Среда, 01 Јули 2015    PDF Печати Е-пошта
Сава Михајлов - Савата

SavaMihajlov

Сава Михајлов - Савата (25. XII 1877 – 1. III 1905) е македонски револуционер, гевгелиски војвода и учител. Многу рано влегува во револуционерните води и учествува во сите важни случувања за македонското ослободително дело. Како учител и револуционер дејствувал во с. Ракита, Неготино, Гевгелија и Горна Џумаја. Учествувал во аферата Мис Стон, се борел против врховизмот, бил учесник на Софиското советување на МРО и Илинденското востание во 1903 година. Тој е тврдокорен македонски револуционер, кој во 1905 година, во борба со османлиската војска кај с. Смол, Гевгелиско, за да не падне жив во нивни раце, испил отров.

Сава Михајлов е роден на 25 декември 1877 година во селото Мачуково (денес Евзони), Гевгелиско, Егејскиот дел на Македонија. Со основно образование се стекнува во родното село, а од 1889 до 1892 година учи класно училиште во Цариград. Образованието го продолжува во Солунската гимназија, која ја завршува во 1895 година. Истата година, станува член на ТМОРО.

Во учебната 1895/1896 година бил назначен за учител во Кавадарци, потоа една година учителствува во село Ракита, Кајларско. Во 1897 година, кога се случува Виничката афера, учителствува во Неготино, а во 1898/1899 во Богданци, Гевгелиско. Наредната учебна 1899/1900 година учителствува во Гевгелија, а од 1900 до Коледе 1901 година во Горна Џумаја.

Во своите спомени за овој период Савов ќе вели: „Уште како ученик во Цариград кај мене се роди идејата за независност од Османлиите, но посуштински таа созреа во Солун, каде што имавме ученички кружок и дознавме дека нешто се работи. Знаевме дека Даме Груев, кој беше тогаш во Штип, работи нешто против Османлиите, но дека има некаква организација, не знаевме... Кога заминав во Кавадарци како учител, уште не бев посветен на делото... Од крајот на 1895 го дина станав член на Организацијата."

Откако бил посветен на делото, во сите места каде што учителствува, Сава Михајлов ја шири организациската мрежа. Во 1900 година по наредба на ЦК на МРО, тој работи како учител во Горна Џумаја и станува реонски раководител на Организацијата. Во 1901 година, следен од властите, тој станува илегален и влегува во четата на Јане Сандански и Христо Чернопеев, со која учествува во аферата Мис Стон. По добивањето на откупот, тој со Сандански и Крсте Асенов  се повлекува во Софија, каде останува до 24 јануари 1902 година.

Во март 1902 година, Сава Михајлов заедно со Сандански, заминува на Пирин, каде што остануваат до крајот на мај, кога повторно се враќа во Софија. Во овој период, тој дејствува во Горно Џумајско и учествува во конфликтот со Врховниот комитет. Во почетокот на 1903 година учествува на Софиското советување на МРО, а потоа заминува со Борис Сарафов преку Ќустендил и Кочанско, со чета од десет души во Гевгелиско и се вклучува во припремите за Илинденското востание.

Сава Михајлов како реонски началник во Гевгелиско активно учествува во Илинденското востание, извршувајќи повеќе вооружени акции заедно со четата на Аргир Манасиев и Иванчо Карасулијата. На почетокот на Востанието, заедно со Аргир Манасиев организираат диверзија на железничкиот мост на Вардар кај Гевгелија, потоа кон крајот на август двете чети водат борба кај Клисура, а на почетокот на есента четата на Сава Михајлов  и Кукушката чета води борба кај Башбунар на Пајак Планина.

По Илинденското востание, Сава Михајлов се префрлил во Бугарија. Во 1904 година, тој на Љубомир Милетич му ги пренесува спомените од својата револуционерна дејност. Во овој период Сава дејствувал во Бугарија и Србија, а најмногу во својот роден крај.

Во текот на февруари 1905 година со четата на Апостол војвода навлегува во Гевгелиско. Четата била забележана од овчари арнаути, кои ги известиле турските власти. На март 1905 година, Сава Михајлов - Савата го имал последниот судир со османлиската војска. Турската војска и башибозукот ја опколила четата крај гевгелиското село Смол (денес Микро Дасос), на височината Голема Рудина. Во првите утрински часови борбата се водела само со аскерот од Гевгелија и од Дојран и со башибозуците од гевгелиските села. По извесно време во престрелката се вклучила и војска од Солун.

Во нерамноправна борба која траела околу 12 часа, од 42-ца македонски револуционери се спасиле само ранетиот во пета Апостол војвода и еден револуционер. По херојскиот отпор, 28 годишниот Сава останал на бојното поле. Откако видел дека тешко ќе се извлече од обрачот и дека нема повеќе муниција, за да не падне жив во рацете на Османлиската власт, тој испил отров. Дека се отрул укажува белешката која била напишана лично од него на мало ливче, а која по битката ја пронашле  османлиските офицери. Потврда за ова е сведочењето на селаните од Мачуково, кои при погребот на убиените, на телото на војводата не забележале рани од куршум. Сава Михајлов лежел мртов  со пена на устата. Радосни што го нема повеќе познатиот војвода Сава Михајлов – Савата, турската влада ги наградува своите војници со чинови и пари.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.