Среда, 24 Јуни 2015    PDF Печати Е-пошта
Револуционерот од Песочница Христо Волканов (1874 – 1905)

hristo-volkanov

Нема македонско село од Егејска Македонија во кое живееле и живеат Македонци, а да не се родил некој револуционер, родолуб или патриот кој својот живот го дал за македонската кауза, за создавање на Македонската држава. Овој непобитен факт се однесува на сите околии: Костурската, Леринската, Воденската, Ениџевардарската, Мегленската, Кожанската, Берската, Негушката, Кукушката, Гуменџиската, Солунската и Лагадинската.

Христо Стојанов Волканов роден е на 9 март 1874 година во македонското село Песочница (Песочник) кое е распространето во Леринската околија. Подоцна Грците го преименуваат под името Амохори.  Х. Волканов основно образование учел во родното село и во Лерин. Училишното образование го продолжил во Солун на Солунската машка егзархиска гимназија и успешно ја завршува во 1897 година. Образованието го продолжува во Софија на Софискиот универзитет, отсек Физика-математика, дипломирал во 1901 година. И во Солун и Софија се движи во напредните и прогресивни кругови на Мекедонците. Во тие дружби се разменуваа мислења за тешкиот живот во Македонија, кое нешто придонесе кај него да се вгради патриотскиот дух. Во почетокот работи како учител во родното село и Лерин, подоцна учителствува во Сер. Во овој период се покрстува во ТМОРО и од 1902 – 1903 година бил член на Серскиот окружен револуционерен комитет. 1

За време на Илинденското востание револуционерно е активен во Леринско. По востанието работи како учител во Битола, во битолската егзархиска гимназија.

Своите ученици ги запознавал со природните законитости на физиката и математиката, но истовремено му го вградувал во нивната психа и патриотскиот дух.

Општо е познато дека по Илинденското востание во Битола и Битолско омразата помеѓу Македонците и подржувачите на соседните пропаганди била голема. Непријателите на Македонија и македонската кауза запознаети се со патриотската определеност на Христо Волканов. Особено во неговото делување непријател гледала грчката пропаганда преку граѓаните Грци и гркоманите. Тие упорно работеле на негово што побрзо егзекутирање. Тоа се случи на 21 октомври 1905 година кога грчки терорист, подло од зад грб го егзекутира кога излегуваше од својата куќа пред влезната врата. Овој настан силно ја потресе Битола.

hristo-volkanov-2
Голем број битолчани беа присутни на погребот на Христо Волканов

Меѓутоа, ВМРО немаше да биде тоа што беше ако не држеше до своите строги принципи вградени во заклетвата дадена за зачленување во ТМОРО. За вакви случаеви, казната беше неминовна и сурова, а грешниците порано или подоцна, секогаш ги стигнуваше заслужената казна.

Така, највисоките структури на Битолскиот револуционерен округ, Битолскиот окружен комитет и Битолскиот месен комитет се состанаа и виновниците ги најдоа во експонираните членови на грчката пропаганда.

Одлучено беше: неопходно е овие клети непријатели на каузата наречена МАКЕДОНИЈА да разберат дека  „РАКАТА НА НАРОДНАТА ОДМАЗДА КАЗНУВА БРЗО “.2   Набргу потоа членови на терористичката група на Битолскиот месен комитет на ВМОРО ги егзекутира Тирче Танти и Михаил Папајани.3

Фамилија Светиев

Во Битола и Битолско живееле многу фамилии кои дале потомци кој оставиле длабок белег во Битола, Македонија и пошироко.

Христо Волканов бил во брак со Ангелина со која имал еден син кој исто така се викал Христо. По смрта на Христо Волканов, неговата сопруга одреден период била вдовица. Подоцна, Ангелина се мажи за познатиот трговец од Битола Тодор Светиев, кој бил исто така, вдовец (неговата жена умрела на пороѓај).

Синот на Ангелина и Христо Волканов, Христо не го памети својот татко, бидејќи тој се родил непосредно по неговата смрт. Тој ликот на својот татко го познавал само од фотографија. Кога Христо станал полнолетен кон татковото презиме Волканов го додава и презимето Светиев. Од разговор што го водев со постари Битолчани утврдив дека фамилијата Светиев е една од најпознатите, угледни, афторитетни и патриотски фамилии од Битола.

Таа дала многу видни и угледни граѓани како: Христо Христов Светиев кој бил член на Македеонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО), градоначалник на Битола и директор на Југохром-Јегуновце и Техногас, адвокатот Стефан Светиев и доктор Борис Светиев членови на ВМРО, Методија Светиев наставник по виолина кој поради патриотска определеност е осуден и затворен во Идризово, Александар Светиев најпрогресивен интелектуалец од Битола и учесник во Втората светска војна, инвалид кој едната нога ја изгуби во војната, подоцна поради политичка неистомисленост „партиски“ осуден и испратен казната да ја издржува во злогласниот комунистички затвор на Голи Оток,  Димитар Светиев (брат на Александар) најпознат абаџија во Битола и попшироко, Христо Светиев професор по Руски јазик во битолската гимназија, Владимир Светиев познат македонски актер, Тодор Светиев еден од најпознатите македонски пијанисти и др.

На крајот ќе забележам само едно, на македонските патриоти како Христо Волканов и нему слични, се восхитувам, вечна му слава и нека почиваат во мир!

___________________________________________

1- Илустрација-Илинден, бр.139, 2.

2-Спомени на Дамјан Груев, стр.20 (паролата е земена од спомените на корифејот Д.Г. која подоцна ќе биди заменета  со „РАКАТА НА ВМРО Е ДОЛГА“).

3-Николов Борис И, ВМОРО, Војводи и раководители (1893-1934), Софија, 2001, 28.  

gorgi-cekutkov
Ѓорги Чекутков-историчар

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.