Култура и туризам

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Славе Катин

Славе Катин

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ.

Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за македонскиот народ во текот на тешките периоди на ропство. Затоа се вели дека

Црквата била основата на националното признавање и лулка на ренесансата на

Македонците во подолг период. Затоа, со право се вели дека историјата на Македонската православна црква е тесно поврзана со историјата на македонскиот народ.

Тие со векови заедно егзистираат и во исто време страдаат и се борат против денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на други

места насекаде по светот.

Притоа, името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ.

По ослободувањето на Македонија митрополитот Наум активно е ангажиран во организирањето на самостојниот црковен живот. Бил еден од првите членови на
Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква. На
Црковно-народниот собор во Охрид (1958) бил избран за архијереј. По неговиот избор и хиротонија од тогашниот блаженејш и архиепископ Доситеј и Преспанско–битолскиот епископ Климент, бил поставен за архијереј на Злетовско – струмичката епархија.

Митрополит Наум е роден во битолското село Бистрица во 1906 година (според друг извор роден е во 1912 година во Битола). Неговото световно име е Томо Димовски. Во 1930 година Томо завршил Богословија и примил свештенички чин. Служел во кичевското село Козица и во Битола, каде што бил и вероучител. Кратко време бил архијерејски намесник и заменик.

Тој потекнува од христијанско семејство од Бистрица, село оддалечена 5 км од Битола. Таа се наоѓа на регионалниот пат Битола-Драгош кој води до граничниот премин со јужниот сосед. Често за Битрица се вели дека е ни село ни град, од каде потекнуваат поголем број видни личности во општественото живеење на Македонија.

Во пишани документи за владиката Наум се вели дека во Втората светска војна, Томо Димовски како православен свештеник активно бил ангажиран во организирањето на самостојниот црковен живот. По ослободувањето бил еден од првите членови на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква и еден од најистакнатите поборници за нејзина афтокефалност.

Поовремено застапувајќи поумерени ставови Тома бил назначен за прота, а потоа и за архиерејски заменик во Охридско-битолската епархија. Иако бил мирски свештеник, од Иницијативниот одбор во Скопје бил предложен за владика.

По донесувањето на одлуката за обновување на Охридската архиепископија на Црковно-народниот собор во Охрид во 1958 година, епископот Топлички Доситеј (по потекло од Маврово) бил избран за митрополит на МПЦ.

Според историските податоци се наведува дека во 1957 година во координација со Доситеј, Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ се согласил со СПЦ да ја усогласи организацијата во македонските епархии, во согласност со Уставот на СПЦ, а на српскиот патријарх Викентиј да му се признае статус администратор на трите епархии. Истовремено, Синодот на СПЦ се обврзал на наредното собрание на Светиот архијерејски собир, во мај 1958 година да се изврши избор на Македонци архијереи за сите три епархии.

Вториот црковно-народен собор се одржал во Охрид на 4 октомври 1958 година. На собoрот учествувале вкупно 219 делегати, свештеници и мирјани. На соборот во црквата „Света Софија“ била донесена Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија.

Откако се донела Одлука за возобновување на Охридската архиепископија, а во
согласност со одлуката изборот на митрополитот и епархиските архијереи да биде од Македонија, Доситеј бил предложен за прв поглавар на Македонската православна црква и едногласно бил избран со титула архиепископ охридски и скопски и прв митрополит македонски.

Со тоа Светиот Архирејски Синод на СПЦ и дал самостојност на Македонската
православна црква, денес МПЦ- ОА. Во меѓувреме Томо Димовски се замонашил и го зел името Наум.

Во тој значаен период на Македонската православна црква, на 19 јуни 1959 година во црквата Св. Мина Никола Трајков, со црковно име Климент бил хиротонисан за архијереј од поглаварите на СПЦ и на МПЦ Герман и Доситеј Охридски и епископите Никанор Бачки, Симеон Горнокарловачки и Висарион Банатски и станал прв епископ на Преспанско-битолската епархија во Битола.

Неколку дена по хиротонијата на владика Климент, на 26 јули 1959 година, во црквата Свети Никола во Штип, тогашниот блаженејш и архиепископ Доситеј и Преспанско–битолскиот епископ Климент ја извршиле хиротинија на Наум (Томо Димовски), како втор македонски владика и беше назначен за владика на Злетовско – струмичката епархија,

Со хиротинијата на вториот македонски владика, надлежниот на Злетовско – струмичката епархија Наум, конечно бил конституиран Синодот на Македонската православна црква.

Во 1960 година владиката на Злетовско – струмичката епархија Наум бил испратен на црковна мисија во Австралија, а повеќепати ги посетувал македонските цркви во Америка и во Канада, помагајќи во организацијата на црковниот живот на македонската емиграција.

Во тој период Македонската православна црква направила силен пробив меѓу
православните Македонци во државата и меѓу бројната македонска емиграција во
прекуокеанските земји – САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците во Европската Унија и во други земји.

Затоа, со право може да се каже дека Македонската православна црква игра значајна улога во собирањето на Македонците како во државата, така и во светот. Тоа е особено изразено со вториот Илинден – АСНОМ 1944 година и конституирањето на Република Македонија, пo обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на нејзината автокефалност во јуни 1967 година.

Така, во Австралија на Илинден 1958 година, на свечен начин, а во присуство на голем број доселеници и симпатизери, беше поставен камен-темелникот на црквата ,,Св. Ѓорѓи“, којашто се наоѓаше во зграда во Фицрој. Една година подоцна е поставена спомен-плочата на која стоеше: „Оваа црква е изградена за потребите на македонската православна општина“, а на 7 август 1960 година тогашниот епископ Злетовско-струмички г. Наум, во сослужение на парохискиот свештеник Цветко Крстески (подоцна архиепископ Ангелариј) и поголем број македонски свештеници, го освети храмот на светиот великомаченик Ѓорѓи и тоа е прв храм надвор од Македонија осветен од македонски владика. Денес ова црковната општина го носи името „Свети Ѓорѓи и Света Богородица“ и е лоцирана во Епинг.

Овој голем настан во Мелбурн беше од извонредно значење за Македонците во Австралија и пошироко, бидејќи црквната општина „Св. Ѓорѓи“ стана црковен и национален темелник што ги поттикна Македонците низ светот да се зближат, да постигнуваат подобри резултати и да се афиримираат себеси и македонската вистина во новата средина.

Во Канада, пак, ден – 18 април 1965 година, негово блаженство архиелископот Охридски и Македонски господин господин Доситеј во придружба на неговото високопреосвештенство митрополитот Злетовско-струмички Наум, на протаставрофорите Нестор Поповски и Атанас Попов, протаѓакон Стојан Јанковски и архиѓаконот Кирил Поповски, пред голем број насобран народ кој специјално за оваа пригода од многу страни дојде да го види на дело трудот на своите собраќа, ја осветија новата и прва црква во Канада „Св. Климент
Охридски“ во Торонто.

Може да се заклучи дека улогата на вториот македонски владика г. Наум кој беше надлежен архиереј на Злетовско – струмичката епархија беше голем поборник за духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората.

Владика на Злетовско – струмичката епархија г. Наум починал 27 ноември 1977 година во Штип каде му се наоѓа вечниот дом.

Најново од: Култура и туризам

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

To top