Среда, 22 Април 2015    PDF Печати Е-пошта
Захарина Димитрова - прва жена лекар од Македонија

zaharinaЗахарина Велова Димитрова (26. XI. 1873 - 14. IV. 1940) е прва жена лекар од Македонија. Медицина завршила во Нанси (Франција) на 27 февруари 1901 г. За нејзината дисертација „Структурни иследувања на епифизната жлезда“ била и наградена. Турските власти не и` дозволиле да биде лекар во Македонија, поради што таа оди во Бугарија, каде останува да живее и работи.

Захарина Димитрова е родена на 26 ноември 1873 година во Ресен, Македонија. Таа е ќерка на Мице Велов, син на познат македонски патриот и деец во црковната борба за обновување на Охридската архиепископија Вељо Милошев. Захарина завршува средно училиште во женската гимназија во Солун, а потоа образованието го продолжува во Москва каде учи акушерство.

Во време кога голем број на Медицински факултети во Европа беа затворени за студирање на жените, Захарина ја задоволува својата желба за знаење и го продолжува своето образование како студентка по медицина во Лозана. Потоа како стипендистка на Егзархијата го продолжува своето образование по медицина на Медицинскиот факултет во Нанси (Франција), кој ги прима првите женски студенти во 1894 година.

Во учебната 1894/1895 година, според списоците на студенти на овој факултет, во првиот квартал студираат 1 од Русија; потоа во вториот квартал: 2 од Русија, 6 од Бугарија, 2 од Турција (Македонија); а во третиот квартал вкупно 10. Меѓу нив се наоѓа и ресенчанката Захарина Велова, за што сведочи заедничката фотографија на студентите по медицина од 1 и 2 година, на која е прва од лево.


Захарина победува на конкурсот по анатомија и хистологија за студентите и е наградена со сребрен медал за време на втората година од студиите. Медицинските студии ги завршува со златен медал за почести во Нанси на 27 февруари 1901 година. Со модерен речник, таа има одличен импакт фактор за нејзината дисертација „Структурни иследувања на епифизната жлезда“, за која била и наградена.

Во текот на владеењето на Османлиската империја со Македонија, на жените им било забрането да практикуваат медицина. Од друга страна, по формирањето на кнежевството Бугарија во 1878 година, бугарското собрание усвоило напреден Устав за тоа време, во кој идејата за високото образование кај жените била прифатена без резерва. Новото кнежество соработува со Франција која им испраќа кадри потребни за изградба на бугарската држава, како и со факултетот во Ненси, каде се школуваат кадри со стипендии од Бугарија,

Бидејќи турските власти не дозволуваат да биде лекар во Македонија, Захарина Велова како стипендист на Егзархијата оди во Бугарија, каде наоѓа место во Пловдивската и Сливенската болница. Таа останува да живее и работи во Бугарија и подоцна стапува во брак со воениот фармацевт Панајот Димитров.

Со своето доаѓање во Бугарија, Захарина Велова има големо влијание во промоцијата на здравјето, превенцијата на заразните болести и развојот на здравствените установи. За време на Балканските војни во 1912 – 1913 година, таа отвара санитарен одел во Пазарџик.

Покрај лекарската пракса, Захарина Димитрова не ја заборава својата земја и активно се вклучува во помогање на бегалците од Македонија. Станува претседател на македонско Здружение за просвета на жените и за македонска преродба, кое со помош на македонската емиграција го помага образованието на деца без родители од Македонија и се организираат летни кампови.

Захарина Велова Димитрова, првата жена лекар од Македонија, починала на 14 април 1940 година во Бугарија.

[извор: Македонска енциколопедија, 2009 г; Simone Gilgenkrantz, Les premières étudiantes étrangères en médecine à Nancy (1894-1914) - http://www.professeurs-medecine-nancy.fr/premieres_etudiantes_etrangeres.htm]

 

На прво место

News image

СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби

  СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби, СДС мисли дека ќе избега од п...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.