Среда, 27 Мај 2015    PDF Печати Е-пошта
Андон Попштеров

andon-poosterov

Андон Попштеров (1881 – 3. I 1932) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Познат е како Д’мбенски и Рудински и учествува во повеќе борби за ослободување на Македонија. Постојано влегувал во борба со османлискиот аскер и четите на грчката вооружена пропаганда.  Во октомври1925 година, заедно со Леринската чета, тој води борба во селото Пополжани, Леринско, со побројната грчка војска, а во ноември учествува во нападот со фрлање бомби врз грчкиот Воен клуб во Лерин. 

Андон (Доне) Попштеров е роден во 1881 година во костурското село Д’мбени. Завршил основно образование. Релативно млад станува член на Македонската револуционерна организација. Во 1898 година станува член на ТМОРО и влегува во четата на Лазар Поп Трајков. Наредната 1899 година, за заслуга бил унапреден во „групов началник“.

Во предилинденскиот период, на 30 мај 1903 година, Доне учествува во борбите на врвовите Локвата и Вињари, во близина на селото Д’мбени. Во судирот меѓу здружените македонски чети на војводите Васил Чакаларов,  Пандо Кљашев и Дичо Андонов и многубројниот турски аскер вооружен со топови и митролези, Османлиите имаат големи загуби, повеќе од 150. Во казнената експедиција на турската војска била опожерена и куќата на Андон во Д’мбени.

Во летото 1903 година, за време на Илинденското востание, како војвода на чета Андон (Доне) води борби кај Билишта, месноста В’лкана над село Апоскеп, Невеска, Врбник, Загоричани на Лисец и кај село Кономлади. По угушувањето на востанието, Доне ја продолжил револуционерната дејност. Тој постојано се наоѓа во првите борбени редови и влегува во борба со османлискиот аскер и четите на грчката вооружена пропаганда.

На 15 мај 1906 година Доне води борба со многубројна војска кај месноста Новиот пат во близина на Д’мбени, каде е тешко ранет.  Во месноста Ѓупски ниви пет часа води борба со османлиската војска, а меѓу селата Желев и Трново се бори со грчка чета. Во текот на 1907 година, под водство на Атанас Коршаков со својата чета зема учество при уништување на грчката чета на капетан Милас, кој бил убиен во текот на борбата.  

Во 1908 година, по Младотурската револуција, преспанскиот војвода  Андон Попштеров се повлекува и преку Бугарија заминал за Америка да бара подобар живот.

Сепак, по избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Доне како искусен револуционер кој учествувал во повеќе борби за ослободување на Македонија, се враќа во земјата и учествува како доброволец во Македонско-одринско ополчение.

Во текот на Втората балканска војна тој бил заробен и лежи во затворот Беаз куле во Солун од 12 јули 1913 до 28 март 1914 година. По излегувањето од затвор се населил во Ениџе, Ксантиско, каде живее како изгнаник се до Првата светска војна кога повторно е мобилизиран и се бори во редовите на 37 пешадиски пирински полк на Бугарската армија. Награден е со „Орден за храброст од IV степен“.

По Првата светска војна Андон (Доне) Попштеров се вклучува во возобновената Македонска револуционерна организација. Во 1925 година тој повторно влегува во Македонија на чело на Костурската чета. Во пролетта тој ја преминува реката Вардар заедно со четите на Петар Ангелов, Илија Лерински, Тале Андонов и Наум Јосифов со курирската чета на Христо Андонов.

Во октомври 1925 година, Доне заедно со Леринската чета, води борба во селото Пополжани, Леринско, со побројната грчка војска, а во ноември учествува во нападот со фрлање бомби врз грчкиот Воен клуб во Лерин.  

По убиството на Александар Протогеров во 1928 година, тој застанува на страната на протогеровистите. На 3 јауари 1932 година во градот Станимак (денешен Асеновград), двајца политички опоненти во вечерните часови го напаѓаат од заседа и му стрелаат во грб.  Неколку часови подоцна Доне Д’мбенски умира дома од здобиените рани. Неговите блиски, роднини и другари од Организацијата ќе го погребаат со високи почести.

 

На прво место

News image

СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби

  СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби, СДС мисли дека ќе избега од п...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.