Македонски легенди

Христо Настев

Hristo Nastev in Pireya 1903

Hristo Nastev in Pireya 1903Христо Настев (Штип, 6. IV. 1876 – Варна, 20. VI. 1962) е македонски револуционер и учител, учесник во македонското револуционерно движење. Во 1898 година завршил педагошко училиште во Скопје. Учителствувал во Виница, Банско (Разлошко), Бунархисар. Како член на МРО, бил претседател на рев. комитет во Виница, на ОК на ТМОРО во Бунархисар (1899–1900), секретар во четата на Т. Давидов во Битолско (1902), учесник на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание како лерински војвода. По востанието бил началник на Ќустендилскиот пункт на ТМОРО. Настев ја опишува смртта на војводата Дине Кљосов во претставата „Како умира македонски четник“.

Христо Настев е роден во 1876 година во Штип, Македонија. Од 1895 до 1898 година учи во педагошкото училиште во Скопје, каде станува член на ТМОРО. По завршувањето на педагошкото училиште, учителствувал во Виница и во Банско (Разлошко). Во 1898 година бил назначен за главен учител во Виница и претседател на револуционерниот комитет на Организацијата, кој по Виничката афера во 1897 година речиси не функционирал. Настев набргу ја возобновил мрежата и истата година го организира каналот меѓу Ќустендил и Штип.  

Меѓутоа, турските власти почнале да се сомневаат во неговите активности. За да не биде уапсен, Настев бега во Ќустендил. Набргу бил испратен за главен учител во одринскиот град Бунархисар. Во периодот 1899 до 1900 година, тој работи на воспоставување на мрежа на Организацијата. По доаѓањето во градот тој го формирал првиот Околиски комитет на ТМОРО во кој влегуваат: Димитар Спиров од Урумбеглија, Костадин Боруџиев и Георги Кехајов од Бунархисар, Димитар Ташев и Иван Котков од Колибите, а самиот бил избран за претседател. Ги обиколувал и околните села (Урумбеглија, Курудере, Јана, Чонгара, Килибите, Пенека) во кои формирал месни комитети. Во овој период бил посетен и од Гоце Делчев и Стојан Лазов.

Меѓутоа, во јули 1900 година избувнува т.н. Керемидчиогловата афера. Одринскиот војвода Георги Танев, со подршка на ВМОК, одлучува да го киднапира грчкиот лекар и чифликчија Костаки Керемидчиоглу од Лозенградско. Четата успева да добие откуп од 800 лири, но тоа ќе има тешки последици по Организацијата во Лозенградскиот и Бунархисарскиот реон. Во оваа афера, турските власти само во Бунархисар уапсиле 16 првенци, а другите успеале да пребегаат. Настев кој пребегнал во Бугарија, бил осуден во отсуство на 101 година затвор.

По оваа афера, Организацијата две години практично не постои во Бунархисар. Христо Настев за овие настани ќе забележи: „Нека добро се запомни, дека заради тие пари кои се однесоа во Бугарија, се разори цела организација во еден крај од кој можеше да се соберат, ако беше потребно не 800, туку 10.000 лири. За 800 лири се фрлија безмилосно по затворите сите повидни луѓе, од кои некои веќе починаа од тепање…“

Христо Настев се враќа во Македонија во 1902 година. Тој бил назначен за секретар на четата на капетан Тома Давидов, која испратена од Гоце Делчев имаше задача да изврши ревизија на четите во Битолско, Охридско и Демирхисарско. Настев беше со војвода кој на својот пријател Гоце Делчев пред да замине му рече: „Не сум од Македонија, но за нејзината слобода сум подготвен секој момент да си го дадам животот. Ќе одам таму, меѓу братскиот народ да умрам…“

Во март 1903 година, Давидов загина кај с. Оздолени, Охридско, а Христо Настев потоа учествува на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание како војвода на чета во Леринско, која е под раководство Георги Поп Христов.

По востанието заминува во Бугарија. На почетокот на 1904 година Христо Настев бил поставен за началник на Ќустендилскиот пункт на ТМОРО. По објавената амнестија на учесниците во востанието, тој се враќа во Штип, но бил уапсен и осуден на 5 години затвор. Затворската казна ја издржува во Скопскиот затвор Куршумли ан, каде останува се` до Младотурската револуција во 1908 година кога е ослободен.

По војните се населува во Бугарија. Живее и работи како службеник во Варна. Во јануари 1923 година станува член на Илинденската организација. Во своите спомени се осврнува на борбите во Македонија и Одринско. Настев ја опишува смртта на војводата Дине Кљосов во претставата „Како умира македонски четник“, која за првпат ќе се одигра на 18 февруари 1939 година во „Македонскиот дом“ во Варна. Тоа е настан од 28 септември 1902 година, кога војвода Дине и неговите четници Ване Попов (Неокази), Крсто Торбанов (Сетина) и Најдо (Добровени), по целодневна борба во опколената маала во село Крушоради за да не паднат живи во рацете се самоубиваат.

Христо Настев умира на 20 јуни 1962 година во Варна, Бугарија.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top