Среда, 07 Јануари 2015   
Антоан Меје за македонскиот јазик

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

„Говорите на Македонија се дел на јужнославјанската група... Нивните говори, ...не се заправо ни српски ни бугарски, особено ако се мисли на писмениот бугарски јазик којшто се базира врз говори доста оддалечени од македонските говори.“ – пишува францускиот лингвист Антоан Меје во 1928 година.

Антоан Меје (Аntoan Meillet, 11. XI 1866 – 21. IX 1936) е еден од најзначајните лингвисти од почетокот на XX век и меѓу најистакнатите компаративни лингвисти на своето време. Служејќи се со компаративната метода разјаснил голем број важни прашања на индо-европските јазици. Има значаен придонес за славистиката.  

Во 1928 година, прочуениот француски лингвист Меје осврнувајќи се за јазиците на нова Европа (А. Meillet, Les langues dans d’Europe nouvelle, Paris 1928, р. 132 - 133.), за македонскиот јазик ќе напише:

„... Говорите на Македонија се дел на јужнославјанската група; оние што ги зборуваат можат, според околностите, да го земат за литературен јазик српскиот или бугарскиот. Нивните говори, различни меѓу себе, не се заправо ни српски ни бугарски, особено ако се мисли на писмениот бугарски јазик којшто се базира врз говори доста оддалечени од македонските говори. Без сомнение, упростувањето на именските форми е исто во Македонија како и во Бугарија, но тоа е резултат на една тенденција што се пројавува исто во српските говори од балканскиот регион. Учителите на бугарските или бугаризираните училишта спровеле во Македонија силна акција во последната третина на XIX век; и тоа им даде основа на Бугарите да ја присвојуваат земјата за својот општ јазик; но немаше континуирана акција на еден јазик на цивилизацијата; во средниот век имаше различни влијанија зависно од политичката ситуација; а по турското завојување литературната традиција престана да игра некоја забележлива улога. Па ако политичарите ги приклучуваа говорите на Македонија кон оваа или онаа група, незаинтересираните лингвисти можат само да го резервираат своето мислење.

Всушност овие говори не припаѓаат заправо ни кон едната ни кон другата група што се расправаат за нив. И, дури кога лингвистичките факти би ја имале онаа јасност што тие ја немаат, посебната сличност со другата група не би претставувала ништо решително. Детински е лингвистиката да интервенира во гранични прашања од ваков вид. Политиката ќе ја реши јазичната иднина на Македонија.“

Лингвистиката одамна си го кажа своето за посебноста на македонскиот јазик, но политиката која се води од соседството како сеуште да се наоѓа во последната третина на XIX  и почетокот на XX век. Сеуште постои сонот за Санстефанска Бугарија, поради кој се негира постоењето на македонскиот јазик, како и македонскиот народ.

Неодамна Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науките објави „Карта на диалектната делитба на бугарски јазик“ во која македонските дијалекти се прогласени за дел од бугарскиот јазик. Според младите бугарски лингвисти бугарскиот дијалектен јазик се открива во и надвор од државните граници на Р. Бугарија во трите историско-географски области: Мизија, Тракија и Македонија. Пародијата да биде поголема, овој проект во кој не се почитуваат аргументите на голем број светски признати лингвистички авторитети, и со кој се негира постоењето на македонскиот јазик, бил финансиран од фондовите на ЕУ.

По објавувањето на бугарската дијалектна карта, слична на картата на нереализираниот Руски проект за Санстефанска Бугарија, реагираше и Институтот за македонски јазик кој во своето соопштение меѓудругото вели:

„ Неразумно е во втората деценија од XXI век бугарските млади лингвисти да ѝ служат на една пропадната мегаломанска идеја на политичарите од XIX век, на нивниот сон за Санстефанска Бугарија, во чии рамки влегуваше и етничка Македонија. Неразумно е, зашто бугарските млади лингвисти, родени по Втората светска војна, не треба да бидат оптоварени со политиката на нивните претходници, кои верно ѝ служеа на едноумната Бугарија...

... Дали денот на претставувањето на (не)делото Карта на диалектната делитба на бъгларския език“ – 8 декември е случаен избор? Тој ден е празникот Свети Климент Охридски–патрониот празник на Македонската православна црква–Охридска архиепископија, на сите Македонци и на сите православни христијани.

Може ли толку упорно да се негира јазичната реалност?

Бугарскиот дијалектен систем е една реалност, а македонскиот дијалектен систем е друга реалност. Тоа не го мислиме само ние, нивните колеги, од ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Република Македонија туку и сите објективни толкувачи на лингвистичката реалност; сиот разумен свет, кој го почитува авторитетот на лингвистичките аргументи...

Чуму им е политиката на бугарските млади лингвисти? ... Им пречи ли посебниот македонски идентитет, одделното себепрепознавање на Македонците, наспрема нивниот бугарски идентитет? Така ќе да е. Но, белким така не се градат добрососедските односи во Европската Унија!?

Македонскиот дијалектен систем, на кој се базира македонскиот стандарден јазик, има свое минато, има своја сегашност, а цврсто сме уверени дека ќе има и своја иднина.“

Многу одамна лингвистот Антоан Меје ќе предупреди дека е детински  лингвистиката да се стави во служба на одредена одживеана политика. Но, затоа пак со вакви игри на младите лингвисти не се градат добрососедски односи, туку напротив, тие создаваат непотребни тензии кои можат да имаат реперкусии врз самите нив.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.