Култура и туризам

Музеј на Старата скопска чаршија

muzej-ssc

muzej-ssc

Музејот на Старата скопска чаршија е сместен во рамките на Сули ан. Основан е како придружна институција на Музејот на град Скопје во мај 1983 година, со задача да ја прикаже историјата, културната вредност и занаетите во чаршијата. Дејноста на музејот е сложена и се состои од систематска научноистражувачка и прибирачка работа, обработка на музејски збирки и создавање на информативни средства за тие збирки, прикажување на збирките преку постојани и повремени изложби и објави, како и заштита и чување на музејски предмети.

Вкупната површина која ја зафаќа просторот на кој е сместен музејот изнесува 473 m2, од кои 355 служат како изложбен простор, додека остатокот го сочинуваат придружни простории. Поставката на музејот се состои од археолошки, историски дел, уметничка галерија и етнолошки дел. Во археолошкиот дел се прикажани предмети, добиени како резултат на археолошките истражувања спроведени на просторот на чаршијата и на калето, кои се однесуваат на периодот од средниот век до отоманското време. Историскиот дел бил отворен во 1985 година и во него се изложени фотографии, карти, табеларни прегледи и планови, кои сведочат за развитокот на чаршијата низ историјата. Во уметничката галерија се прикажани уметнички дела од познати македонски сликари, на кои се прикажани мотиви од чаршијата. Етнолошкиот дел е наменет за прикажување на животот во чаршијата низ историјата. Тоа е направено преку претставување на најшироко распространетите занаети, меѓу кои се врбојуваат: кујунџискиот, терзиско-срмаџискиот, папуџискиот и ѓурчиско-кожуварскиот занает.

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

To top