Среда, 20 Мај 2015    PDF Печати Е-пошта
Ангел Андреев

angel-andreevАнгел Андреев (23. IV. 1867 - ?) е македонски револуционер и војвода на Македонско револуционерната организација. Бил прврзаник на Борис Сарафов и бил огорчен противник на врховистите.

Ангел Андреев е роден на 23 април 1867 година во преспанското село Рудари, Егејскиот дел на Македонија. Две години учел грчко училиште во селото Герман, а на 16 години го пратија на гурбет во Анадолија, каде работи како ѕидар со татко му во градот Кнак (Пергамска околија). Таму умира татко му, а Ангел останува со својот брат и заедно со други нашинци работи како ѕидар. Останал 7 години, за кое време само еднаш го посетил родното место. Во 1888 година се вратил во родното место. На 22 години се оженил со жена од Герман и додека неговите тројца браќа одеа на гурбет во Варна, Бугарија, тој останал дома 4 години.  

Во 1892 година, Ангел  ја остава жената и децата дома и заминува на печалба за Варна. По три години работа во Варна, Каварна и Балчик, шест месеци престојува во родното место. Во 1895 година, на Ѓурѓовден, тој повторно се вратил во Варна. Таму сите дојдени од Македонија биле членови на македонското друштво од Варна. Организирани во чети од страна на Македонскиот комитет, тие се подготвувале да влезат во Македонија. Неговиот брат Лазар Ангелов тргнал за Македонија, но четата се вратила. Се спремал и Ангел, но по неуспехот на Мелничкото востание Бугарија ја затворила границата.

Една и пол година потоа, Ангел со помалиот брат се вратил во своето село, каде ја поминал зимата. Во летото, повторно се вратил во Варна каде останал 5 години. Со доаѓањето на Борис Сарафов на чело на Комитетот, кој нареди да се исчистат шпионите во Македонија, македонското дело земало силен замав. Ангел набрзо станал член на Стрелачката дружина во Варна и по двомесечно учење бил назначен за командант на втората чета.  

Ангел Андреев верувал во Сарафов и бил огорчен противник на врховистите, со кои се борел со најголем бес. На повик на Организацијата, Ангел заминува од Варна за Софија во август 1902 година, а веќе на 1 октомври истата година влегува во Македонија со ревизионата чета на Тома Давидов, во која речиси сите беа Македонци. Со војводата Давидов, кој е од Ловеч, Бугарија и кој душата ја даваше за Македонија, тие ги обиколуваат Леринско, Кајларско и Битолско. На 15 март 1903 година, во село Оздолени, Дебарца, Давидов загинал во борба за башибозукот, а местото на Давидов го превзема Христо Узунов.

Ангел Андреев е избран за преспански војвода на Смилевскиот конгрес. Во летото 1903 година, за време на Илинденското востание, со првично 200 востаници, Андреев планирал да го нападне селото П’пли, но Коте Христов ја осуетил неговата намера. Така тој на 22 јули (стар стил) го напаѓа Шаовци, а на 27 јули (ст. ст.) повторно го напаѓа П’пли со помош на Коте Христов и сто негови четници. Селото е превземено и чувано дванаесет дена. Кај селото Штрково, Андреев ја спасува четата на Коте од заседа, а по 10 август (ст.ст.) четите се повлекуваат во планините. На 21 септември (ст.ст) го разбива опкружувањето на турскиот аскер кај Црвената стена и во селото Герман се сретнал со Васил Чакаларов. Наскоро тој со своите другари се насочува кон Грција.

По влегувањето во Грција, Ангел Андреев бил уапсен и поминал извесно време во затворот во Трикала, Опишувајќи го својот престој во грчкиот затвор, како и за интересот на грчките власти, Андреев својите спомени вели:

„Не` тераа сите еден по еден да одиме врзани со синџири на рацете и требаше да поминиме покрај турскиот конзулат, по двајца на еден синџир врзани. При испитувањето... реков дека не сум Грк, дека сме биле под Патријаршијата – селото Рударе – но дека сега не знам како е, дека сум учествувал во востанието. Прашуваа кој ни го купува оружјето – дали бугарскиот комитет? Каде сум роден? Не ми веруваа дека сум Македонец. „Ти си од Бугарија“ – велеа. Јас им велам дека имам жена, деца и друго и им велам да проверат. Тие пак не веруваат: „Ти лажеш, вие не се боревте за слобода, туку против нас елините, убивавте попови и учители грчки“. Оговорив дека убиваме шпиони во името на револуцијата и нашиот закон и ништо повеќе. Ни посочија грчки весник во кој се опишувале божем нашите ѕверски дела. Ние одговоривме дека сето тоа е лага.    

За Андреев биле заинтересирани не само властите, туку и новинарите во Грција. Пред грчките новинари тогаш тој за карактерот на востанието ќе каже дека крајна цел е создавање на автономна држава Македонија, во која сите би биле рамноправни. За овие случувања, тој во своите спомени ќе наведе:

„Дојдоа новинари во затвор. Се чудеа како под диктат на Бугарите од Бугарија ние сме се навлекле да правиме востание. Ние одговоривме дека ниту за Грција, ниту за Бугарија, ниту за Србија работиме, туку само за Македонија. Не во едно лето, туку 10 години се подготвувавме за едно такво дело – револуција, која ги обедини (сите) против заедничкиот непријател. Толку, очевидно, Грците се заинтересираа за Македонија, сега едвај кога пукна пушката итн. Прашаа кого сакаме за кнез на Македонија. Ни сме биле историски врзани со Грција и требало да бараме грчки кнез. Ние одговоривме дека сега не мислиме на тоа. Нека ни помогнат Грците да се ослободиме, а потоа е лесно за тоа“. 

По излегувањето од грчкиот затвор, војводата Ангел Андреев заминал за Варна, Бугарија, каде останал до крајот на својот живот.

 

На прво место

News image

СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби

  СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби, СДС мисли дека ќе избега од п...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.