Среда, 14 Јануари 2015   
Александар Велики неговата љубов кон Мудроста, науката и неговите полемики со Филозофите

ivan-zdravevski
Иван Здравески

Пасија кон природните науките а пред се кон филозофијата, младиот Александар ја должел на прочуениот  филозоф Аристотел кој прв му ја всадил љубовта кон филозофијата.

Аристотел (384-322 г.п.н.е)

Бил роден во Страгира ( меѓу ново село и извор , Мадемско Егејска Македонија). Татко му Ниомах бил Лекар на македонскиот крал Аминта III.

Подоцна и Аристотел, Благодарение на Филип II Македонски,  имал можност да го подучува младиот Александар, кој пак  покрај етиката и политиката,  навлегол и во тајните на подлабоките науки , што филозофите ги нарекувале акромаички  и епоптички.

Александар гаел љубов и кон медицината , не ја заскала само теоријата на лекарството туку и на своите болни пријатели им помагал во нивните болести, им определувал некакви лекови и им давал упаства за начинот на живеење, како што тоа се дознава од неговите писма, кои и ги праќал на неговата мајка Олимпија со која ја известувал за своит воени походи на Исток.

По природа Александар ги сакал науката и читањето. Во Илијадата тој ја разгледувал како патоказ на воената храброст и така и ја нарекувал. Од Аристотел тој го добил неговото  издание кој тој го нарекувал Издание од Ковчеже“ секогаш лежело покрај камата под неговата перница.

Со оглед на тоа дека што во внатрешноста на Азија не можел да најде многу книги , му наредил на Харпал да го снабди со нив . Тој пак му пратил Филистовите дела, многу трагедии од Еврипид, Софокле и Ајсхил, а покрај тоа и дитирамбите на Талестит и Филоксен.

Александар го скал и почитувал Аристотел за него велел дека го сака: исто  како татка си , зашто нему му го должам животот, а на овој својот поубав живот“.

            Сепак во подоснежниот живот таа блискост и наклонетос ќе се промени повеќе ја немало онаа обноска , онаа топлина и љубов , што полека се прифатило како знак дека се отуѓил од неговиот учител.

Меѓутоа сепак, од душата не му исчезнала големата љубов спрема филозофијата, што веќе  еднаш му била всадена уште од млади нозе  и била негувана во него.

Делата на Аристотел ќе одиграат огромна улога во подоснеж ните векови и милениум на човеката историја, посебно огромно влијание ќе имаат кон филозофските теолошки размисли во исламските филозофи(Аристотел меѓу исламските  интелектуалци бил познат како “Учителот“

) и еврејските традиции. Во Периодот на среден век а ќе продолжат и во христијанската теологија, особено схоластичката традиција на католичката црква.

Диоген од Синопа

(413-323 г.п.н.е)

Позната грчки филозоф, преставник на Цинизмот кој катадневно го критикувал Атинското Општество, посебно нивниот начин на живот,  кои претерано живееле во изобилство и неконтролирано го расфрлале својот имот. Така и заживеала неговата идеја за апсолутен цинизам, според која го ориентирал неговиот живот.

Кога Елините се подготвувале за долгоочекуваниот поход кон Персија кој го Предводел Александар на неговиот повик дошле сите видни луѓе од Атина и пошироко сем, самиот Диоген од Синопа или Диоген кучето како што “умееле “ да го нарекуваат мештаните.

Слушајќи за неговите филозфии а посебно за неговиот начин на живот, а пред се  тоа што отворено го презирал  бахалниот живот на Атињаните, Александар сам решил да го посети овој Велики Мудрец и филозоф.

Кога видел Диоген дека му се приближуваат толпа од луѓе лежејќи се подисправил и со поглед,  гледал кон Александар, кој пак љубезно го поздравил и го прашал дали може да му направи некаква услуга . На што пак Диоген му одговорил :“Тргни ми се од сонцето!“ , од ваквиот одговор бил вчудоневиден Александар кој пак на тоа бил мошне изненаден и покрај тоа, што тој човек не му посветил никакво внимание, бил зачуден од неговата горделивоти од неговата душевна големина. На враќање кога луѓето од неговата придружба почнале да праваат шеги тој им одговорил :“Навистина кога не би била Александар, би бил Диоген“.

Некои легенди спомнуваат дека Александар го прашал Диоген меѓу другото зошто имал толку многу коски околу неговото буре(кое било негов дом).

На што пак Диоген му одговорил:“Ги барам коските на својот татко, но не можам да ги разликувам од коските на робовите“, што секако и ова криело филозофска размисла. Диоген  бил позната и по онаа чувена реченица Јас сум граѓанин наС ветот“. Првиот Космополит на човештвото.

Индиските Софици

На својот поход кон Индија Александар наидол и на цврстите индиски софици кои на вешт и мудар начин го подбуцнувале Саба (индискиот поглавар на племето) против Александар, тој решил тие гимностефалисти да бидат фатени.

Со оглед на тоа дека за нив се знаело дека биле кратки во своите одговори и доста духовити.

Александар Решил да има постави неколку загатки, додавајќи дека првин ќе го убие оној кој нема да одговори исправно, а потоа со ред другите. На најстариот му нардил да биде судија, Така првиот го добил следново прашање :Што мисли , има ли повеќе живи од мртви?? Тој одговорил  “Живи , зашто мртвитегинемавеќе.На прашањето дали земјата или морето храната повеќе животни ? вториот одговорил :,, Земјата зошто морето е само еден нејзин дел од неа! “ На прашањето кое животно е најлукаво:? Третитот одоговорил :“Она кое човекот досега не го запознал Четвртиот го добил прашањето зошто го натерал Саба да се одметне? На што одговорил: Зошто сакав , или убаво да живее, или убаво да умре Петиот го прашал : што мисли , дали првин настанал денот или ноќта ? Тој одговорил : “Денот за еден ден настанал пред ноќта.“ кога кралот се зачудил на ваквиот одговор, тој додал :“На тешки прашања се одговара со тешки одговори“. Потоа кралот му се обратил на шестиот и го прашал :како може човек да стане најомилен? Одговорот гласел :“Ако им анајголема моќ, а не е стршен !“ Од другите тројца , на прашањето “како некој од човек би можел да стане Бог “ еден одговорил :Кога ќе направи нешт ошто човек не може да го направи !“ Вториот го добил Прашањето што е посилно ? животот или смртта ? На што добил одговор:“ Животот, зашто поднесува толку зла!“ Последниот го добил прашањето : “До кога е паметн човек да живее“  Одговорот гласел :“Додека самиот не смета дека е подобро да биде мртов, отколку жив !“ Потоа кралот му се обратил на судијата и му наредил да го каже својот суд.

Судијата изјавил дека еден одговор бил полош од друг, на што кралот рекол :“Значи ако вака судиш, ти прв ќе загинеш!“ “не кралу!“ –продолжил судијата –“Инаку ти би лажел кога рече дека ќе го убиеш првиот што најлош оќе одговори“.

Најпосле кралот ги дарувал сите овие мудри луѓе за нивната мудрост  и ги пуштил.

Крајот на оваа моја колумна би заврши со зборовите на Александар.

            Јас повеќе би ги проучувал другите затоа што е добро, отколку за мојата моќ и доминација

Александар III Македонски

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.