Култура и туризам

Да се патува по Тибет, покривот на светот, значи да се патува низ историјата и низ времето

tibet

tibet

Саво Костадиновски

Одамна ми беше скроен планот за едно подолго поклоничко патешествие по Тибет, Кина и Индија, требаше само да дојде денот кога ќе тргнам, а дојде наредната година. На долгиот двомесечен пат тргнав со одбрана група, составена од продуховени, просветлени и богопонизни луѓе. Тие беа со добри сознајби за источноазискиот побожен свет и тамошната религиска традиција и сегашна реалност. Сакав да узнам какво е поклонението на тамошните луѓе по патот на милоста божја.

Да се патува по Тибет, покривот на светот, значи да се патува низ историјата и низ времето… Таму историјата како да добила поинаква димензија и значење. Има многу траги кои упатуваат на тоа, а има траги од далечни времиња кои дури тешко може да се датираат. Затоа имав чувство како да се раздолжила историјата таму.

Тибет е поинаков од сиот свет.

Тибет го доживеав поинаку од сиот друг свет.

Секој белег од светото минато и секој храм како да ја има исцелителната енергија за душите, с# што се гледа е божјо дело, дадено за сите божји чеда, да им ја враќа врбата во животот, богоразумно да ги применуваат десетте божји заповеди…

Во таква опкруженост богомолно заживеав…, чувствував дека тоа патување е само продолжение на моето патување во Ерусалим во 1974 година, во Лорд во 1995… Чувствував дека минувам по судбописен живот, со благоверност, со самооткривање на сопствената природа во себе, почитувајќи ги правилата на еден богомолец кој се учи на сопственото благотворение. Колку и како го чувствуваш божјиот дух во себе? Знаеш ли како правилно се верува? Колку се верува за да си верник? Дали твојата верба ти поставува прашање дали сите религии водат кон бога? Како се доаѓа до блажен дух, кои се спиритуелните пораки кои водат кон бога и кон себеси?

И вербата и мудроста го учат човека како да му се радува на животот и како да се запознае себеси, зашто ништо во светот нема позагадочно од самиот себе. Ако се разоткрива, ја наоѓа самодовербата, па хармонијата на духот, телото и разумот, а таа хармонија доаѓа од дното на душевниот мир. Тогаш многу помалку се греши, а за награда ни доаѓа среќата, која сама по себе е како илустрација на сликата на животот.

Запознавајќи го светот, се запознаваме себеси. Запознавајќи го Тибет, запознав уште нешто од себеси.

Има многу сили што го држат дрвото на кое е разгрането нашето битие.

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top