Среда, 14 Јануари 2015   
Хуманитарен караван на УМС во Западна Македонија

vmro-umsm 7

Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ ја продолжи хуманитарната акција во Западна Македонија.

Карванот на УМС на ВМРО ДПМНЕ, предводен од генералниот секретар Бојан Стојаноски, организациониот секретар Дарко Костовски и членовите на Извршниот комитет, Камелија Спасова и Александар Карапетров, реализираа неколку посети на различни локации во Западна Македонија.

ums3

Претставниците на УМС, како дел од акцијата „Се грижиме“, со која се опфатени голем број на различни категории на лица на кои им е потребна поддршка и помош, во пресрет на Стара нова година, го посетија пензионерскиот дом во Тетово. Покажувањето грижа и разбирање за потребите на постарите лица од страна на младите од владеачката партија, кај пензионерите предизвика пријатни чуства и измами среќна насмевка на нивните лица. По изменетите честитки, младите на УМС се приклучија на празничниот ручек, поминувајќи пријатни моменти во неколку часовното дружење.

ums2

По посетата на пензионерскиот дом, карванот ја продолжи својата мисија во село Стенче-Општина Брвеница. Тука преставниците на УМС посетија социјално загрозено семејство на кое донираа храна. Воочувајќи ги тешките услови во кои живее семејството, младите сили на владеачката партија договорија голема хуманитарна акција со која би се обезбедило мебел за нивниот дом.

ums4

Од Брвеница, караванот продолжи за селото Сиричино, Општина Јегуновце. Во рамки на акцијата ,,Биди и ти нечиј Дедо Мраз'', младите поделија пакетчиња на многудетно семејство, на кои само пред еден месец куќата им настрада во пожар. Искрената насмевка на дечињата од оваа семејство, беше најголемата награда за претставниците од УМС.

ums5

Меѓутоа, карванот на преставниците на УМС, не заврши овде. Тие заминаа во село Јегуновце, каде се сретнаа со тамошните пензионери на меѓугенерациско дружење, средба помеѓу искуството и енергијата.

ums7

Денешниот караван заврши во село Лешок, Општина Теарце, каде претставниците на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и младите на УМС од Теарце, заедно го посетија Лешочкиот манастир. Од ово место, симбол на македонскиот непокор, младите порачаа: „тоа што за повеќето претставува малку, за некои луѓе е премногу“.

ums8

Младите на УМС на ВМРО ДПМНЕ од секогаш биле и ја негувале хуманоста, од секогаш знаеле да се грижат и да ја подадат раката на тие на кои помошта им била и им е најпотребна. А да се биде хуман, значи да има се повеќе насмеани лица.

ums6

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.