Среда, 14 Јануари 2015   
Василичарски традиционален дух во Зубовце

EmanuelВасилица во гостиварското село Зубовце се слави со децении наназад, од 1990 година наваму повеќе, во едноумието се славеше меѓутоа тие што беа во тогашната комунистичка партија не ги отвораа вратите за василичарите, денес тоа веке не е пример, денес сите ги отвораат широко вратите.

Празничен Василичарски амбиент, Василичари од рано наутро, уште пред зорите, така осамнува во гостиварско Зубовце. Раздвижено и весело. Селото се буди со песна, со чукање на врата, со честитки и желби за добра среќа, здравје и бериќетна година. Сите прославуваат, и тоа трае со традиција, се предава од прадедо на внук. Василичарите секоја година почнуваат со посета на домовите и шетање по селото на 13 после полноќ, спрема 14. Јануари, и тоа се до раните утрински часови наредниот ден. Утрото прво одат поголемите дечињата во групи од куќа на куќа, пеат василичарски песни и се дарувани од домаќините со колбаси, јајца, пари, грав и кој што се спремил со дарови, но вообичаено даровите се храна и пари.

Утрото за најмалите дечиња кои со своите родители или со баба и дедо одат кај соседите и блиски пријатели, во чест на Василичарската традиција, повеќе служи најмалите да се навикнат на оваа традиција.

На 14ти, во текот на денот, василичари се повозрасните, се маскираат, со себе носат музичари, и исто како и помалите собираат подароци од домаќините, од колбаси, пари, грав, ракија, вино, јајца, овошје, па и по некој орев и костени

И годинешниот јануари за ова потшарпланинско село ќе биде голем и убав ден. Мини - маскенбалот, песните и дружењето ќе ги развеселат зубовчани и гостите кои се очекуваат да дојдат.

Ова е и денот во кој доаѓа до израз вдахновеноста особено на младите за изработка и носење на најразлични маски кои го надополнуваат севкупниот василичарски амбиент а учествува од најмладо до најстаро или пак со еден збор кажано жителите на Зубовце едноставно живеат за овој празник. Наредниот ден, Василичарите во Зубовце во чест на Свети Василиј Велики се собираат во црковниот храм Света Огнена Марина за да му оддадат почит на светецот и да спремат храна од собраните дарови.

Во Зубовце секоја година откога ќе заврши адетот со василичарите се вари вкусно зубовско гравче со сланина и се канат зубовчани на празничната трпеза.

Веселбата тука не завршува, се слави и наредните неколку дена се додека Василичарите имаат од храната која ја собрале.

Македонска нација

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.