Коментари

Бурак Кечаи: до Христијан Мицкоски за расчистување со правосудниот хаос

Повик до премиерот за воспоставување на правната држава и враќање на довербата во институциите преку бескомпромисна борба против неправдите и политичките влијанија во судството

Преземено од ФБ статусот на Бурак Кечаи

Поддршка и повик до премиерот Христијан Мицкоски за конечно расчистување со правосудниот хаос

Во држава во која правдата со години се доживува како привилегија, а не како право, дојде време за да се смени. Граѓаните на Македонија предолго живеат со чувство дека законите за едни важат, за други не важат.

Правосудниот систем, наместо гаранција на правдата, многу често се претвора во алатка на моќта. Тоа мора да заврши. Затоа денес, повеќе од кога било, е потребна јасна политичка волја, храброст и решителност.

Ова е повик, но и отворена поддршка до премиерот Христијан Мицкоски, да го направи она што со години беше избегнувано: да расчисти со неправдите во правосудството.

Не станува збор за реваншизам, станува збор за враќање на довербата и воспоставување ред.

Граѓаните бараат систем кој функционира, бараат институции кои не се плашат, судии и обвинители кои судат по закон, а не по наредба.

Да се отворат сите случаи, да се прекинат сите врски помеѓу политиката и правосудството, и најважно, да се покаже дека никој не е над законот.

Премиере Мицкоски, ова не е само политичка обврска, ова е одговорност. Ако успеете ќе ја вратите надежта, ако не, ќе продолжи разочарувањето кој со години ја држи државата во место.

Затоа, сега е време за одлуки што ќе ја дефинираат иднината на сите граѓани во Македонија без разлика на вера, нација или партиска определба.

Најново од: Коментари

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

Историските судбини на Македонците и Абориџините

Историските судбини на Македонија и на Абориџините (првите народи на Австралија) припаѓаат на два целосно различни контексти — европскиот геополитички и глобалниот колонијален контекст. Сепак, анализирано од аспект на социологијата и филозофијата на историјата, меѓу нив постојат силни паралели во механизмите на страдање, обидите за асимилација и борбата за самобитност. Македонија: По Балканските војни и […]

Зошто на бугарските политичари им пречи рамноправна Македонија во Европската Унија?

Што би изгубила Бугарија доколку покрај себе има стабилна, напредна и рамноправна членка на Европската Унија? За бугарските граѓани тоа би значело постабилно соседство, подобра поврзаност и поголеми можности за соработка. Но за политичарите што ја користат европската перспектива на Македонија како средство за условување, таквиот развој би значел губење на важна политичка предност. Токму […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Најнови вести

To top