Култура и туризам

ПУБЛИКАЦИЈА ЗА СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО ВО СВЕТОТ (14)

1sae21

1sae21

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

За егзодусот на Македонците, расеани на сите континенти по светот и нив­ната вековна битка за опстанок и зачувување на својот национален иденти­тет се напишани голем број текстови и дела во Македонија и во македонското иселеништво. Сите тие документи се дел од историјата и судбината на Македонците од етничка Македонија.

Дел од таа документација за егзодусот Славе Катин зборува во публикацијата „Македонски иселенички паноптикум“.Тоа е издание на Друштвото за наука и уметност од Битола, отпечатено во 1996 година, на 296 страници на македонски јазик, чиј рецензенти се проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и проф. д-р Петре Георгиевски. Негова преокупација се пул­са­­ции­те на нивниот ангажман во изградбата на новата и одржување­то на врските со старата татковина, со што во иселеничката галаксија вгра­дува нови и привлечни соѕвездија, со кои е автентичен и препознат­­лив, не само на нашите, туку и на други меѓународни простори, на кои, не слу­­­чај­но, е се’ почесто присутен.

Во овој труд, низ прилозите кои својата прва промоција ја имаа на бројни симпозиуми, конференции и трибини во земјата и светот, Славе Николовски – Катин открива еден навидум познат, а, всушност, недоволно осознаен феномен на Македонците во дијаспората: способноста за нивно брзо адаптирање и интегрирање во новата средина (радикално поинаква во секој поглед); изостреното чувство за прифаќање на новите општествени норми и стандарди и успешното вклучување во новите економски и социјални процеси. Таквиот modus vivendi им овозможува да го свртат вниманието на тамошниот естаблишмент врз сопствените цивилизациски вредности и врз својот автентичен геокултурен автопортрет, со кој Македонецот е препознатлив, речиси, на сите меридијани.

Авторот на оваа книга, во секој случај, нуди една нова диоптрија за поинакво фокусирање на миграционите процеси меѓу Македонците, за едно подлабоко проучување на овој феномен, кој своите вистински димензии, значења и суштина, сé повеќе ќе ги добива токму во оваа фаза од развојот на Македонија како самостојна и независна држава, како рамноправен меѓународен субјект, прифатен и признат од светската заедница на народите, со својата историја и култура, без чии вредности не може ни да се замисли ризницата на светската култура.

Дел од богатствата на македонскиот дух, преку фолклорот, музиката и песната, носијата, накитот и резбата, веќе се присутни на културните простори на државите во кои Македонците се времено или трајно населени, како што е присутно и нивното книжевно творештво на својот мајчин или на јазикот на кој зборува мнозинскиот народ. А, се пласираат и афирмираат низ сопствените печатени или електронски медиуми и воопшто низ повеќе насочената комуникација, која сé поинтензивно се остварува меѓу деловите на македонскиот народ во светот со нивната матична држава – Република Македонија.

Во „Македонскиот исе­­­ленички паноптикум“, Славе Катин, низ сите аспекти, тоа евидентно го по­ка­­жува и докажува, откривајќи низа значајни визури од животот и деј­ству­­вањето на македонското иселеништво во развојот и унапредувањето на економските и културните процеси во тие држави, со што и ги збогатува општите сознанија за скромниот придонес на Македонците и на овој план.

Причините за тоа, не се само во ди­стан­цата од родниот крај или во носталгијата за него, туку и во чувството за припадност на една стара етничка заедница, чиј опстанок зависел и за­виси од функционирањето на законитостите релевантни за „осво­ју­вање“ на просторот во рамките на други планетарни простори и цивилизации.

На промоцијата во Друштвото за наука и уметност во Битола, д-р Трај­ко Огненовски истакна: „Македонскиот иселенички паноп­ти­кум“ на Катин нуди една нова диоптрија за поинакво фокусирање на ми­гра­цио­ните процеси меѓу Македонците. Таа е книга за едно пофундирано проу­чување на овој феномен, кој своите вистински димензии, значење и суштина, се’ повеќе ќе ги добива токму во оваа фаза од развојот на Ма­ке­донија, како независна држава и рамноправен меѓународен субјект, прифатен и признат од светската заедница на народите, со своја историја и култура, без чии вредности не може да се замисли ризницата на свет­ската култура“.

Исто така, на Печалбарските средби во Вевчани, на 14 јануари 1997 го­дина, беше промовирана книгата „Македонски иселенички паноп­ти­кум“. Ова дело на Славе Катин го претставија м-р Ѓорѓи Лумбуровски, прет­се­да­тел на Друш­твото за наука и уметност од Битола и д-р Вера Стој­чев­ска – Антиќ, кои го привлекоа вниманието на преку 500 присутни на овој свечен чин во „Вевчанската Република“.

Книгата „Македонски иселенички паноптикум“ на Славе Николовски – Катин е дело кое заслужува и внимание и респект, колку од домашната, толку и од пошироката научно – културна јавност, а и од секој Македонец во татковината или во дијаспората. Во овој мига и во иднина, трудот ќе претставува значајна и своевидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top