Коментари

Бугарите во 1903 година го нарекувале Гоце Делчев „куче“

Александар Џеповски

Александар Џеповски

„Најпосле се ослободивме од тоа куче, го убија“

Ова е таа таканаречена „заедничка историја“ со Бугарите. Го нарекувале Гоце Делчев со погрдно име затоа што едноставно им пречел, немал ништо заедничко со нивните цели и со сета душа се борел против нивните намери.

Ова е уште еден доказ дека Бугарија игра нечесни игри и дека историјата и вистината за неа се само измислени поими и ветер во магла. Деновиве на интернет може да се прочитаат и тврдења дека Бугарите порано, но и денес, ги прогласуваат дури и Јапонците за Бугари со наводно „99 проценти докажана ДНК“.

Затоа воопшто не изненадува што во 1903 година Гоце Делчев го нарекувале „куче“, а денес го прогласуваат за Бугар и за една од најважните личности во нивната „историја“.

Кога станува збор за Бугарија, сè е можно. Толку големи историски фалсификати, правени со целосна посветеност, тешко дека може да направи некој друг во светот. Во тоа ги надминаа дури и Грците.

Гоце Делчев не бил убиен само од куршумите на османлискиот аскер. Напротив, во грб му пукале и Бугари кои се претставувале како доброволци, а во своите редови имале и македонски јуди.

Тие се нарекувале врховисти.

НЕКА БИДЕ ОВА ДОКАЗ, ДА СЕ РАШИРИ НАСЕКАДЕ И НЕКА СЕ ЗАПАМЕТИ ШТО БЕШЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЗА НАС И ШТО ЗНАЧЕШЕ А ВОЕДНО И КАКО ГО НАРЕКУВАА И ШТО МИСЛЕА ЗА НЕГО БУГАРИТЕ. ПА ДА ДОЗВОЛИМЕ ГОРНИОТ ДА СУДИ И ПРЕСУДИ ЗА ВЕК И ВЕКОВИ

АМИН !!!

Оригинален документ

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top