жртви. Франсоа де Тот сепак инсистирал да се обезбеди сигур­носта на работниците, на што везирот смеејќи се, му рекол:

Добро. Со Вашите 1500 Македонци вие би ја освоиле зем­ја­та. Вашиот начин да се чувате зарем не вреди повеќе од оние кои јас би мо­жел да ви ги пружам“? („Memories du baron de Tott sur lesTurcs et les Tartares“, Amsterdam, стр. 197-198, цит. според акаде­мик Алек­сан­дар Матковски “Македонија во делата на странските пате­писци цит. дело).

Гледаме дека во описот на овој настан Франсоа Де Тот сво­и­те работници секаде ги именува како Македонци. Фактот што тие пееле песни за победите на Александар Македонски е силна инди­ција за нив­­ната етничка свест, а во прилог на ова оди и шеговитата забе­леш­ка на вези­рот според која Франсоа де Тот со своите Македонци сакал да го “освои светот” (што може да биле алудирање на антич­ките Македонци од времето на Александар Македонски).

Од самиот крај на 18 век постои уште еден патепис од непознат автор, посветен на Македонија, во кој исто така се потенцира врската помеѓу античките Македонци и Македонците од 18 век. Непознатиот патеписец ја констатирал очајната состојба во која се наоѓале тогаш­ните Македонци која секако дека била резултат на предолгите веков­ни ропства. Во врска со ова непознатиот патеписец запишал:

„Македонците во стари времиња биле многу проучени како на­уч­­ници, а исто така и по својата храброст. Сега пак тие се плаш­лив­­ци и незнајковци“. (Патепис од непознат автор од пред 1798 годи­на, Конгресна библиотека во Вашингтон, Оддел за ретки книги сигна­ту­­ра Г 160. Л 317, 1816 год. цит. според Александар Матковски, цит. дело).

Слично разочарување од состојбата во Македонија покажал и пате­писецот Кузинери, кој во својот патепис од 1816 година запишал:

Македонија толку славна со спомените на Филип и Алексан­дар, толку несреќна за време на римското владеење, пони­жена под Бугарите и најпосле толку понижена под отоманскиот меч, денес претставува само пустош кој зад себе го влече фана­тизмот, незнае­њето и деспотизмот“. (Патописот на Кузинери од 1816 година. “Voyage dans la Macedoine I“, Paris, 1831, Esprit Marie Cousinery, стр. 11. Цит. според Александар Матковски, цит. дело).

За чувањето на споменот за античка Македонија среде Маке­дон­ците од самиот почеток на 19 век, сведочи и француски патеписец кој тогаш ја по­сетил Македонија. Откако пишува за некој споменик за кој народот му рекол де­ка е од времето на Александар Македонски, непознатиот Французин запи­шал:

Клетата раја од Македонија уште ги воспевува подвизите на завојувачот на Персија и Индија“. (Патопис од непознат автор од 1807 година. “Френски патеписи за Балканите 19 в.” составила и ре­дак­тирала Бистра Цветкова, Софија.Преземено од "Archives de l'armee de terre", со сигнатура МR 1618, 17. Цит. според Александар Матков­с­ки, цит. дело).

Слично запишал и патеписецот Јохан Хајнрих Мајр, кој исто та­ка во почетокот на 19 век ја посетил Македонија:

„Подоцна поминавме во областа каде Александар Велики нап­ра­вил одмор. Од пред неколку илјади години овде се чува споме­нот на овој славен Македонец“. (Јохан Хајнрих Мајр патопис од 1814 годи­на. Johann Heinrich Mayr's Reise nach Konstantinopel, Aegupten, Jerusalem und auf den Libanon, 1820. Конгресна библиотека Вашингтон, сигнатура ДС 48. М49. Цит. според Александар Матковски, цит. дело).

Дека Македонците од 19 век се потомци на античките Македон­ци пишувал и францускиот патеписец Дидро. Тој исто така разочара­но конста­тирал дека некогаш славната Македонија за време на турс­кото вла­деење се нашла во целосна апатија. Тој запишал:

„По долината на Македонија сe` е стушено и невесело, се` е жа­лосно. Турците од срцето на човекот го искорнале смеењето кое му припаѓа само нему, на човекот. Од нивните робови, од потом­ците на Ахил и Александар, тие направиле стада од животни“. („Le Mont Athos Exract from Annales archeolo­giques“, volumes 4, 5, 18 и 21. Национална библиотека Париз сигнатура 4о В, 1122/4,5,18,21, цит. според академик Александар Матковски „Македонија во делата на странските патеписци“, цит. дело).

Непознат патеписец во 1841 година запишал дека во Катерини Македонците сe` уште ја користеле старата пелазгиска кола, каква што ја користеле нивните предци  уште од древните времиња. Овде читаме:

„Катерини... е мал град, опкружен со шума, сместен во тесна долина меѓу Олимп и морето... Сe  уште е во употреба старата кола на Пелазгите влечена од волови“. („Handbook  for travellers in the Jonian Island, Greece, Turkey, Asia Minor and Constantinopole“, Лондон, 1845, Конгресна библиотека Вашингтон, ДС 43. М 95 1845, цит. според Александар Матковски, цит. дело).

Да се потсетиме дека Пелазгите биле стар народ, кој живеел на Балканот, а посебно во Македонија. Од страна на Грците тие биле сме­тани како “барбари” - луѓе кои не зборуваат грчки. Некои истра­жу­вачи дури сметаат и дека Словените се потомци на Пелазгите.

Рускиот истакнат деец Виктор Григорович, во врска со импре­сиите од својата посета на Македонија во 1844 - 1845 година запи­шал:

Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други ими­ња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И ед­ниот и дру­гиот живеат во спомените на народот... Споменот за Алек­сандар Велики сепак е повеќе утврден кај народот“. (цит. спо­ред Блаже Ристовски).

Виктор Григорович запишал и една на­род­на творба за Филип Втори. 

Да ја спомнеме и изјавата на еден, засега непознат, учител од Охрид кој дошол на местото на истераниот бугарски учител во Солун во 1845 годи­на. Оваа изјава подоцна е пренесена и во тогаш­ниот пе­чат, без да се наведе идентитетот на учителот. Кога го пра­шале да се декларира што е по националност, нашиот охриѓанец дословно рекол:

Јас не сум ни Бугарин, ни Грк, ни Цинцарин! Јас сум чист Ма­ке­­донец, какви што биле Филип и Александар Македонски и Арис­то­­тел фило­зофот“. (цит. според Блаже Ристовски).

Ерејот Димитрија од Кривопаланечко во врска со своето ет­нич­ко потекло, во далечната 1848 година, запишал:

„Родум сум Маке­донец... Од Бога било пишано мојата татко­вина да страда од Грците, па тие не ни даваат мир ниту денес, иако сите знаат дека Македонија била постара држава од нивното царство“.

Англискиот патеписец Чарлс Томас Њутон ја посетил Маке­до­нија во 1853 година при што запишал дека народот таму се` уште ги чувал своите традиции и обичаи уште од времето на антиката. Тоа му го кажал епископот од Метилена, кој често патувал во Маке­донија. Во врска со ова Њутон запишал:

„Љубезно бев примен од архиепископот од Метилена, кој ја правеше својата годишна обиколка за да ги собере даноците. Тој најчесто одел во Македонија и ми раскажуваше за некои интересни поеди­ности за селаните кои таму живеат и кои задржале многу стари обичаи... Еден од нив е чинот на женидбата..., која потсетува на античките ритуали“. („Travels and discoveries in the Levant“ by Charles Thomas Newton,, Лондон, 1865, IandII, стр. 10. цит. според Александар Матовски, цит. дело).

И патеписецот Јохан Хан во 1858 година запишал дека среде Македонците од 19 век се задржале обичаи уште од времето на анти­ка­та. Конкретно тој запишал дека Македонците од Вардар Ениџе се` уш­­те го негувале панаѓурот наследен од античките Маке­донци. Тој пи­шу­ва:

„...Бргу пристигнавме во гратчено Вардар Јениџе. Таму се живо беше раздвижено, затоа што сите беа во подготвување за пана­ѓурот, кој се одржува секоја година и трае осум дена...“

За самиот град Јохан Хан смета дека е наследник на стариот град Пела:

Турскиот град во внатрешноста е следбеник на нему блис­ки­от старомакедонски главен град и од него тој ја наследил градс­ката сила и годишниот панаѓур. Со тоа Јениџе не е ништо друго, туку поместена Пела“. („Reise vion Belgrad nach Salonik“, J.G.V. Hahn, Wien”,  1868, стр. 200, цит. според Александар Матковски, цит. дело).

Продолжува

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.