Среда, 18 Февруари 2015    PDF Печати Е-пошта
Љубомир Весов

ljubomir-vesovЉубомир Весов (1892 – 1922) е поет и македонски револуционер. Иако неговите поетски прилози најавувале надежно име во бугарската литература, младиот Македонец ја отфрла идната кариера и се посветува на борбата за ослободување на Македонија. Деец е на македонското студентско друштво „Вардар“ и окружен војвода на ВМРО во Западна Македонија. За да не падне жив во рацете на српските џандари, тој се самоубива.

Љубомир Весов е роден во 1892 година во Велес. Неговиот татко кој бил активен деец во егзархиската општина во Велес умира рано. Се школувал во Велес, Солун и Софија. Уште како ученик пројавува интерес кон литературата. Но, задоен со револуционерен дух, младиот Македонец и` се посветува на оружената борба за ослободување на Македонија. Во редовите на ВМРО се вклучува како ученик и неколку години дејствува како четник во Македонија.  

Во Првата балканска војна, Весов е доброволец во Македонско-одринското ополчение (МОО) во четата на Иван Попов, Христо Сиљанов и во зборната партизанска чета на МОО. За својата покажана храброст во текот на борбите и своето благородно однесување кон локалното турско население бил одликуван со сребрен медал.

На 20 март 1915 година (стар стил), Љубомир Весов како војвода на чета учествува во Валандовската акција. На чело на комитските чети покрај војводата Весов во оваа акција учествуваат војводите Ване Стојанов, Петар Чаулев, Панајот Каранфилов, Тодор Петров, Никола Лефтеров, Туше Скачков, Христо Делчев и др. Тие со околу 1.500 четници и припадници на селската милиција, кон кои била вклучена и турска чета на Хусеин Хаки бег ги нападнале српските позиции кај Валандово, Пирава и Удово. Во оваа акција убиени се над 400 српски војници и офицери и бил заземен и Валандово, по што четите се повлекле кон Бугарија.

По оваа акција во текот на Првата Светска Војна, по која и Бугарија влегува на страната на Централните сили, Весов бил командант на чета во бугарската армија, а потоа и командант на градот Крушево. По војната Љубомир Весов студира правни науки на Софискиот универзитет. Но, тоа не значи и крај на неговиот идеал и посветеност кон револуционерното дело за да ја види Македонија ослободена.

Љубомир Весов е еден од основачите и лидерите на Македонското студентско друштво. „Вардар“. Во првото раководство на Друштвото основано во 1920 година од македонските емигранти кои студираат на Софискиот универзитет, влегуваат Љубомир Весов, Илија Кушев, Илија Бугарчев, Зора Здравева, Иван Михајлов, Јордан Чкатров, Петар Колиштрков, Крсто Велјанов и Стојан Керемедчиев. Во својот устав, Друштвото кое е во тесни врски со дејствувањето на Внатрешната македонска револуционерна организација, како основна цел наведува дека ќе работи да ја сочува нациналната свест на студентите од Македонија, да ги развие единството и солидарноста, да ја развива културно политичката дејност и да се бори за Автономна Македонија. За постигнување на таа цел, друштвото редовно организира беседи со културно просфетен карактер, ќе издава книги и брошури и ќе создава своја библиотека.    

Од 1913 година Весов објавува свои поетски творби (љубовни, патриотски и др.). Во меѓувреме прави препеви на руски автори кон чие творештво имал афинитет. Објавените стихови најавуваат надежен поет во Бугарија. Но, љубовта кон татковината го тераат овој поет и македонски револуционер, наместо со перо повторно со пушка во рака да се бори за слободата на својата земја.

Последната авантура на поетот и револуционер, војводата Љубомир Весов, ја имал во почетокот на ноември 1922 година. Опкружен од српската полиција кај село Острилци, Крушевско, тој се самоубива на 5 ноември 1922 година.

Веста за смртта на Весов, кој е погребан во Крушево, болно ќе одекне во редовите на ВМРО и македонската емиграција во Бугарија. Неговата загуба ќе биде уште еден голем удар врз Македонското ослободително движење.

Во 1923 година творбите му се собрани и посмртно е издадена стихозбирката „Песни“. Во негова чест, во 1928 година  фудбалскиот клуб во Петрич го носи името на Љубомир Весов. Како почит кон името на овој поет и револуционер, книгата „Песни“ со негови творби е објавена и на македонски јазик во 1994 година.

 

На прво место

News image

СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби

  СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби, СДС мисли дека ќе избега од п...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.