Среда, 13 Мај 2015    PDF Печати Е-пошта
Тодор Скаловски

todor-skalovski

Тодор Скаловски (21. I 1909 - 1. VII 2003) е македонски композитор, хорски и симфониски диригент, еден од по истакнатите претставници на првата генерација македонски композитори. По Втората светска војна учествува во формирањето и работата на музичките институции во Македонија. Скаловски бил првиот директор и прв диригент на Македонската опера и балет, а и основач на Македонската филхармонија. Во 1944 г., во неговиот дом, се одржал основачкиот состанок на првиот Симфониски оркестар, кој во 1950 г. прераснува во Македонска филхармонија. Автор на голем број инструментални, вокални-инструментални и сценски композиции, вклучувајќи ја и музиката на химната на Македонија „Денес над Македонија“.

Тодор Скаловски е роден на 21 јануари 1909 година во Тетово. Уште како мал ја засакал музиката и како тринастогодишник ги развеселува соседите свирејќи серенади. Познатиот ликовен уметник Лазар Личеновски во него препознал талент и по негова препорака Тодор се запишал во Музичкото училиште „Мокрањац“ во Белград во 1930 година. Сакал да стане виолинист, но увидува дека поголеми можности за напредување има во наставниот дел. Веќе наредната година се префрлил на наставниот дел и учи кај угледните професори на тоа време Коста Манојловиќ, др. Милое Милоевиќ, Јосип Славенски и др.

Во овој период, доаѓа до израз неговот младалашки револуционерен дух. Се повеќе го интересира македонското прашање и македонската народна традиција. Со Стефан Гајдов, Жифко Фирфов, Аспарух Хаџи Николов, Коста Манојловиќ формираат хор од Македонци кои учат музика. Во овој период, како апсолвент, започнуваат неговите први композиторски обиди („Румени Булки“- 1934).

Во 1935 година, по дипломирањето, поради наводот во неговата молба дека бара работа во кое било место на територија на Македонија, началникот на тогашното Кралство Југославија му ветил дека никогаш нема да добие работа во државна служба додека тој се наоѓа на таа положба. Три години потоа (1938) полицијата го привела и претепала, откако  во преполната сала на Коларичевиот народен универзитет одржал предавање на тема „Народните песни од Повардарието“ и „Белезите на фолклорот на нашиот југ“.

Во овој период Тодор Скаловски ја започнува својата повеќедецениската диригентска активност. Учи диригирање кај прочуениот хрватски композитор диригент и оперски редител Ловро Матачиќ, кој е оперски диригент во Белград од 1924 до 1932 година, вршител на должност на директор и диригент на Белградската филхарминија од 1938 до 1941 година,

Во вората половина на триесетите години на минатиот век, Скаловски работи како наставник и диригент со повеќе хорски ансамбли, а најмногу се задржува во Сремска Митровица, каде го раководи гимназискиот и црковниот хор. По окупацијата на Југославија во април 1941 година, фашистичките власти го протеруваат Скаловски со семејството во Македонија, каде тој продолжува со својата активност.

Во периодот 1941 до 1943 година, Скаловски престојува во Скопје и Битола, каде работи како учител во Битолската гимназија. Не е познато дали бил испратен на дополнителна обука во Бугарија, но во 1942 година, тој со хорот „Ѓорѓи Сугаре“ настапува во големата сала “Б’лгарија“ во Софија со „Македонска хумореска“, која бугарската критика ја прогласува за “најхумористична песна во бугарската литература“.

Тодор Скаловски по доаѓањето во Македонија се приклучил на народноослободителното движење, а хорската работа се користела за да се прикријат активностите на  членовите вклучени во отпорот против германската и бугарската окупација. Во 1942 година тој во Скопје основа машки хор, чии членови подоцна се вклучија во Вториот скопски партизански одред. Потоа оди во Битола, каде неговата куќа станува седиште на отпорот, а преку хорот организирано се испраќаат членовите во партизани.   

По војната, Скаловски дава голем придонес во македонската музичка култура. Тој со неколку свои соборци и колеги учествува во формирањето и работата на повеќе музички институции во Македонија. Во неговиот дом, во ноември 1944 година, се одржал основачкиот состанок на првиот Симфониски оркестар, кој потоа во 1950 година прераснува во Македонската филхармонија. Освен инцијатор и основач, тој е нејзин прв диригент, а во 1947 година бил поставен и за прв директор и диригент на новоформираната Опера. Истовремено, во 1947 година, Скаловски учествувал и во основањето на Друштвото на музичарите на Македонија (подоцна СОКОМ и СМУМ), чиј претседател бил во 1950, 1952 о 1962 година, а бил и прв заменик главен уредник на Македонското радио.

Од 1948 до 1953 година, директор и диригент на новооснованата Опера и Македонска филхармонија, бил поставен неговиот пријател и прославен диригент Ловро Матачиќ,  а Тодор Скаловски во 1951 година ја завршува Летната академија за диригирање во Салцбург, кај Филхем Фуртвенглер и Херман Шмајдал. 

Во повоениот период, покрај раководењето, Тодор Скаловски продолжува да развива плодна изведувачка и композитерска дејност. Со Македонската филхармонија, но и со други матични оркестри, Скаловски како диригент се појавува како на домашната, така и европски сцена (Полска, Чешка, Австрија, Италија, Финска, Бугарија, Унгарија). Тој е познат по употребата во неговите композиции на македонските фолклорни мотиви и духовната музичка традиција темелена на византиската Кукузелова школа.

Автор на голем број инструментални, вокални-инструментални и сценски композиции, вклучувајќи ја и музиката на химната на Македонија „Денес над Македонија“. Творечкиот опус му е реалативно голем и обемен, над 100 композиции од различни жанрови. Како творец интензивно создава во периодот од 1938 до 1973 година, а неговите  највисоките дострели се на полето на хорската музика “Македонско оро“, 1943, “Величанија Кирилу и Методију“, 1971. Од другите негови композиции особено успешна е Суитата за глас, хор и инструментален состав “Балтепе“, која доживеа светска слава на сцените на Лос Анџелос, Њујорк, Виена и Москва.

Тодор Скаловски во 1972 година станал дописен член, а во 1976 година редовен член на МАНУ. За својата работа добитник е на бројни награди, признанија, одликувања и др. меѓу кои се: „11. Октомври“ (1966); највисока награда за музичко творештво на некогашна СФРЈ, „АВНОЈ“ (1981); награда за животно дело „Трајко Прокопиев“ од Сојузот на композиторите на Македонија, (1992); златна плакета „Македонска филхармонија, 55 години“ (1999), највисока награда на Република Македонија за животно дело и др.

Тодор Скаловски умира на 1 јули 2004 година во Скопје.

 

На прво место

News image

СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби

  СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби, СДС мисли дека ќе избега од п...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.