Среда, 06 Октомври 2021    PDF Печати Е-пошта
„БИБЛИСКИОТ РЕЧНИК“ – ПРВО ДЕЛО ОД ВАКОВ ВИД НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (15)

1naav1

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Публикацијата  „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски - Катин е издание на Библиското здружение на Република Македонија и на книгоиздателството  „Македонска искра” од Скопје отпечатена во 1997 година на 215 страници на македонски јазик,  а отпечатен со благослов на архиепископот г.г. Михаил

Ова значајно дело беше печатено со благослов на поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија, неговото блаженство, архиепископот г.г. Михаил, а во редакција на д-р Јоаким Хербут, Скопски бискуп на Католичката црква во Македонија, д-р. Ратомир Гроздановски и м-р Ѓоко Ѓерѓевски, двајцата професори на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, при што голем е придонесот на уредникот на Библиски речник”,  Елена Стојанова.

Инаку, м-р Петко Златески беше почитуван вонреден професор на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Македонско црковно пеење – теорија; Црковно пеење; Типик; Апологетика и Историја на религијата. Тој како долгогодишен Генерален секретар беше душата на Библиското здружение на Република Македонија, кое е посветено на превод, подготовка, издавање, и дистрибуирање на Светото писмо до сите граѓани кои живеат во Република Македонија и оние кои се насекаде во светот и сакаат да го читаат делото на македонски јазик.

Почитуваниот професор м-р Петко Златески беше роден на 10 јуни 1955 година во реловуционерното село Дуње, Прилепско, а во Господа се упокои на 13 мај 2020 година, на празникот Преполовение. Затоа и овие продолженија за „Библискиот речник“ се во негова чест, да се смопени неговото име и дело, за Бог да го прости.

Во врска со печатењето на „Библискиот речник“ треба да се нагласи дека темелите беа поставени во 1988 година кога беше издаден Новиот Завет во нов превод на архиепископот  Гаврил, а целата Библија беше издадена од United Bible Societies (UBS) во 1990 година, која  е позната како „Гаврилова“ Библија. Новото ревидирано издание, познато како Македонска стандардна Библија, беше издадено во 2006 година од Библиското здружение на Република Македонија. Оваа Библија е одобрена и со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а ја користат бројни македонски христијани во светот.

Коавторот на „Библискиот речник”  Славе Николовски - Катин, кој како публицист е познат само како Славе Катин, е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија.

Во воведот, пак, на „Библискиот речник“  д-р Ѓоко Ѓерѓевски, меѓу другото го напиша следното: „Библискиот толковен речник од Петко Златески и Славе Николовски - Катин е првенец од ваков вид на македонски јазик, кој излегува само после неколку години од појавувањето на комплетното македонско издание на Светото писмо на Стариот и Новиот завет. Составен е да служи како патоказ за истражување на Библијата, како помагало за секој љубител и читател на Свегото писмо. Подготвен е да биде толкувач и водич низ библиските текстови и да помогне за подобро и полесно да се разбере Божјото слово.“

Првата промоцијата на Библискиот речник, чии издавачи се Библиското здружение на Република Македонија и Книгоиздателството „Македон­ска искра“, е направена на 7 април 1998 година, на празникот „Свето Бла­говештение“, во црквата „Света Петка“ во Скопје. Говорејќи за ова дело, Неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил, меѓу другото, истакна дека делото на Петко Златески и Славе Николовски - Катин е од огромно значење за читањето и обработката на Светото писмо (Би­бли­јата), особено за учениците од Македонската богословија и за сту­ден­тите од Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“.

Во опширното излагање, пак, протаѓаконот д-р Ратомир Грозда­новски ќе рече: „Библискиот речник на Петко Златески и Славе Николовски – Катин е вистин­ско помагало во толкувањето и објаснувањето на Светото писмо, бидејќи Библијата е дадена, не само како книга која треба само да ја читаме, туку, таа е Божјо слово кое треба да биде разбрано и спроведено во живот. „Библискиот речник“ е работен според западната библиска тео­логија и тој е за општохристијанска употреба и библиска помош на сите што ја читаат Библијата. Содржи 215 страници текст со табели во кои се вклучени годините, месеците и деновите на Евреите, мерките и те­жините, потоа парите, календарот, еврејските празници, кратенките за насло­ви­те на книгите од Библијата, како и хронологијата на животот на апостол Павле“.

Од овие причини „Библискиот речник“ и започнува со мотото: „Пре­ку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден чо­век, Македо­нец, кој го молеше и му велеше: „Премини во Македонија и помогни ни“.  (Дап.16.9).

Продолжува

1Dusan Ristevski

ДУШАН РИСТЕВСКИ МАКЕДОН

 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.