Среда, 17 Јуни 2015    PDF Печати Е-пошта
Христо Сиљанов

Hristo silqnovХристо Сиљанов (26. V 1880 - Софија, 26. IX 1939) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, историчар, публицист и поет. Како учесник во револуционерните борби во Македонија и Одринско, своите доживувања ги опишува во неколку книги спомени, а како поет му посветува песни на Гоце Делчев. На барање на Илинденската организација тој напишал цела студија за македонското ослободително дело. Во 1933 година, во издание на Илинденската организација, во Софија е објавен првиот том од неговата двотомна студија „Ослободителните борби на Македонија. Илинденското востание“. Вториот том е објавен десет години подоцна или четири години по неговата смрт. Вториот том „Ослободителните борби на Македонија“ е објавен со поднаслов „По Илинденското востание“, во 1943 година во Софија.

Христо Сиљанов е роден на 26 мај 1880 година, во Цариград, во семејството на Иван Сиљанов од Охрид. Основното образование го завршува во родниот град, а средното училиште (класична гимназија) во Солун и Битола. Во 1899 година, кога се префрлил во Битолската гимназија, станал член на Македонската револуционерна организација. Истата година, по завршувањето на гимназијата, работел како учител во Прилеп, каде бил член на обласниот револуционерен комитет, а потоа во 1900 година продолжил да учителствува во Лерин.

Во 1902 година преминал во илегала и станал член на четата на Марко Лерински. Учествувал во акциите за илегално преносување на оружје од Грција за Костурско. Во овој период имал можност да се запознае со Гоце Делчев, Даме Груев и многу други познати македонски револуционери. Заминал на лекување во Софија и работел на единството на различните фракции во македонското ослободително дело. Исто така, се изјаснил против решението на Солунскиот когрес од 3 – 4 јануари 1903 година за кревање на востание.  

Христо Сиљанов учествувал на Конгресот на VII Револуционерен округ на Македонската револуционерна организација кој се одржал на Петрова нива на 28 и 29 јуни 1903 година (11 – 13 јули 1903). Во присуство на 47 делегати тој бил избран за еден од двата секретари на Конгресот на кој се одлучувало за дигање на востание во Одринско.

Во тект на Илинденското востание, Христо Сиљанов е заменик војвода, заедно со велешанецот Иван Варналиев, во четата на Михаил Герџиков. Со четата учествувал во борбите за ослободување на Ценоморските градови Василико (Царево) и Ахтопол, а потоа до крајот на септември им овозможувал на бегалците од турските репресалии во Одринско безбедно да преминат во Бугарија. По задушувањето на востанието, тој заминал за Софија.

Христо Сиљанов се запишал на историски науки на Софискиот универзитет, а се занимава со новинарство и редактира во вестниците „Илинден“, „Вести“, „Ден“, „Вардар“ и др. Во 1905 година, Сиљанов бил еден од иницијаторите за формирање на Друштвото на новинарите во Софија, чии активности се насочени воглавно кон професионалните прашања и кон заштита на моралните и материјалните интереси на новинарите.

Во 1907 година Христо Сиљанов ги завршил студиите на Софискиот универзитет, а потоа специјализирал во Швајцарија. Во 1908 година бил назначен за дополнителен член на Задгранично преставништво на Македонската револуционерна организацијата, каде што повторно се обидува да го зачува единството на организацијата.

Во текот на Балканските војни доаѓа во Македонија како војвода на чета дејствувал во Костурско, заедно со четите на Васил Чакаларов и Иван Попов. По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна на страната на Централните сили Христо Сиљанов бил затворен во Варна како русофил по избувнувањето на аферата Прудкин.

Всушност Антон Прудкин, кој е симпатизер на македонското и ерменското ослободително движење бил обвинет за воена шпиунажа во полза на Русија. Исто така, групата во која покрај Прудкин, се наоѓаат Христо Сиљанов, Александар Сахаров, Коста Списаревски и Владимир Цветков била обвинета дека предавала информации за Централните сили на руското разузнавање, а постоеле и сомнежи дека тие планирале да потопат два турски брода. Поради своите постапки, голем дел од групата се осудени на доживотен затвор.

По Првата светска војна Христо Сиљанов бил ослободен од затвор и живеел во Софија. Таму развил интензивна новинарска и публицистичка активност. Тој го основа и издава списанието „Сила“ , кое го уредувал заедно со Коста Списаревски и Коста Тодоров. Во 1923 година, тој е еден од основачите на Македонскиот научен институт, а бил и негов потпреседател. Соработувал со голем број списанија, а во периодот 1931?1932 бил претседател на Друштвото на новинарите.

Неговите најзначајни дела биле посветени на македонското револуционерно движење. Како учесник во револуционерните борби во Македонија и Одринско, своите доживувања ги опишува во неколку книги спомени, а како поет му посветува песни на Гоце Делчев.

На барање на Илинденската организација тој напишал цела студија за македонското ослободително дело. Во 1933 година, во издание на Илинденската организација, во Софија е објавен првиот том од неговата двотомна студија „Ослободителните борби на Македонија. Илинденското востание“. Вториот том е објавен десет години подоцна или четири години по неговата смрт. Вториот том „Ослободителните борби на Македонија“ со поднаслов „По Илинденското востание“ е објавен во 1943 година во Софија.

Христо Сиљанов за кого се смета дека бил масон умира на 26 септември 1939 год. во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.