Култура и туризам

Ѓаволот и пчелата

Tome-Veljanovski

Tome-Veljanovski

Наследниците од потомството на првите луѓе на земјава, Адам и Ева, почнале сé повеќе да се размножуваат. Господ им ги дал сите благослови надвор од Рајската градина да живеат со пот и работа. Господ сакал да им направи на адамовите потомства воденица за мелење брашно и да го олесне начинот на живеење. Направил млин – мелница на вода за мелење брашно по негова замисла. Го наполнил кошот со жито и ја пуштил водата низ јазот во буката да го врти воденичкото коло. Тоа го завртило воденичкиот камен, го отворил вратничето на кошот да течи жито, кое се сомлело. Господ го пробал брашното, по вкус негов, ама не го бендисало, оти било поцрно и горчливо. Пробал да ја открие грешката, но не успеал.

Отишол кај ѓаволовата воденица каде и тој мелел брашно од какол. Го пробал брашното од какол, по боја црно, ама нема горчина и мирис. Прашал: “Ѓаволе, каква грешка имам? Сомлев пченица, ама брашното има маана, поцрно е и горчи”. Ѓаволот му рекол: “Ќе видам, само не сакам ти да бидеш тука за да не ја преземеш мајсторијата. Ако треба нешто да изменам или поправам, ќе биде без твое присуство”. Господ прифатил. Се договорил со пчелата да ја сокрие и таа да набљудува и да му ги пренесе сите откриени грешки. Ѓаволот ја затворил вратата, развардил околу и почнал да ги отстранува господовите грешки. Чинел со стапот – ластарот, преврти го делот и речи “Ова не треба вака, треба вака! Ова треба вака, ова вака!”. Ја пуштил воденицата да мели, го пробал брашното, кое било бело и вкусно. Откако ја завршил работа, пчелата летнала кон Господ да му го каже марифетот. Ѓаволот го слушнал брмчењето на пчелата, се пуштил да ја фати и да ја отепа. Не успеал. Пчелата побегнала во шумата и се пикнала во шуплините на старо дрво. Ѓаволот ги затнал сите дупки со клечки. Со прачка буричкал да ја бара. Ја погодил пчелата во половината и ја прекршил, но останала жива. Пчелата повредена летнала кај Господ да му ги кажи грешките, откриени од Ѓаволот. Господ ја закрпил пчелата, а таа оздравела, но останала потенка во половината. Глуждовите што денес се во дрвото, се остатоци од клечките со кои Ѓаволот ги затнувал дупките и ја бркал пчелата. Господ ја благословил пчелата до век и векови. “Човекот ќе се блажи од твојот труд и пот и на леб ќе го мачка. Од сé повеќе ќе го сака. Од сласт и прстите ќе ги лиже и за лек ќе служи”.

Затоа, денес, техниката се чува во тајност, оти тоа е ѓаволски изум. Ѓаволот, каков – таков, туѓо сака сé да знае, ама своето не го открива. Старите велат, техниката е ѓаволска работа, а не господова.

Не е позната етимологијата на зборот воденица. На македонски јазик е мелница или мелица за мелење брашно, пребор, крши ситни нешто. Да се направи воденица, мелница на вода, потребни се повеќе услови, како местото за довод на водата, височината на местото, јачината на водата, познавање за траењето на водената сила, сончевата местоположба заради топлина зиме… По одредувањето на местото, се копаат темели на куќата. Се ѕида воденицата, со оставени места за врата, прозорци и за водното коло. Се покрива и се израмнува внатре. Се оставаат две устинки за довод на водата до колото и одвод и истек. Се монтира колото како задното колце од запрежна кола. Но, со големо главина со наредени плоскати дебели перки, прицврствени во дрвени перничиња. Околу има голем обрач, кој ги држи перничињата. Внатре, над воденичкото коло се ѕида неподвижен воденички камен со дупка во центарот. Низ него се спушта оската за движење на колото туркано од силата на водата. Се прицврствува во главината на колото кое лежи хоризонтално. На горниот дел на оската се монтира вториот подвижен камен воденички и се прицврствува за оската. Тој се токми за поситно и појадро мелење и за клепање на двата камења. До неподвижниот камен се прави амбар за течење на сомеленото брашно или пребој. Над него се монтира конусен дрвен кош, поврзан со преносувач на оската за тресење на житото од кошот за да течи во камења за мелење. Брашното зависи од квалитетот на житото, воденичкиот камен и од мајсторлакот на воденичарот. Кванитетот зависи од водената сила. Водата го врти системот со буката, а притисокот ја одредува брзина. И тука има механизам за одредување на водата. Ако водата во јазот има голем капацитет на притисок, се отвора механизмот да истекнува повеќе вода од воденичкото коло или пак се намалува количината во јазот со испуштање вода во реката. Се пушта водата низ буката, претежно метална од буриња до воденичкото коло, кое го движи со голема брзина и проработуваат сите механизми. Кошот пушта жито, камењата го мелат и сомеленото брашно тече во амбарот и се собира во вреќи.

Има мајстори за воденици. А водениците работат од есен до крајот на пролетта, додека има силна вода. Во тоа време, сите домаќини мелат жито за брашно. Инаку одат подалеку, до манастирот Чебрен во Мариово и други места во работното летно време.

Во Првата светска војна, манастирот и воденицата биле разурнати и не се поправиле.

Додека работеле водениците преку зима биле собиралишта на луѓето. Стопаните правеле печалба од наплатената такса, ијем, за сомеленото брашно. Ноќе се правеле разни мангал муабети. Оттаму излегувале вести за арно или лошо. Жените, перачки, по реките ги пренесувале и ширеле вестите. Водениците исчезнале со појавата на модерните фабрични камења после Првата светска војна. Марулските камења за водениците биле прочуени и барани дури до Солун.

Томе Велјановски Марулецот

Гетеборг Шведска

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

To top