Среда, 02 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
ВО РИО ДЕ ЖАНЕИРО – НАЈПОСЕТУВАНИОТ ГРАД ВО ЈУЖНАТА ХЕМИСФЕРА (2)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Рио де Жанеиро има тропска клима која има карактеристики како и тропската монсунска клима и многу често се карактеризира со долги периоди на врнежи, најчесто, од декември до март. Во внатрешните области на градот, температурата достигнува и над 40°C и овие периоди се чести во летото, иако ретко траат долги периоди, додека максималната температура над 27°C може да се случи на месечна база. По должината на брегот, ветерот кој дува наизменично, море – копно ја моделира температурата.

Ние летавме од Сао Паоло до Рио де Жанеиро, кој често е нарекуван само Рио. Тој е главен град на Бразил и по Сао Паоло, втор по големина и трета метропола во Јужна Америка, достигнувајќи над 6 милиони жители, во центарот и околу 12 милиони жители со околината, правејќи го шести град по големина во Северна и Јужна Америка, а дваесет и шести во светот.

Овој град бил главен град на Бразил речиси два века, од 1763 до 1815 година за вре- метраењето на Португалската колонијална ера, после 1815 до 1821 година станува главен град на Обединетото Кралство на Португалија, Бразил и Алгарвеш. Рио де Жанеиро многу често е нарекуван „Волшебниот град“.

Тој претставува втор по големина град во земјата по бруто-домашен производ, а триесетти по големина во светот. Рио е седиште на двете големи бразилски компании – Петробас и Вале, и големите нафтени компании и телефонија во Бразил, покрај најголемиот конгломерат на медиуми и комуникациски компании во Латинска Америка. Како дом на многу универзитети и институти Рио де Жанеиро е вториот по големина центар за истражување и развој во Бразил.

Овој град е најпосетуваниот град во јужната хемисфера и е познат по неговите природни опкружувања, славењето на карневалите, самбата, босанова и плажите како што се Бара де Тихука, Копакабана, Опанема и Леблон. Во прилог на плажите оди и најпознатата знаменитост, огромната статуа на Исус Спасителот на врвот на планината Корковадо. Оваа статуа е дел од новите седум светски чуда.

Потоа планината Шугер Лоф, Самбадроме, област во која се стационирани по- веќе училишта за самба танцот и која се користи како авенија за времетраење на  Карневалот. И на крај стадионот Маракана, еден од најголемите фудбалски стадиони во светот. Летните олимписки игри во 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, а со тоа за првпат ќе се обележи Јужна Америка да биде домаќин на настан.

Стадионот Маракана во Рио, исто така, ќе биде домаќин на финалниот меч за Светското првен ство во фудбал во 2014 година, а во 2013а година Рио де Жанеиро беше домаќин на Светскиот ден на младите.

Поновите историски податоци за Бразил, односно за Рио, укажуваат дека Америго Веспучи бил првиот морепловец - Италијанец кој стасал во Рио. Тоа се случило во далечната 1502 година. Славниот морнар бил приклучен во португалската експедиција, која открила многу земји, меѓу кои и новиот јужно-американски континент.

Кога Португалците дошле на тоа парче земја и кога нивниот брод за прв пат го заминал Шугер Лоф и навлегол длабоко во заливот Гуанабара, навигаторот забележал ситно струење на водата и помислил дека впловил во утока на некоја голема река. Тоа се случило во почетокот на јануари и за- тоа новото место го нарекол Рио де Жанеиро, што значи „јануарска река“.

Португалците му посветувале малку внимание на Рио де Жанеиро, бидејќи со от- кривањето на новите територии, требало нивната главна грижа да биде одбраната од Индијанците и од француските освојувачи. Но, работите од корен се измениле кога се откриени златото и дијамантите во државата Минас Жераис.

Ова богатство било наменето за кралскиот португалски двор, чиј директен пат до него водел преку Рио де Жанеиро, а оттаму преку океанот за Европа, односно за Лисабон и Португалија. Затоа пристаништето во Рио само се проширувало и наместо градот Бахија, Рио станал главен град на новата колонија во 1763 година.

Исто така, во литературата за Бразил се вели дека кога Наполеон Бонапарта навлегол во Португалија во 1808 година, кралскиот двор брзо пребегал во Рио де Жанеиро, уживајќи во сета своја раскош и убавина на новите простори. Животот течел, парите и дијамантите се множеле, а кралскиот двор се проширувал и станувал сѐ посилна институција. Така, по смртта на португалската кралица Марија во 1816 година, принцот Дон Жоао бил крунисан за крал, а Рио станал главен град на Португалија.

Провинцискиот град со тропска клима, за разлика од европскиот Лисабон со медитеранска клима, станал вистински цивилизиран со банки, пошти, музеи, патишта, цркви, културни и други објекти и установи, а француските модни креатори ја подготвувале облеката за членовите на кралскиот двор.

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Карневал во Рио

Но, еден ден во 1821 година кралот се вратил во Португалија. Веднаш по него- вото заминување дошло до израз незадоволството во државата со која продолжил да управува неговиот син. Всушност, тоа било почеток на борбата за слобода на Бразилците, кои барале заминување на странците.

Притисокот бил голем така што наместо да се врати во Португалија и да биде пор- тугалски владетел, на 7 септември 1820 година тој прогласил независност на Бразил, крунисувајќи се за император, со титула Дон Педро Први.

Непослушниот император започнал да води расипнички приватен живот и да троши огромни суми пари. Во скандалозниот начин на живеење, станал татко на четири деца со слугинките. Развратот и некадарноста да владее и да ја води државата по девет години го натерале  Дон Педро Први да абдицира во корист на својот син кој имал само пет години.

Инаку, над Рио де Жанеиро се вишнее споменикот на Исус Христос – Спасителот, кој се наоѓа на самиот врв на планината Корковадо. Тоа е дело на архитектот Хелтор да Силва Коста, а скулптор бил Французинот Паул Ландовски. Овој значаен, впечатлив и по многу нешта уникатен споменик од светската култура, е поставен на надморска височина од 710 метри, а бил изграден во 1931 година на највисокото плато.

Само статуата е висока 30 метри, пречникот на раширените раце е 28 метри, а вкупната тежина на споменикот е 1.145 тони. Низ него минува тунел од околу 30-тина метри (во просторот на раширените раце на Исус Христос) во кој е сместена мала христијанска црквичка со капацитет за околу 150 посетители.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.