Коментари

Ламбе Арнаудов: Крикот на немоќта на грешните и анксиозни есдесовци!

Ламбе Арнаудов

Ламбе Арнаудов

Тројца осведочени државокрадци, а во конкретниов случај и рибокрадци, без дозвола ловеле риба цел ден. Немале никаков успех, но непосредно пред заминувањето Зоки, Таче и Венко фатиле златна рипка.

Рипката веднаш им рекла дека, доколку ја пуштат, ќе им исполни три желби за Македонија. Но тројцата, наместо да ја ослободат, ја испржиле.

Ја испрживте, ја чуросавте и ја пеплосавте Македонија!

Гревовите што ѝ ги нанесовте ниту можат да се избројат, ниту лесно да се запишат. Но сите до еден засекогаш остануваат длабоко врежани во колективната меморија на македонскиот народ.

Како што често укажувам, проклетството на совеста порано или подоцна безмилосно ќе го стигне секој што се огрешил. Некого порано, некого подоцна, но никого нема да го одмине.

Ве стигна и вас. Ве нападна со сила правопропорционална на големината на вашите гревови. Свесни сте за тоа, иако до таа свест не дојдовте самите.

ВМРО-ДПМНЕ, заедно со народот, ве разоткри и ве претстави во сета ваша црнила. Тоа ви предизвика тежок политички стрес, поврзан пред сè со вашата несигурна и неизвесна судбина, а не со некакви повисоки вредности и мотиви, кои за вас отсекогаш биле непознати.

По стресот следува анксиозноста.

Долго време, и сè посилно, ги покажувате симптомите на политичка паника и немоќ: неконтролирани изливи на бес, себичност, тешки немири, невистинити и бесмислени обвинувања, постојано повторување на истите тези и ирационални ставови за решавање на проблемите — од наједноставните прашања до највисоките патриотски и родољубиви цели.

Овој притисок вие, есдесовците, не можете да го издржите. Брзо станувате немоќни да се носите со товарот на сопственото политичко минато, а камоли да решавате проблеми од поширок општествен интерес.

Сето тоа води кон единствениот можен епилог: станавте опасен политички елемент за целото македонско општество.

За среќа, ’рѓата што ја носите во себе не може да го зафати благородниот и не’рѓосувачки елемент од кој е изграден македонскиот народ. Народот ве смести во политички карантин, од каде што повеќе не можете да ги ширите своите погубни политики и да ги загадувате благородните идеи и чувства на чесните луѓе.

Поради сето ова, ви преостанува да појдете до „Пластичарска“, да купите евтин плагијат на познатата слика „Крик“ од Едвард Мунк, да го закачите во вашите партиски простории и конечно да признаете дека крикот на немоќта е вистински. Престанете да го залажувате и сопственото членство.

Евтиниот плагијат би бил најсоодветната слика за трајната состојба на вашата некогашна партија, која веќе подолго време наликува на бледа копија на она што некогаш тврдеше дека е.

Господине претседателе Христијан Мицкоски,

Вам и на ВМРО-ДПМНЕ ви благодарам што смело тргнавте во одбрана на возвишените цели, неопходни за зачувување на нашата татковина Македонија.

Со својата посветеност предизвикавте политички стрес кај противниците на народот, ги направивте несигурни и ги онеспособивте понатаму да ги распродаваат највисоките национални обележја што ја потврдуваат посебноста на македонскиот народ.

Ваква ментална сила, надмоќ, љубов, патриотизам, родољубие, праведност и решителност во одбраната и претставувањето на Македонија одамна не сме виделе.

Ова е долгоочекуваната и посакувана ренесанса на македонскиот дух — широко прифатена, видлива и цврсто прегрната од граѓаните. Таа треба да биде запечатена и зачувана за век и веков како дел од македонската судбина.

Тоа е судбина што не ни беше однапред подарена, туку е плод на нашата борба и залагање за остварување на возвишените цели. Денес таа борба ја предводат ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, кој со скромност и одлучност настојува да ги оствари соништата на својот народ, не задржувајќи ништо за себе, освен најголемата благодарност:

Тоа што несебично ѝ го подари на Македонија.

Ќе помине време, а историјата ќе остане единствениот вистински сведок за настаните и личностите. Таа ќе ги демантира лагите и самопрогласените лажни големини.

Едно е сигурно: историјата на Македонија овој величествен период од борбата на македонскиот народ ќе го подели на два дела — пред и по доаѓањето на Христијан Мицкоски.

Ознаки: Ламбе Арнаудов, Македонија, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, СДС, Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Венко Филипче, македонски народ, македонски национални интереси

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top