Среда, 24 Декември 2014   
Ние пропаѓаме од самите себе, Македонецот го уништува Македонецот

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Откако Македонија стана независна и суверена држава во 1991 година, целиот временски период до денес е врзан за нејзината стратешка определба да стане членка на најмоќните светски организации, ЕУ и НАТО.

Сите досегашни влади своите програми ги темелеа токму кон тие цели. Успешно или помалку успешно, од година на година се приближувавме до стандардите кои беа пропишани согласно постулатите на овие две институции. Падови и издигнувања, реформи и уназадувања  ја красеа и гнасеа македонската плурална атмосфера. И de jure и de facto Македонија го заслужува местото меѓу најсилните и највлијателните во Европа.

Досега нашата држава во многу наврати го оправдала тоа.

Можеби не била фактор на одлучувањето, можеби не била чинител на управувањето, но неспорно била субјект на амортизација на девијациите и опасностите кои цели дваесет години го демнат Балканот, како еден од најнестабилните региони во светот.

Македонија рамо до рамо стоеше и стои до светските велесили и беспрекорно ги презема и ги врши задачите за постигнување светски мир и напредок, стабилност и просперитет. Тоа Македонија го прави искрено и многу повеќе посветено, споредено со некои земји членки на НАТО, кои одбегнуваат посериозни ангажмани во светските мировни мисии. Македонија одамна го заслужи  членството во НАТО, одамна ја потврди својата заложба и посветеност во колективните цели на сојузот. Не преостануваше ништо друго, освен практичните резултати  да бидат верификувани и професионално признати. Но, за жал кај што силата земала замав, правдата ја нема. Злоупотребата на членството од страна нашиот јужен сосед го покоси меѓународното право. Уште пострашно е што нејзините партнери се солидаризираат со неа.

Тоа не значи дека треба да потклекнеме под налетот на узурпаторите.

Ако народот македонски досега низ вековната историја секогаш правел компромиси со соседите и големите сили, досега Македонците ќе беа заборавени,  ќе исчезнеа како диносаурусите.

Нашите предци поминале низ византиско, низ римско, низ турско, низ српско, низ бугарско…но, ниту тогаш не се правел компромис за зачувувањето на идентитетот, на јазикот, на посебноста на Македонецот. Паѓале глави, се леела крв, се трпеле камшикот и јаремот на разните окупатори кои газеле низ Македонија. Но, се истраало. Ако македонските генерации пред нас попуштеа, денес ќе ја немавме државата, немаше да ја поседуваме Македонија. Токму непоколебливата непопустливост и решителност на нашите предци беа основите за нашето денешно постоење.

Зарем ќе го прокоцкаме огромниот влог и аманет кој ни го оставија нам? Зарем некоја политичка марионета има право да носи антиисториска одлука со која прифаќа промена на македонското милениумско име ?

Еднаш тоа го сторија пред нецели 20 години без да прашаат дали смеат да го направат и дали народот се согласува со таа одлука. Е, вторпат нема да има. Не може повеќе никој да ми кажува што ќе бидам јас, што ќе бидат моите деца. Нема никој право да ми кажува кога јас ќе можам, а кога нема да можам да го напишам поимот ”Македонски”. Нема никој право да ми каже дека и во иднина ќе можам да зборувам на македонски јазик. И секој и од дома и од надвор мора да го прифати моето мислење.

Ако ни создадат таква Македонија само заради НАТО, тогаш не сакам да бидам и да бидеме во НАТО. Не сакам да бидеме само робот-инструмент во рацете на моќните држави, со кого ќе сакаат да управуваат. Не сакам да станеме само глинени гулаби кои ќе треба да гинат во првите борбени редови во Ирак, Авганистан, Сирија или Либан, додека Западот ќе не` подучува за вредностите на демократијата едновремено кршејќи ги нејзините принципи.  

Мислите дека поинаку ќе биде? Не верувам.

Сакам некој да го разубеди мојот скептицизам. Но, не со популистички говори како на оние што сакаат да ја свиткаат “кичмата”, од кои може да се открие само страв или желба да дојдат на власт, дека ако не сме во НАТО, готово сме пропаднале. Ние пропаѓаме од самите себе, Македонецот го уништува Македонецот. Додека е тоа така, не ни помага ни Света ЕУ, ниту Свети НАТО.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.