Среда, 28 Јануари 2015    PDF Печати Е-пошта
Димитар Каратошо – Цами

Tasos KaratasosДимитар Каратошо – Цами (1798 – 1861) е македонски револуционер, учесник во Негушкото востание во Македонија во 1822 година, познато уште како Македонско востание, кое се смета за прво национално востание на македонскиот народ против Османлиите. По неговото задушување, учествува и во Грчкото востание. Во 1854 година, го организирал востанието на Халкидики, Јужна Македонија. Учествувал и во борбата за ослободување и обединување на Италија. Добива чин полковник во грчката војска и е аѓутант на грчкиот крал Отон I. Во текот на 1860 година се обидел да организира ново востание во Солунскиот регион. Се потпишувал како „Главен командант на Македонија“ и се залага за обединување на сите балкански народи за ослободување од Османлиската власт.

Димитар Каратошо е роден во 1789 година во Негушкото село Дихалеври, чии остатоци денес се наоѓаат на земјиштето на селото Хоропан, Егејска Македонија. Неговиот татко, Анастас Каратошо, стариот ајдутски војвода, бил Македонец и воен водач на Негушкото востание, кое во 1822 г. го креваат Македонците поптпомогнати од месните Власи и Грци, а под влијание на Грчкото востание од 1821 г. Во ова востание кое се смета за прво национално востание на македонскиот народ против Османлиите, учествувал и Димитар Каратошо.

По неуспехот на Негушкото востание, Анастас и Димитар Каратошо, заедно со други негушки раководители како Ангел Гацо и дел од востаниците се префрлиле во Грција каде земаат активно учество во Грчкото востание кое било во тек. Димитар Каратошо учествува во борбите во Тесалија, Епир и Јужна Грција. Во 1826 г. со Ангел Гацо и Анастас Кимев (Анастасиос Химевтас) учествува во борбите Централна Грција. По ослободувањето на Грција, тој својата борба ја насочува кон ослободување на својата татковина Македонија.

Во 1928 година Димитар Каратошо станува централна фигура за ослободување на Македонија од присуството на турските воени сили. Во 1835 година тој создава база на Северните Споради (Спорадски острови) од каде прави чести посети на Халкидики и одржува редовна преписка со тамошни дејци. Истовремено, води еден вид на тајна дипломатија за да се воспостави сојузништво на балканските народи против Османлиската власт. Исто така, учествувал и во борбата за ослободување и обединување на Италија. Во периодот од 1844 до 1853 година тој ги посетил Трст и Скопје, каде бара поддршка за ослободување на Македонија.

По избувнувањето на Кримската војна (1853 - 1856), Каратошо решава дека е дојдено време за востание. Кон крајот на март 1854 година на чело со 10 бродови и 500 борци  тргнува од Евбеја и се истоварува на Касандра, во заливот Каламици, на Халкидичкиот Полуостров. Тој според планот планирал да се движи кон Солун. Прогласен за „Главен командант на Македонија“, Каратошо во април ослободува повеќе населени места, а населението во почеток го пречекува со голем ентузијазам. Потоа по Велигден, Каратошо со борците оди кон местото Румелија.

Во меѓувреме, Турците мобилизираат сили од Солун и се обраќаат за помош на францускиот конзул, по што Французите испраќаат воен брод во Атонскиот залив. На 24 април 1854 година францускиот капетан кој востаниците ги смета за гусари, им дава ултиматум, дека доколку не испловат за еден час ќе отвори оган. Потоа тој отворил стрелба по бродовите на Каратошо и им нанел големи штети. Учеството на францускиот воен брод, како и доаѓањето на башибозукот кон Румелија го намалува воодушевувањето на населението.

Димитар Каратошо за да настапи кон Рендина и Галачишта, бара помош од месното население и од монасите во Атон. На 13/25 - ти април, неговите востаници со доброволците од Полигеро успеваат да го одбијат турскиот напад крај Галачишта, но следниот ден не успеваат да го заземат местото Румелија. И покрај повтореното барање од Атон не пристигнала помош.

Востаниците предводени од Каратошо се приморани да се повлекуваат кон Атон, при што се водени неколку борби. Тоа ќе го искористат Турците, кои на ужас на европските конзули, кои за цело време работат да го спречат востанието и да го пацифизираат регионот, ќе извршат масакр. На 20 април / 2 мај, Турците ќе ја убијат 30 – члената делегација од Полигеро која била испратена да ги пресретне, а потоа ќе ги уништат населените места на Халкидики кои востанале. По овој масакр, под притисок на Европа, турскиот валија во Солун им наредува на осмалиските сили да се вратат во Солун.

Димитар Каратошо не ја прекинува борбата, туку продолжува безуспешно да бара поддршка од монасите во Света Гора. На крај самиот оди во Карија, каде го затекнува седиштето на автономната монашка област на Атон празно. Сите монаси веќе биле избегани во манастирот Кутлумуш. По доаѓањето на османскиот параход „Персуд“, монасите дури бараат од османскиот сераскер Хаџи Таир бег да ги заштити од востаниците.

Востаниците на Каратошо ја водат последната борба на Полуостровот на 16/28 мај кај Кумица, при што имаат тешки загуби. Во меѓувреме, под притисок на европските сили Турција прогласува општа амнестија, а во Атина доаѓа до промена на политичката ситуација и се формира окупационо министерство кои ги повикува сите востаници да заминат во Грција. Со посредништво на конзулите, со француски воен брод под команда на баронот Русен, востаниците на 13 јуни го напуштаат Атон и се пренесени на островот Евбеја.

По востанието Димитар Каратошо како полковник во грчката војска станува аѓутант на грчкиот крал Отон I. Во 1960 година тој планира ново востание со центар во Солун. Свесен дека без обединување на сите балкански народи нема ослободување на Македонија од османлиската власт, во 1861 година заминува во Белград, каде се припремала војска за ослободување од турското ропство на покорените територии. Таму веќе се наоѓаат голем број познати македонски војводи со своите чети. Меѓутоа, Димитар Каратошо умира кон крајот на 1861 година во Белград од непознати причини.

 

На прво место

News image

КАТОЛИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БАДНИК

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.