Среда, 07 Јануари 2015   
Рафаел Моше Камхи и неговата улога во македонското револуционерно дело

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Целна на македонското револуционерно движење одсекогаш била да се избори за слобода на својот народ но и за негово сплотување и меѓусебно поврзување, па затоа не ретки се примерите кога во истото учествувале и се истакнале голем број на личности од малцинските заедници на територијата на Македонија.

rafael-kamhiРафаел Моше Камхи е евреин од Битола кој бил еден од главните финансиери на МРО, како и директен учесник во Илинденското востание за Западна Македонија односно во Дебар и подоцна во Малесија. Роден е во битола во угледно еврејско семејство и усште во младоста кај него се јавила желбата да помага, да прави се што може за да се подобри животот на луѓето околу него.

Во 1894 година се запознава со Даме Груев и веднаш стапува во МРО и ќе стане еден од нејзините најголеми финансиери, но и еден од поактивните нејзини членови  така што тој ќе земе учество и во грабнувањето на Мис Стон. Тој дури по предлог на Централниот комитет во неговата куќа која што ја реновирал  направил и скривница во која што требало да се кријат членовите на Организацијата при евентуално дејствување во градот. Наскоро потоа неговиот дом ќе стане вистинско револуционерно гнездо бидејќи голем број четници и дејци ќе престојуваат во неговиот дом. Кон револуционерните идеи го привлекол и брат му Ментеш кој исто така ќе се истакне во револуционерното дело. Официјално станува член во 1896 година и е примен во организацијата лично од Гоце Делчев.Тој покрај тоа што бил финасиер на МРО исто така извршувал и курирски должности, бидејќи како богат човек и со големо реноме меѓу видните лица никој не го запирал и не го претресувал.

Иако некои директни учесници и историчари тоа не го регистрираат, според кажувањата на Рафаел Камхи, тој учествувал на Првиот конгрес на ТМОРО во 1896 година, во Солун, како битолски делегат на местото на Даме Груев, кој наводно не добил дозвола за патување. Зачуваните документи и официјалната историографија го регистрираат присуството на Даме Груев на овој конгрес. Но, според веродостојноста на спомените што Рафаел Камхи ги изнесува, очигледно и тој учествувал на Конгресот или, пак, бил добро запознаен со неговата работа. 
Факт е дека по овој конгрес, Рафаел Камхи добива една мошне значајна и одговорна задача: организатор на финансиските акции за помош на Организацијата, нејзин специјален курир и врска меѓу солунскиот Централен комитет, битолскиот Окружен комитет и Задграничното претставништво на Организацијата во Софија. Таквата активност во која учествувал и неговиот брат Ментеш, не можела да остане неоткриена од турските власти. Ноќта на 17 мај 1903 година, турска патрола влегла во домовите на двете еврејски семејства од битолското маало Али Чауш и со себе ги одвела браќата Рафаел и Ментеш Камхи. По пет-шестдневно задржување во битолската зандана, без да бидат изведени пред суд, само врз основа на полициски извештај од 21 мај 1903 година и службено писмо 133, тие се депортирани во Дебар. Таму тој поради голема корумпираност на османлиската власт успева да си ја купи слободата и да се поврзе со комитетот Скендер бег и да пребегне кон нив. Илинденскто востание ќе го затече во Дебарскиот крај и тој таму ќе се истакне како еден од најсмелите борци.

По востанието се враќа во Битола а од таму по наредба на Ѓорче Петров тој заминува за Софија за да пренесе информации за ситуацијата во Македонија.Имал неколку средби со видни личности од политичкиот свет но сепак најважна е средбата со кнезот Фердинад при која што средба Камхи ќе изјави: ”Јас му раскажав на кнезот Фердинанд подробно за целата историја на Востанието, за сите битки и за очекуваната помош од Бугарија да и објави војна на Турција. Ако тоа се случеше, немаше да ни се случи таа катастрофа. Ние ќе победевме. Но, за голема жал, од ваша страна останавме измамени, затоа што не ги исполнивте дадените зборови", а Неговото царско величество, принцот Фердинанд,  му се заканил дека за такви зборови заслужува најстрога казна.

Подоцна Камхи се до фашистичката окупација на Македонија ќе се ангажира за здомување на децата сираци, на вдовиците и општо на сите настрадани македонци во текот на многубројните војни притоа секогаш останувајќи чисто на своите идеали за слободна и независна Македонија. По фашистичката окупација тој требало да биде испратен во Треблинка но по залагање на Илиндеската организација и Македонскиот Национален Институт успева да се спаси со изговор на ИО и МНИ “како заслужен бугарин” иако тој  и самиот бил против овој епитет. По војната живе во Софија а во 1950 година се преселува во Тел Авив и таму ќе остане се до својата смрт во 1970 година.

Во текот на својот живот тој ги напишал своите спомени од кои еден примерок се чува во Архивот на РМ.

Рафаел Камхи со своето дејствување придонел многу кон Организацијата, ослободителното дело, но и општо за македонскиот народ благодарение на неговите домови,  детски болници, сиропатилишта кои од сесрце и неуморно ги поддржувал и финасирал. Низ неговите спомени можеме да наидеме на големо историско градиво за многу личности од Организацијата што е само уште една позитивност во неговото дејствување.

Се на се Рафаел Моше Камхи, евреин од Битола е еден македонски деец, човек со големо срце и душа, хуманитарец и борец за подобро утре, човек со добра мисла но уште похрабар дух.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.