Македонски легенди

Станко Караман

Stanko-Karaman
LEAD Technologies Inc. V1.01

Stanko-KaramanСтанко Караман (1889 – 1959) е македонски природонаучник, основач на Природонаучниот музеј, на Зоолошката градина и на Скопскиот парк. Работи на ихтиофауната во земјата и ја објавил својата студија Pisces Macedoniae. Објавил повеќе од стотина научни трудови во кои ја обработува класификацијата на рибите, птиците, влекачите и многу групи од раковидните организми. Најголемиот број од новоопишаните видови и подвидови го носат името на Македонија, реката Вардар и големите планински масиви во Македонија. Опишал повеќе од 60 видови и подвидови. Основач е и на музејските списанија „Acta“ и „Fragmenta balkanica“.

Станко Караман е роден на 8 декември 1889 година во Сараево (тогашна Австро-Унгарија), во семјството на Анка Миладинов и Лука Караман. Неговиот татко кој бил биолог и директор на гимназијата, му ја всадува љубовта кон природата. По завршувањето на гимназијата во 1912, тој го продолжува своето образование на Природословниот факултет, група биологија во Загреб, а потоа и во Неапол. Во текот на Првата светска војна тој ги прекинува студиите, за да потоа да дипломира на Универзитетот во Загреб. Веднаш потоа работи на својата докторска дисертација за филогенезата (развојот) на крапот (Cyprinidae), кој припаѓа на најголемата фамилија на слатководни риби.

Во 1921 година, Станко Караман се стекнува со титулата доктор по филозофија и работи како асистент за наука на факултетот во Загреб. Тој ги проучува групите водоземци, влекачи и риби, а во 1921/1922 година на научната јавност и` се претставува со три труда од овие области. Проучувајќи ги трудовите на тогашните водечки научници за балканската фауна, него го привлекува истражувањето на специјалната истражувачка комисија „Комисија за македонско земјосознание (Mazedonishe Landeskundliche Kommission), во рамките на Генаралштабот на германската армија за време на Првата Светска војна, со која раководи познатиот истражувач на природата д-р Франц Дофлајн. Во 1921 година, д-р Дофлајн ги публикува резултатите на истражувачката работа во монографијата „Mazedonien“ која го зголемува интересот на д-р Станко Караман за природното богатство на Македонија.  

Во 1922 година, д-р Станко Караман за првпат ја посетува Македонија, по што ќе излезе неговиот труд „Прилог кон херпетологијата на Македонија“, во кој за првпат ситематски ќе обработи 19 видови водоземци и влекачи, меѓу кои и еден подвид. Наредната 1923 година, д-р Караман повторно доаѓа во Македонија, но овој пат на покана на тогашното Хигиенско одделение при Министерството за народно здравје. Тој останал 6 месеци и ги истражувал истечните води, езерата, мучуриштата и оризиштата во Македонија, односно ендемичните реони во кои комарците ја пренесуваат маларијата. Исто така, тој собира податоци за болеста и болните по маларичните станици, по што наредната 1924 година излегува со својот труд „Анофелитна Македонија и нивното сузбивање“. Во него наведува 5 наместо дотогашните 3 вида маларични комарци и ќе наведе мерки за нивно сузбивање. Односно уништување на ларвите на маларичните комарци со внесување на мали риби, Rhodeus Paraphoxinus во водите каде што ги нема, со што прави прв обид на рационален биолошки, еколошки и економски пристап во борбата на човекот со штетните инсекти.

Престојот во Македонија, тој ќе го искористи и за истражување на слатководните риби. Истата 1924 година, во Сплит ќе го објави капиталниот труд студијата Pisces Macedoniae. Меѓу 45-те видови, подвидови, што истражувачите и самиот тој претходно ги регистрирале во нашите води, тој ќе оддели 16 и ќе ги опише како нови за науката. И денес во употреба е името со кој ги определува д-р Караман.

По двата престоја, младиот вљубеник и истражувач на природата одлучува да го напушти Загреб и дојде во Скопје, каде е назначен за паразитолог во тогаш новоформираниот Завод за тропски болести во Скопје. Во битката со овие заболувања, д-р Станко Караман во 1926 година ќе ја објави „Хелминтијазата во Скопје“. Меѓутоа, покрај редовната работа, тој ја крстосува земјата и врши проучување на нејзината фауна. Тој постојано собира и проучува повеќе групи од светот на природата, меѓу кои птиците и лилјаците, за кои потоа објавува свои трудови.

Како страствен колекционер и проучувач на животинскиот свет во Македонија, д-р Станко Караман е основач на Природонаучниот музеј, на Зоолошката градина и Скопскиот парк. Во есента 1926 година донесен е закон за основање на Зоолошки музеј во Скопје, кој подоцна ќе прерасне во Природонаучен музеј. Во истата година, од страна на тричлена комисија со која раководи д-р Станко Караман, на денешната локација била формирана Зоолошката градина во Скопје, која располагала со скромен број животни кои претежно биле добиени како подарок.

Природонаучниот музеј на Македонија (Зоолошкиот музеј) го започнува својот живот во павиљон во сегашниот градски парк, а потоа се сели во потрага по подобри услови за работа. Д-р Караман бил на чело на оваа институција се` до почетокот на Втората Светска Војна. Тој е единстениот научен работник, кој работи заедно со еден препаратор и едно техничко лице. Сам колекционирал материјали, ги обработувал или ги праќал на обработка на познати и признати стручњаци од цела Европа, со кои е во постојана коресподенција.

Набргу по формирањето на Музејот, д-р Караман се сели во зграда во Дебар Маало. Потоа во 1934 година повторно го преселува во градскиот парк, во зградата на кафеаната „Кермес“, а во 1939 година, поради недостаток на простор, Музејот повторно се сели во поголема зграда на бул. „Илинден“ каде имале соодветни услови за интензивирање на музејската дејност, особено на колекционерската и научноистражувачката активност.

Д-р Станко Караман објавил повеќе научни трудови во кои обработува класификација на рибите, птиците, влекачите и многу групи од раковидните организми. Најголемиот број од новоопишаните видови и подвидови го носат името на Македонија, реката Вардар и големите планински масиви во Македонија. Опишал повеќе од 60 видови и подвидови. Истовремено, пак, тој добива на обработка материјали од Европа, од Северна Африка. Во овој период тој учествува и научноистражувачката дејност на подземната фауна во пештерите на Македонија.

Разултатите од истражувањата д-р Караман ги објавува во научното списание „Гласник на Скопското научно друштво“, чиј уредник е од 1937 до 1941 година. Во 1939 година излегува и музејското списание „Analles“ во чии седум броја се изложени резултатите од научно-истражувачката дејност. Исто така, неговото име се сретнува и во меѓународните списанија.

Во периодот, д-р Караман превзема уште една иницијатива. Одземајки дел по дел од неплодната и мочурлива површина, која Вардар постојано ја плавел, на површина од над стотина хектари тој ќе го изгради вториот Градски парк во кој ќе насади автохтона флора.   

Со почетокот на Втората Светска Војна во 1941 година, Музејот привремено ги запира своите активности, а д-р Станко Караман со семејството ја напушта Македонија. Оди во Србија и живее во Крагуевац и Смедерево. По војната прво работи во Биолошкиот институт во Дубровник, а во Македонија се враќа дури во 1952 година и се вклучува во сите активности на Музејот. Продолжува со истражувањата, а новите биолози ги воведува во светот на науката.

Д-р Караман особено се грижи за стручно оспособување на препараторскиот кадар, на кој му го пренесува своето знаење. Подоцна Скопје станува центар од каде ова знаење се пренесува на препараторите од музеите од цела Југославија. Во 1954 година заедно со д-р Петар Икономов го иницираат издавањето на музејските списанија „Acta“ и „Fragmenta balkanica“, во кои се објавуваат резултатите на начно-истражувачката дејност.

Во 1957 година, на негово барање бил пензиониран. Но, неговата активност, продолжила се` додека болеста не го спречи. По долготрајно боледување почина на 17 мај 1959 година во Скопје. Еден од најголемите ихтиолози на Балканот остави зад себе над стотина научни трудови и колекционерски материјал кој се чува во депоата или е изложен во Музејот.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top