Среда, 01 Април 2015    PDF Печати Е-пошта
Атанас Раздолов

RazdolovАтанас Раздолов (1872 - 1931) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, општественик и поет. Тој е истакнат претставник на плејадата македонски анархисти од времето на Илинден. Издал неколку десетици помали стихозбирки со песни исклучиво на македонска историско-револуционерна тематика. Му бил мошне близок и искрен приврзаник на Гоце Делчев. Поезијата на Раздолов е македонски крик на вековно насобраниот гнев во душата на македонскиот човек.

Атанас Раздолов е роден во 1872 година во Берово. Според некои извори роден е во Пехчево. Уште како млад го напушта родното место и оди во Ќустендил, каде завршува Педагошко училиште во 1895 година. Станува член на македонското друштво во градот, а потоа се преселува во Софија. Раздолов активно се вклучува во македонското револуционерно дело и станува мошне близок и искрен приврзаник на Гоце Делчев.

Наоѓајќи се во работничка средина Раздолов, кој е уште познат како „дедо Раздолчо“, се вклучува кон Македонската револуционерна социјалистичка група на Васил Главинов, чии членови тргнувајќи од ставот дека без национална нема и еконоска слобода, активно се вклучува во револуционерната борба на Македонската револуционерна организација.  

Во овој период, Раздолов кој е под силно влијание на народната песна, пишува песни со македонска историско-револуционерна тематика. Свесен дека покрај оружје во борбата за слобода на македонскиот народ му се потребни агитациски средства, идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев покренува и одржува посебен конгрес за потребата од македонска книга и топло ги препорачува делата на Раздолов. Дел од неговите први статии, стихови и брошури со теми од револуционерната борба се испраќаат преку курири на Македонската револуционерна организација во внатрешноста на Македонија.

Во јуни 1901 година, Атанас Раздолов во отворено писмо до Борис Сарафов, претседателот на ВМОК, остро го напаѓа Кнезот Фердинанд I. Поради ова писмо бил нападнат од главниот редактор на весникот „Правда“, Никола Наумов, кој е против Сарафов и за помирување со Иван Цончев, по што доаѓа до тешка расправија во кафетеријата „Македонија“. Поради ова писмо Раздолов бил и уапсен од страна на бугарските власти.

По преземањето на Врховниот комитет од генерал Иван Цончев на Деветиот македонски конгрес во летото 1901 година, Раздолов развива просарафистичка кампања во Ќустендилското друштво на организацијата и свртува кон крајната левица на Македонската револуционерна организација.

Раздолов беше човек со чисто минато, револуционер и учител, обожавател и близок другар на Гоце Делчев. Емигрирањето во Софија му донело разочарување. Во својата разочараност, овој горд и даровит поет, знаеше да ги критикува оние револуционери кои наместо да се борат во Македонија, своето време го трошеа во Софија.

Овој истакнат претставник на плејадата македонски анархисти од времето на Илинден, во предилинденскиот период е најплодниот македонски бугаројазичен поет, гласноговорник на македонската револуција. Тој е еден од поетите кој посветил многу стихови за да ги потенцира сите зла и несреќи на македонскиот народ и неговата должност за освојувањето на националните права, а како врв на тие стремежи се крева Илинденското востание. Една од најдобрите стихотворби „Револуција“, тој ја посветил на ослободителното движење во родната Малешевија.

Атанас Раздолов не е само борец со перото, туку и борец со оружје. Тој учествува во Балканските војни како доброволец во втората бригада од Седмата кумановска дружина на Македонско-одринските доброволни чети. По војната во 1914 година тој ќе ја издаде книгата „Иднината на балканскиот полуостров“ во која ќе напише: „Сите патишта водеа кон автономија на Македонија, кон прославената девиза „Македонија на Македонците“, т.е. секој граѓанин да има право да живее слободен живот – таков каков се родил, а не Србинот да го правиш насила Србин, Гркот – грк, Бугаринот – Бугарин, а Влавот – Влав“.   

Покрај „Иднината на балканскиот полуостров“, тој е автор и на други книги меѓу кои се „Песни на востаникот“ (1895), „Крвавиот исток и бездушна Европа“ (1889), „Пред министерските врати“ (1907), како и повеќе стихови, статии и брошури со револуционерна содржина. Раздолов, главно во сопствена режија, издал неколку десетици помали стихозбирки со песни исклучиво на македонска историско- револуционерна тематика. Неговата поезија прилега на крик од насобраниот гнев во душата на обесправениот македонски човек.

Атанас Раздолов самиот си го одзема животот во 1931 година.

Избор од поезијата на Раздолов е издадена на македонски јазик од Гане Тодоровски, а негова монографија насловена „Зборот куршум и динамит“ издадена е од Васил Тоциновски. Во својата песна „Кој ќе ни помогне“, од збирката песни „Баба Ѓурѓа и проза во стихови. Од современиот македонски дух“ (Ќустендил, 1895), Атанас Раздолов пишува:

„Слобода сакаме -
Народот вика така
Кој да го слушне кутриот народ,
Бугарија ли? Тракија?
Дали учената Европа,
Којашто гробот ни го копа?
Или пак сениште од некој храм
Спас ќе ни донесе нам?

Бугарија и Тракија
Од друго вино се опија;
А од просветената Европа
Без „Батак“ не ни тропа
И нигде никому чуда
За спас не му се нудат,
Затоа: кутрете - чинете
И - сами накај правдините“!

 

На прво место

News image

КАТОЛИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БАДНИК

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.