|
||||
Страстна недела и Велигден |
Млади невести летошни, сите се причествујет на Цветници, а девојки и стари жени на Велигден. Страстна недела црквата ја плни глобоко побожен свет со озарени лица. Во оваја недела работа за клетва не се фаќат од Велја стреда. Навечер во стреда се клавајет јајца во бакам, а на Вели четврток се готови. Во Галичник се многу мераклији во шарање јајца Велигденски. И шарат со лута вода и многу убави шарки изводит. Ако је Велигден подоцна и ако је запролетено, тога девојки, невести и деца слагајет кон Лазовине и Песогорица и берет пролетни цвеќиња: кукурек, качунка, подлеска, и гороцвеќе. Со нив се закитувајет и закитувајет икони и Христово Распјатије. Овеја го вршит го голема радост и голема побожност. Осеќајет само од себе и сами во себе нов живот и воскреснување на цела природа: зате тије шо го осеќајет во себе и шо го гледајет околу себе го пренесувајет и на Господа. На сите редови шо се в црков, отколи девојки шо одит само на Велигден, на полноќ и пред полноќ од страв да не задоцнит за на „потрчаје“ за литија околу црков и за да го чујет првото „Христово Воскресеније“! Тога сета црква из еден глас пејет на свој начин: „Христос Воскресе“! Вајстина Воскресе!... „и сушчи во гробје живот дарува“! Коде да се сретнет двајца, се поздравувајет со: Христос Војскрес! И мењавајет црвени јајца. Сиве три дни се играт пред црков, поручек до мрак оваја света недеља работа немат фаќање, саде визити, шетање и веселби. На Балаклија петок женскадија излагат од село надвор по ливаѓе и зеленило и берет цвеќиња и разни билјачки и пејет песни билјарски и играјет ора. Задниве години се одит многу на Св. Петка. Зашчо да не идет, потот је најживописен и овја храм ден из ден добиват се поголема важност и за прошетка и за молитва. Во народот наш од Велигден и Спасовден до пред тријестина години немаше друго поздравување отколи со Христос Војскрес. Во задно време мрва по мрва се губит. На Спасовден се поздравујет со: Ристос се вознесе. Велигденски јајца се чувајет за солунците, можите шо ќа идет од гурбет. Некоји години ретко Велигден паѓат рано и тога и солунците и домашните жалит шо не се поздравујет и со: Ристос Војскрес. Со црвени јајца најубаво исшарени и врзани за зелени ветки се китит гробови на свои мили за и тије да се зарадвет. Колкава љубов и колкава вера и побожност. Ја мисла да је овеја асли култура! Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ – Лоноски, Скопје 2004. Марко Китевски |