Македонски легенди

Зоран Тодоровски

zoran-todorovski

zoran-todorovski

Зоран Тодоровски (Скопје, 3. III. 1950 – 5. III. 2015) е македонски историчар чиј фокус бил насочен кон изучување на поновата македонска историја, особено кон настани и личности, кои припаѓаат на Македонското револуционерно движење од првата половина на XX век. Тој е автор на бројни научни трудови. Подготвил повеќе монографии, како и извори за историските личности како што се: Крсте Мисирков, Тодор Александров, браќата Владимир и Владислав (Славчо) Ковачев, потоа Петар Шанданов, Тодор Поп Антов и др.

Зоран Тодоровски е роден на 3 март 1950 година во Скопје. Во родното место завршува основно и средно образование, а потоа студира на Филозофскиот факултет во Скопје, каде дипломира на Групата за историја со историја на уметноста во 1972 година.

По завршувањето на студиите, од 1975 до 1989 година, работи како советник за заштита на спомениците на културата и музејска дејност во тогашниот Републички комитет за култура, а во периодот 1989–1990 година бил советник на министерот за култура. Во меѓувреме, во 1989 година, магистрирал на Групата за историја на македонскиот народ во XIX и XX век на тема „Дејствувањето на Автономистичката ВМРО 1918–1924“.

Од 1990 до 1996 година, Зоран Тодоровски работи како асистент во Одделението за историја на македонскиот народ (1913 –1941) на Институтот за национална историја (ИНИ). Во 1995 година докторирал на тема „Внатрешната македонска револуционерна организација 1924 – 1934“, по што бил назначен за научен соработник од 1996 година. Во 2000 година станува виш научен соработник, а од 2003 година тој е и научен советник во Одделението за историја на македонскиот народ (1913 –1941) во ИНИ. Професор е по предметот “Историја на Македонија (1913–1941)“.

Во текот на својот живот Зоран Тодоровски бил именуван и за директор на Државниот архив на Република Македонија и раководи со него дванаесет години во периодот од 1999 до 2002 година и од 2006 до 2015 година. Тој се залагаше за унапредување на ра­бо­тата во Државниот архив, за развој на издавачката дејност на Архивот, за архивските ис­тра­жу­ва­ња во странство, за меѓународната соработка и сл. Во овој период тој бил и претседател на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ (2000 – 2002).

Фокусот на научниот интерес на професор Зоран Тодоровски бил насочен кон изучување на поновата македонска историја, особено кон настани и личности, кои припаѓаат на Македонското револуционерно движење од првата половина на XX век. Тој е автор на бројни научни трудови, од кои дваесет книги и зборници на документи (монографии, научни статии и реферати). Значајни се неговите трудови посветени на ВМРО 1918 – 1924 – 1934 и на македонското прашање во бугарскиот парламент, а подготвил и повеќе монографии, како и избори за историските личности како што се: Крсте Мисирков, Тодор Александров, браќата Владимир и Владислав (Славчо) Ковачев, потоа Петар Шанданов, Тодор Поп Антов и др.

Во своите трудови Зоран Тодорвски се осврнува на недоволно истражени личности и настани поврзани со постоењето и активностите на повеќе македонски револуционерни организации: ВМРО, ВМРО (об), МЕФО, Илинденската организација, ММТРО, МПО, како и други прашања од македонската историографија. Сите негови истражувања се базираат на нови документи, со богати историски факти, анализи, кои имаат посебна важност за осветлување на македонската историја. Со своите трудови Тодоровски учествувал и во над 30 меѓународни конференции.

Во соработка со Главната управа на архивите на Бугарија, Тодоровски го издава дневникот на Крсте Мисирков, а исто така и зборникот со документи на Тодор Александров. Во своите трудови тој се застапува Тодор Александров и Иван Михајлов да го завземат своето вистинско место во македонската историја, за која говореше дека била делумно селективна и еднонасочна. Односно, дека во претходниот период поголемо внимание им било посветено на комунистичките и левите струи, додека неоправдано и ненаучно биле запоставувани десните струи на истото движење.

Тодоровски беше еден од најпознатите критички настроени историчари кој за својата дејност ќе изјави: „За мене објективноста е најважна или како што рекол Тодор Александров: Вистината е поголема од светлината, но ја гледа само оној кој може и сака да ја види“.

Зоран Тодоровски умира на 5 март 2015 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top