Среда, 05 Август 2015    PDF Печати Е-пошта
Парашкев Цветков

Cvetkov

Парашкев Цветков (20. V 1875 – 8. V 1903) е гимназиски професор по музика и војвода на ТМОРО. Предавал музика во Пловдив, а потоа во гимназија во Битола, каде станал член на ТМОРО. Другарува со рускиот конзул А.А. Ростковски во Битола и служи како врска меѓу конзулот и Битолскиот окружен комитет на Организацијата. Бил еден од секретарите на Смилевскиот конгрес на Битолскиот раволуционерен округ и загинал во битката со турската војска. Познат под псевдонимот Пролетин, тој беше е еден од најдоследните револуционери посветени на македонското револуционерно ослободително движење.

Парашкев (Параскев) Тодоракев Цветков е роден на 20 мај 1875 година во Плевен. Се образува во родното место, каде учи до третииот клас, а потоа во Софија. Пред да продолжи со високото образование, до 1897 година работи како учител, а потоа заминува во Прага каде учи филозофија, а подоцна оди во Дрезден каде завршува конзерваторум со одличен успех.

По дипломирањето се враќа во родното место и работи како учител по музика во гимназијата во Плевен. Се вклучува активно во општествениот живот во градот и диригира со хорот и жичан оркестар, а го редактира и списанието „Нова струја“

Меѓутоа, неговата активност која била исполнета со прогресивни и демократски идеи, му носи забрана да учителствува. Разочаран од односот во Бугарија, во 1902 година, Цветков заминува во Македонија. Во Битола бил назначен за професор во Битолската гимназија. Набргу влегува во Македонската револуционерна организација и истата година станува реонски војвода на Организацијата. Тој во својство на инструктор по воена обука раководел со четите кој биле под надлежност на Вториот револуционерен округ.

Освен што предава музика во Битолската гимназија, Парашкев Цветков станал и домашен учител на децата на битолскиот руски конзул А. А. Ростковски. Тој се зближува со рускиот конзул и нивното другарување го користи за врска меѓу Ростоковски и Битолскиот окружен комитет на Македонската револуционерна организација.

Како делегат на битолскиот реон, Парашкев Цветков на почетокот на мај учествува заедно со Георги Сугарев и Никола Русински на Смилевскиот конгрес, каде бил избран за еден од секретарите. По предлог на Борис Сарафов, за претседател бил избран Даме Груев, а за секретари биле посочени и прифатени Георги Поп Христов и Парашкев Цветков.

На конгресот била донесена одлука Битолскиот револуционерен округ да се подели на десет револуционерни реони, а за секој реон било избрано Горско начелство. Парашкев Цветков бил назначен за член на Горското началство на Смилевскиот реон.

Во предвечерието на Илинденското востание, Парашкев Цветков раководел со една од револуционерните чети во која беа дедо Андреј Петров и Димитар Филдишев од Охрид, секретар на четата. Четата заминала во Битолско за да се подготви за престојното востание.

На 20 мај 1903 година, четата од 20 души предводени од војводата Цветков пристигнала во битолското село Могила. Четета била предадена и во утринските часови на 21 мај (ст.ст. 8 мај) била опколена од 300 турски војници. По 36 часовна неравноправна борба, Парашкев Цветков бил тешко ранет и за да не биде заробен се самоубива. Покрај него во борбата со турскиот аскер биле убиени дедо Андреј Петров, Димитар Филдишев, Кочо Песнаџиев и уште 8 востаници, додека другите се спасуваат. Турските загуби биле 80 војници.

Подоцна Ѓорѓи Сугарев го убива својот роднина Ристе од село Секирани, за кого се сметало дека ја предал четата на Параскав Цветков.

Македонскиот народ не го заборавил војводата Парашкев Цветков, кој својот живот го положил за братство и слобода на Македонците. Певецот ќе ја отпее една од најубавите македонски патриотски песни за Цветко војвода, која и денес се пее по битолските села.

http://mn.mk/pesni-za-makedonija/10800-Pesnata-za-vojvodata-Paraskev-Cvetkov

Неговото име не е заборавено ни во неговото родно место, каде што се организираат годишнини на кои се положуваат венци на споменикот на паднатиот херој и свечен концерт на хорот за македонски песни во градот.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.