Среда, 23 Април 2025    PDF Печати Е-пошта
ВО МАЛМЕ – НАЈЈУЖНИОТ ГРАД ВО ШВЕДСКА ( 31)

1113

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Беше убав пролетен ден, исполнет со зе­ле­ни­ло и цветови. Сон­цето чии бои се прелеваа во далечините на ис­ток, од каде започнуваше новиот ден, беше како ог­ром­на топка што едвај се движи во прос­то­рот. Глетката беше прекрасна, а автомобилот бр­за­ше од населбата “Ченто” кон аеродромот “Петро­вец”, од каде заминав за Копенхаген, во Данска.

Патувањето кое траеше повеќе од два часа со авионот на МАТ (Македонски авиотранспорт), бе­ше пријатно и просто не почувствував кога ста­сав­ на аеродромот во Копенхаген.

Во главниот град на оваа балтичка земја  беше пладне. Во аеродромската зграда што се нао­ѓа во непосредна близина на морето, вриеше како во кошница, како што доликува на еден голем ае­ро­дром што претставува една од европските крстосници.

Да се биде во Копенхаген, кој е главен административен, политички, културен и економски центар на Данска, чија популација ја до­стиг­нува бројката од два милиони, значи да се по­чув­ствува пулсот, напредокот, престижот и ид­ни­на­та на оваа европска држава.

Копенхаген е престолнина на Данска и морско пристаниште на источниот брег на островот Селанда (Шелана) на мореузот Сунду. Во ова живо трговско место, развиена е бродоградбата и сите други индустрии. Тој е формиран како населба во 1443 година, а универзитетски град е од 1479 година. Има бројни споменици на културата кои се дел од богатата културна ризница која датира од времето на Викинзите. С# до денес е центар со богат кул­турен живот, универзитетски меѓународен цен­тар, престолнина на музиката и убавата умет­ност, поз­нат по школата на наивците, по­ ани­м­и­раните фил­­мови, из­лож­­би, кон­цер­ти, саеми и други манифестации.

Го на­­пуштив овој град и со брод, што превезува пат­ниците од Дан­ска во Шведска и се упатив кон Малме. Бро­дот небаре леташе на површината од морската шир. Се движеше кон исток паралелно со мостот Оресунд кој ги поврзува овие две земји. Имено, мос­тот кој ги поврзува градовите Копенхаген и Малме оди и како тунел, под водата и на две места излегува ка­ко “забревтан кит” кој ги сече морските бранови. Впечатлива глетка од северните води.

Во Малме во Шведска стасав за четирие­се­тина минути, а оттаму заминав на север во Еслев. Повод за моето патување беше фестивалот на фол­кло­рот во Лунд, во организација на Ма­ке­дон­ски­от со­јуз од Шведска, а домаќин беше Македонското кул­тур­но и спортско друштво “Пелагонија” од Еслев.

Оваа значајна манифестација на Маке­дон­ци­те од Шведска се одржува во различни градови ши­рум државата каде се формирани фолклорни групи и ансамбли  кои го негуваат македонското оро и песна, обичаите, тра­дициите и с# она што е поврзано со Македонија. На овој празник на фолклорот во Еслев учествуваа пет културно-уметнички друштва, односно седум иг­раор­ни групи, кои како колоритен букет ја одиграа својата улога на вистински ам­ба­са­до­ри на македонскиот фолклор. Во исто време тие беа иницијатори на младинската и семакедонската за­бава што траеше цели 12 часа, а на која се собраа бли­зу илјада дечиња, младинци, студенти, родители, гос­ти и пријатели, вљубеници во фолклорот, по­чи­ту­вачи на македонската песна и оро, гости и пријатели.

Еслев се наоѓа на четириесетина километри се­верно од Малме. Малку необично за Шведска за тој период во годината, меѓутоа како времето це­лос­но да се изменило и, во мајскиот период без дождови и ветришта, чиниш се нао­ѓаш некаде на југот од Европа. Сонцето чии бои се прелеваа во далечините на Запад, кога завр­шу­ва­ше денот, полека заминуваше зад хоризонтот.

Глетката беше прекрасна. Насекаде зе­ленило. Голем број парцели како килими со жолта боја од цвеќиња на маслиновата репка, стро­го геометриски одредени форми и негде-годе од­ре­ден број ветерници кои се губеа во не­пре­глед­ните прос­тори на јужниот дел на Шведска. Градот кој бе­ше домаќин на 20-от Фолклорен фестивал е ин­д­ус­трис­ки центар. Во него има фаб­рика за пре­хран­бени производи во која  се нај­голем број Ма­кедонци, како и фабрика за “Фер­гусони”, за хар­­тија, за стакло, за филтри.

Во Еслев живеат и ра­­бо­тат околу шестотини Македонци, кои, главно, по­­тек­нуваат од битолскиот крај, а само мал број се­мејс­тва се од други места во Македонија. Тие дошле во се­думдесеттите години како “привремено вра­бо­те­ни”, а сега како “постојани жители” свиле семејно гнездо во овој убав град. Во демократска Шведска ги ужи­ваат сите социјални, политички, човекови права и сло­­боди, а возвраќаат со тоа што претставуваат при­­мер на трудољубие, работливост, честитост, ло­јал­­ност... Во гратчето Еслев цветаа јоргованите кога се одржуваше Македонскиот фолклорен феестивал.

Малме, едно од најужните места на Швед­ска, го посетив во делник. Градот се споменува уште од 1275 година. Бла­го­дарение на својата местоположба, овој убав и пре­кра­­сен приморски центар во средниот век пре­рас­нал во големо и богато трговско место, за потоа да се раз­вие во индустриски, а денес и во културен и ту­рис­тич­­ки град. Често Малме го нарекуваат градот на пар­ко­вите, бидејќи во него има голем број познати и со мно­гу нешта карактеристични паркови, како што е пар­кот Кунгспаркен, во кој се наоѓа познатиот дво­рец што им припаѓал на тогашните управувачи на покраината Сконе, изграден во 1500-та година. Стариот дел на градот е опкружен со ка­нали и изобилува со градби што потекнуваат од сред­­ниот век.

11133 

Св. Наум Охридскиво Малме

Исто така, овој дел врие од рес­то­рани, кина, дискотеки, бутици и други објекти. Денес Малме претставува влезно-излезна порта на Шведска која се отвора кон Европа и кон светот. Во скоро време се очекува да биде пуштен во сообраќај мостот Оресунд кој го по­врзува Малме со Копен­ха­ген, односно Шведска со Данска. На пуштањето на овој значаен објект пре­ку кој ќе поминуваат милиони автомобили, камиони, ве­лосипеди и мо­то­цикли и преку кој ќе биде развиен же­лезничкиот соо­браќај во Третиот милениум.

Во Малме ги посетив про­сто­риите на Македонското спортско друштво (КСД) “Ма­ке­донија” што се наоѓаат во центарот на градот и кои претставуваат место на дру­гарување, на забава,  при­јателствување и национално дру­же­-ње на  Ма­кедонците од Малме и по­ши­роко. А Македонци на овие простори има околу 1600. Инаку КСД “Ма­ке­до­нија” е формирано на 20 ное­мври 1969 година од група ентузијасти и вљу­бе­ници во фуд­балот и фолклорот. Таму, се срет­нав и со прет­став­ни­ци на Македонско православна црковна општина “Св. Наум Охридски”, значаен духовен и национален храм, формиран во 1973 година кој претставува  важен центар за Македонците од Малме. Исто така и средбата со преставниците на Македонското друштво  “Македонија '92” ќе ми остане во сеќа­ва­ње од конструктивниот разговор за голем број прашања.

Го напуштив Малме напладне кога сонцето беше далеку на југ, а на пристаништето каде беше по­с­тавен бродот имаше голем  број патници за Ко­пен­хаген. Велат дека Швеѓаните повеќе го сакаат да­н­ското пиво, кое, патем, е и поефтино, затоа  тие често “се прошетуваат” кон запад, кон Данска.

Бродот како да лебдеше над морската по­вр­шина, овој пат, во спротивна насока од Малме кон Копенхаген. Повторно го гледав мос­тот Оресунд што ги поврзува овие два града и две балтички земји. Повторно се одушевував на постигнатиот тех­ничко-технолошки напредок и на  прекрасната глет­ка што ја имав од прозорецот на белата лаѓа. Посакував так­ви и слични мостови да се градат насекаде, па и на нашите простори, за да можат да ги поврзуваат и приб­лижуваат луѓето и земјите во ова наше глобално “село”.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Договорот со Обединетото Кралство не е крајна цел туку почеток!

Што значи договорот со Обединетото Кралство за Македонија?

Историја

News image

ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА НИЗ ДЕТСКИ СВЕДОШТВА (трет дел)

Садако Сасаки (7 јануари, 1943 – октомври, 1955)

Иселеници

News image

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (38)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Фељтон

News image

ДИМИТАР ЦОНЕВ – БРАНИТЕЛ НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА (20)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.