Среда, 04 Февруари 2015    PDF Печати Е-пошта
Јордан Чкатров

jordan-ckatrovЈордан Чкатров (Прилеп, 1898 – Скопје, 1945) е македонски револуционер, член на ВМРО, Студентското друштво „Вардар“ во Софија, Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО) и Македонската патриотска организација (МПО). Истовремено бил член и на Масонскатата ложа. Во 1923 од ЦК на ВМРО бил испратен во САД за да ги организира иселеничките македонски друштва. Од 1924 до 1927 бил секретар на Сојузот на МПО и главен редактор на неговиот орган „Македонска трибуна“. Од 1928, по враќањето во Бугарија, бил еден од најблиските соработници на Иван Михајлов. По ликвидацијата на ВМРО во Бугарија во 1934 година, бил адвокат. Во времето на бугарската окупација на Македонија бил адвокат во Скопје. По војната бил уапсен, осуден и ликвидиран од македонската власт.

Јордан Чкатров е роден во 1898 година во Прилеп. Негов помал брат е Димитар Чкатров, исто така деец на ММТРО и ВМРО. Јордан се  образува и завршува право во Швајцарија. Во Бугарија, заедно со Крсто Вељанов и Иван Михајлов станал член на Македонското студентско друштво „Вардар“. Јордан влегува во раководството на друштвото кое соработува со Бугарскиот национален студентски сојуз, како и со Македонскиот младешки сојуз (ММС) и Македонскиот студентски сојуз во странство. Бидејќи друштвото е во блиски односи со ВМРО, Георги Баждарев (масон) ги внесува Чкатров, Михајлов и Вељанов, во Македонската тајна револуционерна организација која се залага за автономија на Македонија.  

Во 1923 година од страна на ЦК на ВМРО, Тодор Александров го испраќа Чкатров во САД за да ги организира иселеничките македонски друштва. Од 1924 до 1927 тој бил назначен за секретар на ЦК на Македонската патриотска организација (МПО) и главен редактор на неговиот орган „Македонска трибуна“. По убиството на Тодор Александров и меѓусебните борби во Организацијата, Чкатров ја ориентира МПО кон десните сили на револуционерното движење.

Од 1928 година, по враќањето во Бугарија, Јован Чкатров се наоѓа меѓу видните дејци на михајловистичкото крило на ВМРО. Тој бил еден од најблиските соработници на Иван Михајлов. На 27 јануари 1930 година, Лев Главинчев од протогеровистичкото крило, врз него извршил атентат во центарот на Софија, при што Јордан бил ранет. По превратот во Бугарија во мај 1934 година, ВМРО била забранета од новата влада на политичката коалиција „Звено“, а Јордан Чкатров и други дејци на распуштената ВМРО биле уапсени. По неговото ослободување работи како адвокат.

Во текот на Вората Светска Војна, по бугарската окупација на Македонија, тој се враќа во Македонија. Сепак, тој не учествува во работата на бугарската администрација, туку работи како адвокат во Скопје. Причината поради која одбива да работи за бугарските власти е носењето на администрацијата од Бугарија и запоставувањето на македонската интелигенција, како и неисполнетата идеја за создавање на самостојна македонска држава за која цел живот се борел.

Во 1944 година Јордан Чкатров и Трајче Чундев се поканети од Методија Андонов – Ченто да учествуваат во новата власт, но таа е примена со резерва. По воспоставувањето на кумунистичката власт, голем дел од поранешните дејци на ВМРО кои се заложувале за самостојна македонска држава стануваат нивна цел. Меѓу уапсените се наоѓа и Јордан Чкатров.

Методија Андонов – Ченто лично се заложил и барал од Тито ослободување на Јордан Чкатров, но безуспешно. На 12 јануари 1945 година Јордан Чкатров е осуден под обвинување за учество во братоубиствената војна во ВМРО која се одвива по 1924 година. Иако во периодот од 1923 до 1928 година Јордан Чкатров се наоѓа во САД, односно во голем дел од овој црн период за Организацијата тој е отсутен од Бугарија, тој бил осуден во Скопје на 15 години затвор, тешка принудна работа и одземање на граѓанските и политички права.

Постојат две верзии за неговата смрт. Една говори дека бил ликвидиран од македонските власти, а втората, дека по стрелањето на брат му Димитар, Јордан Чкатров започнува штрајк со глад и умира на 27 ден во затворот, во 1945 година.

 

На прво место

News image

Нема лага на СДС која не им се удри од глава

Нема лага на СДС која не им се удри од глава, лажеа за Мицкоски, Христовски и повторно се разголеа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.