Среда, 22 Јули 2015    PDF Печати Е-пошта
Матеј Геров

“не сум ни Србин, ни Бугарин, туку Македонец“

Matey GerovМатеј Геров (14. XI 1871 - 20. VIII 1918) е македонски деец, член на Женевската група (Македонскиот таен револуционерен комитет) и Македонската револуционерна организација (МРО). Во 1903 година се пријавил да ги продолжи правните студии во Белград. Како член на МРО од крилото на „сарафистите“, тој бил задолжен во српската престолнина да го припреми пречекот на Борис Сарафов и разговорите со српските државници и новинари. Во овој период тој ќе изјави “не сум ни Србин, ни Бугарин, туку Македонец“.

Матеј Геров е роден на 14 октомври 1871 година во Тетово. Студирал во Швајцарија, каде публикувал статии во бернскиот весник „Бунд“. Во 1895 година за време на Мелничкото востание на Македонскиот комитет во Лондон имал средба со Вилијам Гледстоун.

Во текот на 1896 година Геров се населува во Стара Загора, а во 1899 година тој е сопственик и уредник на градскиот неделен весник „Одбрана“,  кој во пракса е орган на старозагорската митрополија и митрополитот Методиј Кусев, инаку роден во Прилеп. Во весникот пишува под псевдоним јеромонах Урош и претседателствува со местното македонско друштво. Тој пишува и ги уредува весниците “Реформи“, “Вечерна пошта“,  “Народни права“ и др.

Од 1899 година студира на Правниот факултет на Софискиот универзитет, а на 27 септември 1903 година Матеј Геров го запишува последниот семестар на Правниот факултет на Универзитетот во Белград. Тој ја поддржува програмата на Македонскиот клуб и на весникот “Балкански гласник“. Во овој период тој за печатот ќе изјави “не сум ни Србин, ни Бугарин, туку Македонец“.

Во овој период Србите земаат пријателски курс према македонските востаници и ја поткрепуваа нивната борба. Во оваа политика најмногу се истакнуваше Светислав (Света) Симиќ, тогаш началник на пропагандата при министерството за просвета на Србија (Во периодот 1904/1905 година бил српски дипломатски агент и генерален конзул на Србија во Софија). Како член на Македонската револуционерна организација од крилото на сарафистите, Матеј Геров бил задолжен во српската престолнина да го припреми пречекот на Борис Сарафов и разговорите со српските државници и новинари во ноември 1903 година. Тој игра улога на посредник меѓу Борис Сарафов и Света Симиќ.

Матеј Геров успева за делото да добие поголема сума од српската каса, но по промената на политиката кон македонското дело, раководителите на српската организација го набедуваат дека се обидува да ги измами. Меѓу другото, тој бил обвинет за фалсификување на два доктората, по медицина и право.  Во 1904 година тие се обидуваат да го уапсат, но тој успева да се спаси. Геров пребегнува во Земун, кој е на Австриска територија, а другиот член на неговата мисија Григор Соколов, кој на барање на Сарафов има пристап до курирската служба на Организацијата, преминува на српска страна и потоа станува еден од главните војводи на српската пропаганда во Македонија.

На дадените замерки за мисијата во Белград, Борис Сарафов ќе одговори дека „Додека Македонија не го помине мостот на слободата, ќе го искористи и пријателството на ѓаволот“.

Во текот на 1907 година Матеј геров работи како уредник во вестникот „Балканска трибина“. Истата година бил уапсен под сомнение дека бил соучесник во убиството на бугарскиот премиер Димитар Петков, но подоцна бил ослободен. Наредната 1908 година, по Младотурската револуција учествува во формирањето на Сојузот на бугарските конституциони клубови. по што како новинар се става во служба на бугарската политика во Македонија. Сепак, до крајот на својот живот работи на ослободување на својата земја.

За време на Првата балканска војна во 1912 година, Матеј Геров е доброволец во Македонско-одринското ополчение. Аѓутант е на 14-тата Воденска дружина. Носител е на орден „За храброст“  IV степен и сребрен крст „Свети Александар“. По Втората балканска војна бил испратен да лобира во Франција, но неговата мисија била неуспешна.

Матеј Геров бил и политички уредник на весникот “Волја“, на Симеон Радев, но го напушта во 1914 година по скандалот со д-р Никола Генадиев. Потоа заминува за Цариград, каде со Наум Туфекчиев се зафаќа со трговија со оружје и се збогатува.

Во текот на својот живот Матеја Геров бил близок пријател на Никола Бунев, татко на Мара Бунева и градоначалник на Тетово за време на Првата светска војна.

Матеја Геров умира на 20 август 1918 година во Софија, прегазен од автомобил. Од неговиот бурен живот кој го посвети на ослободување на Македонија ќе остане запаметена неговата изјава за печатот во која вели “не сум ни Србин, ни Бугарин, туку Македонец“.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.