Култура и туризам

Во Охрид промовирани две дела на Славе Катин

Пишува: ВЕЛЕ МИТАНОСКИ.

На 20-ти авгусат 2026 година, во „Прличевата одаја“ на  НУ Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид беа промовирани делата „Славе Катин – живот и дела“ и „Патувања околу светот“ на Славе Катин, со што беше одбележан големиот јубилеј 85 години живот и 50 години творештво на познатиот новинар и публицист Славе Николовски – Катин.

Овој културен настан го отвори и на  присутните им се обрати директорката на НУ Библиотеката „Григор Прличев“, Христина Трпеска, која меѓу другото, рече дека Славе Николовски-Катин кој  е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа,во Охрид, Скопје и Торонто. Тој не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој е припадник на етничка Македонија, на Македонците во иселеништвото и на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји и насекаде во светот.

Славе Катин и’ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во иселеништвото, на науката, новинарството, религијата, културата, македонскиот јазик и литературата

Промотор на публикацијата „Славе Катин –живот и дела“ бев јас, Веле Митановски новинар, публицист и општестевник, кој сум и еден од рецензентите на делото. Јас, меѓу другото реков дека да се говори за Славе Катин е исто како да се говори за сите македонски премрежија. Славе, со самата рожба, беше судбински предодреде кон  Македонија и македонската кауза, самообврзан да им  го отслужи целиот работен и животен век. Да го отслужи, одработи за нас, како нација, како народ – овде на ова парче Вардарско, а собено во иселеништвото.

На неговата вродена нарав, се надоврза разбирањето на неговата животна сопатничка Нада, без неа, како таква, и денеска за Славета не ќе можевме да говориме на овој начин.

Геодетот, подоцнежен дипломец на Филолошкиот факултет, Славе, од геодет премина во филолог и речиси теолог, со тоа што најголемиот дел од работниот век го помина со Црквата и за Црквата. Како потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници, Славе Катин, сам, или заедно со највисоките достоинственици на МПЦ – ОА, ги премина скалилата на секоја новоподигнато македонско светилиште во светот. Од “Свети Климент Охридски”, во неговото младешко Торонто, до “Светa Злата Мегленска” во Загреб, во земјите на Северна Европа, се до далечна Австралија.

Славе Катин е една од најцврстите фиданки во симбиозата на МПЦ-ОА и македонското иселеништво. За него е речено дека, тој го достигна “самиот хоризонт на македонската вистина, колективна судбина и историска синтеза”. Тој е судбински поврзан со ореолот на македонизмот, но, за жал, и со денешните појавни и видливи облици на нашето размакедончување.

Сме минале часови и часови разговори и плачливи воздишки и нему многу потешко од сите нас, му паѓа неотсонетиот сон, кај него беше многу посилна љубовта и верноста кон Татковината, затоа што беше искрен истражувач, сведок и автентичен наратор на сите патриотски воздишки по Вардарот, Пиринот, Егејот и Мала Преспа.

Промоторот, пак, на делото „Патувања околу светот“ беше публицистот Стево Томовски кој рече дека Славе Катин, имал можност да посети бројни држави, метрополи и споменици кои имаат светско значење и кои оставаат вечни траги во сеќавањата на посетителот. Затоа, тешко е посебно да се издвои место, град, метропола или држава, бидејќи сите тие Господови дарби на мајката Земја имаат свое значење, карактеристики и улога во афирмирањето на државите од светот каде патеписецот Катин се чувствувал како дома.

Затоа неговите патувања во различни земји во светот му беа мошне возбудливи, исполнети со многу непреспиени ноќи, искушенија, релаксирачки моменти, сознанија и предизвици да запознае различни држави, места, градови, народи, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на современиот свет

Во поголемиот број земји во светот што ги посетил Славе Катин живее и македонско население од сите делови и краишта на етничка Македонија. Затоа, одењето по светот како новинар; потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија; како член на државни, црковни, новинарски и други делегации, и како човек на кого светот му е предизвик, патувањата беа тесно поврзани со разговорите кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и Српската православна црква, во Цариградската патријаршија и во Ватикан. Потоа бил на во делегацијата запогребот на Мајка Тереза во Калкута, а повеќе пати ги посетил МПЦ-ОА в о Австралија, Канада, САД и ЕУ.

Сепак, враќањата во Македонија за него биле највпечатливи, највозбудливи и исполнети со една неопислива љубов кон својата родна земја, која човек и каде да оди, љубовта кон родната грутка, кон родната Татковина во себе ја носи. Таа љубов е голема и тешко може да се опише. Затоа, „Патувања околу светот“ се поместени материјали кои зборуваат за патувањата и враќањата кои почнувале и завршувале во нашаѕа наубава земја во светот – Македонија, за што има бројни причини, факти, пишани документи, но најсилна е љубовта кон родната земја Македонија

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top