Среда, 26 Август 2015    PDF Печати Е-пошта
Јосиф Ковачев

Yosif Kovachev Shtip

Јосиф Ковачев (14. I 1839 – 31. X 1898) е македонски педагог и просветител од втората половина на XIX век. Тој го основал првото Педагошко-богословско училиште во Македонија. Прв во македонските училишта го вовел и го распространил звучниот (гласовниот) метод во букварската настава, со што значително го олеснил процесот на почетното читање и пишување кај децата. Внимание посветувал и на народното просветување, односно на образованието на возрасните. Во својата „Школска педагогија“ и во студијата “Врз организацијата на народните школи“ го истакнал значењето и улогата на гимнастиката и детските игри.

Јосиф Антонов Ковачев е роден на 14 јануари 1839 година во Штип, во свештеничко семејство.

Тој е постар брат на македонскиот револуционер Михаил Ковачев. Своето образование Јосиф го започнал во ќелијно училиште во Штип. Прво учи кај својот татко Антон, а по реформите во образовниот систем образованието го продолжува во “заемното“ училиште кај учителот Павел Грозданов, каде се учело по ланкестерска метода, а кое го завршил во 1844 година. Како еден од најдобрите ученици, тој му станал помошник на Грозданов, кај кого се стекнал со педагошка пракса која подоцна ќе му помогне во учителската дејност.

Меѓу 1855 и 1859 година, Јосиф работи како учител во Гнилаље на Косово. Во овој период под влијание на Димитар Миладинов се занимавал со собирање народни умотворби, а бил забележан и како црковен певец. По добивањето на стипендија, тој учи на Духовната семинарија во Белград од 1860 до 1863 година. Меѓутоа, тој не се задоволил само со завршување на богословското училиште и по добивање на нова стипендија заминал на студии на Духовната академија во Киев.

Од 1864 до 1868 година, за време на четиригодишното студирање, покрај Богословскиот факултет, Јосиф студирал и завршил педагогија со психологија. Тој се запознал со делата на најголемите руски психолози, при што особено голем интерес пројавил за работата на основните училишта, каде што секористела т.н. „звучна метода“. Особено кај Ковачев влијаела идејата за поделба на учениците по возраст и во посебни оделенија.

По завршувањето на духовната академија во Киев, Ковачев прво учителствува во Габрово. Од тамму бил интерниран во родниот град по наредба на Митхад паша. Во учебната 1868/1869 година, на покана од црковно училишната општина во штипско Ново Село бил назначен за учител во новоселското „заемно“ училиште. По кратко време, во 1869 година во Штип го основал првото Педагошко-богословско училиште во Македонија. Формираал посебана институција за подготовка на учители со два класа, каде го вовел класниот и предметниот систем на настава, вклучувајќи ги и световните предмети покрај богословските. Всушност тоа е првата учителска школа во Македонија, преку која оспособил неколку генерации учители во духот на модерните педагошки барања.

Во својот роден град, Јосиф Ковачев ја започнува својата реформаторска културно-просветна дејност . Истовремено тој работи со децата, младите и возрасните. Тука ги правел и реализирал своите педагошки проекти. Во своето училиште предавал на мајчин македонски народен јазик, на штипско говорно јазично лексичко наречје. Со својата дејност училиштето се прочуло надалеку, а наставата ја следеле слушатели и од околните градови: Велес, Кавадарци, Прилеп, Скопје и др. Во 1871 година од неговото училиште ќе излезе првата генерација на македонски народни учители кои ја ширеле просветата и школството низ Македонија и пошироко.

На 30 – годишна возраст Јосиф ја напишал и ја подготвил за печат „Школска педагогија“, кој е прв учебник по педагогија во Македонија од македонски автор-педагог. Тој го подготвил за печат и букварот што го изработил по т.н. „звучна метода“, како упатство за учителите, со цел да ја прошири педагошко-дидактичката и методичката култура кај своите ученици во Педагошко-богословското училиште, а и кај учителите. Во 1873 излегла од печат неговата „Школска педагогија“, а во 1874 и 1879 година (второ издание) бил отпечатен и неговиот буквар изработен според гласовната аналитичко-синтетичка или звучна метода, а и методичко раководство за учителите. Со тоа тој станал познат како плоден педагошки писател и способен учител за успешно изведување на наставата по методиките на одделни наставни предмети

На покана на Прилепската црковно-училишна општина, Јосиф Ковачев на 18 јули 1874 година станал учител на 4-годишното педагошко-богословско училиште во Прилеп, каде што останал до 1877 година. Всушност, тој ја отворил втората учителска школа во Македонија. Јосиф извршил нова организациска поставеност на училиштето. Вовел нов план и нови наставни програми, нови учебници и наставни средства и учебни помагала, како и преструктурирање со модерна и иновативна настава. Во прилепското 4-годишно богословско, класно, училиште се изучувале следниве наставни предмети: Аритметика, Геометрија, Мајчин јазик, Граматика, Историја, Физика, Географија, Турски и Грчки јазик, Методика на оделенска настава, Црковна историја, Псалтирот, Катихизис и др.Црковното пеење го предавал според руската (киевската) црковна традиција, а бил основан и црковниот хор составен од учениците кои вежбале редовно во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп.

Во 1877 година, за време на руско-турската војна, Јосиф Ковачев бил принуден да емигрира во Бугарија, каде ги поминал последните две децении од својот живот. Во текот на овие две децении тој заземал значајни функции во младата бугарска држава. Во 1888 година, на новоотворената Виша школа во Софија тој бил назначен за професор по неколку педагошки предмети (Педагогија, Историја на педагогијата, Педагошка психологија).

Никогаш не се вратил во својата земја. Починал на 31 октомври 1898 година во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.