Култура и туризам

Народни рецепти за храна

gjomlezec

gjomlezecЃомлезец

То се прајт каша, исто како палачинки шо прајме. Ќе ’о замесиш, ќе му фрлиш малку масленце, тро солца, вода, кисела-вода, фрлат некој, ние порано не фрлафме, само со водичка и ќе фрлиш една тепција голема глобока, два прсти да е глобока, фрлај тесто, сачот да е џежок и така испечи се, подгори се малку губата, не многу да е гориш, малку, и ќе му фрлиш масло, пак губа, пак ќе му фрлиш тесто, пак сачот и два прсти, три прсти ѓомлезец се прајт то, каша да имаш, богами без две кила и пол брашно не ојт, две кила и пол обавезно, да не е сув, тарабак да напрајш, а богами два кила масло ојт, со појќе масло не се прајт то, то е каша.

А нешто клавате внатре?

Внатре, никако не. А пак мазник, кашата ја варам и ќе месам исто, ќе го месам вака и ќе го сплескам, фрли масло или мас, шо си сакаш, и ќе му фрлам губи и таранче, пак фрли масло, фрли тесто, знајш, седум-осум гупчиња седум-осум катмерчина, некој фрлат сиренце, јас не можам да јадам сиренце, тешко ми прајт то, на башка, и релна ќе си го испечам, еден прст да е дебело. Мене то многу ме хранит, то убо е ногу, вкусно.

(М. Мандул, 1923)

А мазник?

Ќе кладиш вода на шпорет, ќе фрлиш сол, мазник сакаш ченкарен, сакаш чист, без разлика, имат некој ченкарен си јадет, имат некој и чист. Сетне земаш сукало обично и ќе го мешаш, ќе го мешаш колку шо мојш, да не останит суво брашното, ќе го измешаш убои н после од ко ќе го измешаш ќе го извајш од оган и ќе си напрајш топчина, вака, поголеми, не-морат мали, од ракава моја да е поголемо. Е сега, меѓу то, ко ќе го извајш од оган тепсијата да е намачкана со маст, претходно припремена ќе земиш едно од ними и ќе го плескаш, ќе го исплескаш убо, некој клавет тарана, некој гупчина големи, а некој не клават ништо пак, ама нешто да клајш, гупчина или тарана, поубо е повкусно е, ќе го попрскаш со масло, со мас, со шо имаш, пак уш’ една губа, пак така ќе ја исплескаш убо, сакаш на секој ред му клаваш гупчина. Е сеа от ко ќе се напрајт целиов мазник, од ко ќе се завршит тестото, ќе го исплескаш убо на тепсијата, ќе го израмниш, ќе си исечиш должина како на баклава, мојт и четвртасти, ама полични се на баклава. Е, сеа ќе му клајш малку од гупчето згора и ќе го испрскаш убо, заш ако е ченкарен, појќе пијат масло, мислам масноти појќе сакат, ако е од чисто не пијат ногу. Е то е целата работа и со здравје да се јадит.

(С. Тасеска, 1929)

За јадења обавезно чомлек праефме, супа прво, па чомлек, после печено нешчо. А чомлек за Велигден и за Божик обавезно. Тој со телешко месо, со кромид, со лукче, малку киселина се ставаше, пипер црвен, црн и со малку вода и така да крчкат тивко. За Божик свинско месо, за Велигден – прасина печени, ама чомлеков обавезен беше.

(М. Алачова, 1920)

Од книгата „Така се зборува во Охрид“, приредиле Лилјана Гушевска и Лилјана Минова – Ѓуркова, Скопје 1999.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top