Среда, 25 Март 2015    PDF Печати Е-пошта
Ацо Караманов

aco-karamanov

Ацо Караманов (31. I. 1927 – 9/10. X. 1944) е македонски поет, раскажувач, романсиер и револуционер. Тој е еден од најистакнатите, најталентирани млади македонски личности во годините на Втората Светска Војна. Во својот краток живот, Караманов прави вистински творечки подвиг и со своето дело кое има високи естетски вредности ќе остави траен белег во македонската литература. Судбината си поигрува со младиот писател кој на седумнаесет години, само еден месец по стапувањето во партизани трагично загинува во борбата со германските воени сили.

Ацо (Александар) Караманов е роден на 31 јануари 1927 година во Радовиш, во семејството на Васил и Софија. Неговиот татко работел како поштенски службеник и со семејството се селел од место во место. Кога Ацо имал само три месеци, неговото семејство се преселило во Белград, а потоа неговото патешествие продолжило во Песка, Валево, Чачак, Младеновац и селото Велико Орашје, каде семејството се задржало подолго време. Тука Ацо го започнал и го завршил основното образование. Благодарение на неговиот учител кај него рано се јавила љубовта кон книжевноста. Своите први стихови ги напишал уште на 9 – годишна возраст.

Согледувајќи ги можностите на младиот Караманов, неговиот учител го однел да полага приемен испит во гимназијата во Смедерево. Приемниот испит го положил со одличен успех и Ацо го продолжил своето гимназиско образование во Смедерево. Во прво време во градот живее сам со својата мајка, а кога татко му добил служба во Скопје, семејството се преселило во Македонија. Ацо го полжил своето гимназиско образование во Првата машка скопска гимназија во учебната 1937/1938 година.

Ацо Караманов бил пожртвуван другар и одличен ученик, со посебна љубов и дарба за литературата. Пишувал прво на српски, а потоа и на бугарски јазик. Сочуваниот фонд говори дека од најраните денови ги надминал училишните програми и дека е подготвен за својата писателска мисија. На писмените работи по бугарски јазик секогаш ја добивал највисоката оценка.

Неговиот Дневник открива дека уште како дете тој одел право кон својата цел. Пишувал стихови и цртал карикатури. Станувал секое утро во 5 часот, читал, работел и пишувал до поаѓањето на училиште, се враќал, брзал за да руча, а потоа трчал во библиотеката и таму читал до доцна во ноќта. Како да го претчувствувал својот трагичен крај, брзал да создаде што повеќе и повеќе.

Тоа се години кога младиот поет, револуционер и визионер, систематски работи врз своето книжевно образование. Ацо Караманов ги изучувал рускиот, францускиот и германскиот јазик и ја проследувал светската литература. Откако совладал огромен фонд од светската литература тој ги направил првите посериозни поетски обиди. Во творештвото не се потпирал на фолклорот, туку на модерната светска поетика и проза.

Во 1942 година доаѓа до подем во неговото творештво и активно вклучување во револуционерните редови. Во пролетта 1943 заедно со неговите соученици стапува во редовите на СКОЈ. Всушност тој им се приклучува на своите другари кои се во редовите на организацијата уште од 1941 година и потоа активно учествува во растурање на летоци и други акции на младинците.

Кон крајот на мај 1944 година со семејството се преселува во родниот Радовиш, а веќе на 5 септември 1944 година станува борец на Четвртиот баталјон на Четвртата македонска народноослободителна бригада. На 17 септември 1944 година, при формирањето на Педесеттата (македонска) народноослободителна дивизија на НОВЈ во селото Митрашинци, Ацо Караманов бил прераспределен за борец на нејзината Тринаесетта македонска народноослободителна бригада.

По повеќе од еден месец од стапувањето во партизани, на денот кога го испеал и последниот стих „Ние кога умираме треба да пееме“, во една престрелка со германските воени сили во ноќта меѓу 9/10 октомври 1944 година на височината кај селото Стојмирово, Беровско, бил тешко ранет и масакриран по заробувањето. Ацо Караманов имал само 17 години кога го положил својот млад живот на олтарот на слобадата за Македонија.

Така Ацо Караманов, најмлад по години, се најде меѓу плејада македонски творци како Рацин, К. Неделковски, М. Богоевски и Н. Вапацаров, кои животот го положија во борбата за ослободување на Македонија. Македонска интилигенција која не го досонува сонот да ја види својата земја слободна и која насушно му беше потребна на идната македонска држава.

Во оставнината на Ацо Караманов, на ова чудо од дете наречено македонски Артур Рембо, се регистрирани голем број поетски творби, поемата „Приказна“ (1943/1944), романот „Трупот со сини очи“, незавршениот роман „Човекот што испил арсеник“, дневник, есеистички записи, осврти и писма. Зачуваните цртежи и карикатури ја потврдуваат и неговата ликовна надареност.

Посмртно му се објавени повеќе изданија од неговото творештво: „Црвена пролет“ (1963, 1984 и 1989), „Прозните записи“ (1981), „Сребрените соништа“ и „Големата песна на Ацо Караманов“ (2006).

Во негова чест во Радовиш секоја година се одржува традиционалната поетска манифестација на младите поети од Република Македонија „Караманови средби“.

 

На прво место

News image

СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби

  СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби, СДС мисли дека ќе избега од п...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.