Среда, 31 Декември 2014   
„Белата куќа“ на Македонија

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Владата на Република Македонија доби нов изглед. Реконструкцијата на зградата заврпи, а по остранувањето на скелињата, со новите столбови во дорски и јонски стил во бела боја, блесна во полн сјај.  Македонија ја доби својата „Бела куќа“, која е дел од проектот Скопје 2014.  

Во изборот на надворешниот изглед на зградата на македонската Влада учествуваа граѓаните преку јавна анкета. Тие го избраа идејното „нео-класично“ решение кое го изработија Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, а во кој е вметнат духот на македонската градба.

Зачувувањето на македонската традиција и култура е од особено значење за македонскиот народ. Уште во почетокот на македонската преродба, кон крајот на 18 и почетокот на 19 век македонските просветители си поставија како оснoвна своја задача, културно да го издигнат македонскиот народ. Бидејќи за нив било јасно дека најсолидната тврдина на најмоќното оружје во борбата за слобода и независност на еден народ е постоење на една широка култура.

Гоце Делчев, сфаќајќи ја силата и значењето на овој принцип, ни вели: „македонската култура е потребна за правилниот развој на македонската ослободителна борба. Само така македонското ослободително движење ќе може да ја чува својата самостојност и својата сила и македонското население ќе може да биде зачувано од претопување. Не случајно тој ќе каже: Јас го разбирам светот единствено како поле за културно натпреварување на народите".

Културата, и тоа широката народна култура, претставува крв за народот, за националниот организам, таа ја чини спојката без која народот е осуден на разложување. Таа вистина важи и денес. И затоа, кога културата на еден народ се спречува и уништува, задача на секој патриот е да му се спротивстават на нејзиното извртување.

Македонската земја со нејзините убавини, може да создаде среќа и радост на македонскиот народ. Затоа непрекинато треба да се работи за културното издигање на македонскиот народ. Тоа е стимулот што сите македонски синови ги тераше да водат борба на живот и смрт со неријателите на Македонија, на македонскиот народ. На таков начин и самата борба на Македонците добива смисла и значење.

Денес борбата не е само против оние кои го оспоруваат македонскиото име, идентитет и јазик, туку и против оние кои го попречуваат развојот на Македонија и македонскиот народ. За жал, и против сограѓани кои работат за туѓи интереси. Особено против оние кои во во името на народот го прават тоа. Со други зборови, грешно е да го ограбиш, но уште поголем грев е тоа да го правиш во името на народот. На тој начин му се прават две зла на македонскиот народ. Внатре го дезорганизираш и го ослабуваш, го проигруваш народот и на тој начин најдобро му помагаш на противникот.

Таков е примерот со предводниците на опозицијата кои за свои лични интереси удираа не само против Скопје 2014, туку и против други проекти од поширок општествен интерес, со што си поигруваат со иднината на својата земја и својот народ.

Делчев многу одамна ќе каже дека „Организацијата на македонскиот народ е потребна за да го турне ропството од себе, а не да тргува". За него Организацијата е место каде што сите треба да дејствуваат, да се жртвуваат и некористољубиво да му служат на својот народ. Работник  е оној што му служи на народот" Се разбира, дека сето ова треба да го констатира народот, а не тој самиот.

vlada-nova-zgrada

Денес македонскиот народ во повеќе наврати на избори покажа кого го смета за „работник“, а кого не. Неговиот избор го преставува во Собранието и во Владата на Македонија, а неговиот глас кажа како сака да изгледа зградата на Владата на Македонија. Таа е „Белата куќа“ на македонскиот народ, дел од неговата традиција и култура, но и бастион од кој се брани неговото име и идентитет.

Ние сме потомци на големите Македонци чија цивилизација ни е оставена како аманет да ја пренесеме на идните поколенија! Да создаваме дела од кои сите ќе имаат благодет.

Мора сите ние да работиме за  Македонија, без разлика дали сме од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или било која друга партија, треба да работиме за нашата иднина, за иднината на нашите деца, внуци и за иднината на неродените Македонци, да градиме перспектива, да ги штитиме интересите на Македонија, како што тоа го правеле Илинденците, Партизаните и како што денес  работи премиерот на Република Македонија Никола Груевски.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.