СТОЈАН НОВАКОВИЌ ДО ЧЕДО МИЈАТОВИЌ: (Цариград, 1888 год.)
“Само вистинските сметки се остваруваат, а во политиката се вистинити само оние сметки во кои нема ни малку илузија. Од тоа гледиште, а по прашањето за поширокиот српски продор во Македонија, мораат како стварна основа да се земат овие точки:
1. дека македонскиот дијалект е поразличен од српскиот и од бугарскиот, но дека има сличности и со едниот и со другиот;
2. дека бугарската пропаганда до сега голема грижа полагала разликата меѓу македонските дијалекти и српскиот јазик на секаков можен начин да ја обележи и искаже;
3. во српскиот интерес е дека мора да се појде по истиот пат, но стрпливо, солидно и систематично со нови оригинални средства, поединечно употребувајќи се што може да ја намали разликата меѓу српскиот јазик и македонскиот дијалект, спротивно на горе наведените бугарски стремежи.
Во тој правец и се чини дека е најпотребно составување на еден посебен Буквар на македонскиот дијалект за Македонија. Во тој Буквар би требало со македонскиот да се измеша и српскиот Буквар, но така да македонскиот биде две третини, а српскиот една третина, и тоа во втората половина.
Букварот треба да се напише со српски правопис, со сета употребливо внимание за вистинската чистотта и добра транскрипција на македонскиот дијалект”
Архив Србије, МИД, ППО,II,225, 1888;
Б. Ристовски, Портрети и процеси…,1, стр/542;