Култура и туризам

Верувања и суеверија од Дебарца (Охридско)

kosenje-na-livagjeto

Косење на ливаѓето

kosenje-na-livagjetoКосењето на ливаѓето во Оздолени претставуваше посебен ритуал. Тоа се случуваше околу средината на јули. Со цел да не се гази тревата и да не се прави штета, обично први со косење почнуваа оние стопани кои имаа ливади на влезот во ливадите. Иако косењето беше напорна полска работа, за многумина тоа претставуваше посебна атракција. Тука до израз доаѓаше силата на косачите, држењето на косата и мајсторството да се наостри косата. Косењето беше колективна работа па затоа претежно се работеше групно. Косачите си помагаа меѓу себе, а и самата работа имаше натпреварувачки дух, така што одредени косачи се издвојуваа по својата способност.

Покрај жетвата ова се сметаше за многу значајна работа, па заради тоа се посветуваше посебно внимание. Имено кога косачите ќе дојдеа на ливадите најнапред стопанот ќе покосеше одреден простор каде што ќе се врзат коњите. Потоа косачите седнуваа да се напијат ракија и да ја благословат работата: Да ни се сурој рамејнците. Потоа ќе доручкуваа, ќе ги наостреа косите и почнуваа. Најнапред првиот закосај го правеше домаќинот, кој ја ограничуваше ливадата, а потоа по него се редеа другите косачи. Некаде околу пладне доаѓаше ручекот. Обично ручекот го носеа домаќинката и снаата или ќерката, двете облечени свечено во бели кошули со тепсии сукано (комат или губа) на главата, а во рацете грнци (рачници) со кисело млеко или маштејнца  (Кога ќе се турела маштејнцата во пајнците се случувало скакулци да скокнат во маштејнцата. Косачите ги отстранувале меѓутоа Мицко Богданоски ги собирал во лајцата и им велел, соберете ги нозете и ќе ги голтнел. Тоа го правел и Ристо Китески од Слатински Чифлик. Двајцата била јаки мажишта и доживеале длабока старост). Откако ќе ручаа косачите малку ќе одмореа потоа ги клепаа косите и продолжуваа со косењето. Попладнето околу 16 часот жените ја носеа ужината. Овој пат јадењето беше тепсија манџа со месо од петел и вино. По ужината косачите ја продолжуваа работата до зајдисонце.

По неколку дена сеното се собираше во капици, а потоа со воловски коли се носеше дома. Откако ќе се кренеа сите капици полјакот ќе ги огласеше ливадите за слободни за пасење. Тогаш сета стока ќе се најдеше во ливаѓето, а тоа беше рај за децата кои ја чува стоката заради големиот простор за пасење така што по цел ден можеа да играат бишка, фудбал, или да плетат кошници.

Од книгата „Оздолени, Слатински Чифлик, Сошани“, од Димитар Смилески,  Охрид 2008.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top